Ин Мемориам: Почина актерот Славиша Кајевски (1982 – 2021)

Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. 

Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.

Не остави збунети, во болка и во неверување! Не остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената.

Комеморацијата е утре во МНТ, петок, 03.12.2021 година во 10:00 часот, а погребот е во 12:00 часот, во капелата Ѓорче Петров.

Фото: 8.000 долари за старо Југо

Дали овој модел станува олдтајмер чија цена ќе расте?

Шеги на сметка на Југо и неговата легендарна завршна обработка во САД од 1985 година, кога слета на американскиот континент.

Автомобилот чинел само 3.995 долари и многу брзо станува култно возило, не поради преголемиот квалитет, туку поради низата проблеми и скромните безбедносни карактеристики.

Интересно е што возилото со кое речиси сите се шегуваа сега ја доживува втората младост, односно се чини дека цените на овој, сега веќе олдтајмер, се зголемуваат.

Според огласот, овој преживеан Југо „GVL“ од 1988 година го поминал речиси целиот свој работен век во Калифорнија и е во одлична состојба. Има и стандарден 1,1-литарски четирицилиндричен мотор со 55 КС и 77 Nm вртежен момент.

Менувачот е мануелен, со четири брзини, а автомобилот поминал само 69.000 километри.

Внатрешноста исто така изгледа пристојно, а има само неколку мали оштетувања на надворешноста.

Продавачот на ова Југо бара 8.000 долари за автомобилот, што изгледа е знак дека овој модел (барем во САД) полека добива на вредност.

Дали продавачот навистина ќе добие толку многу? Засега никој не знае, но цената може да биде показател дека Југото доживува втора американска младост.

Каевски: Реализираме стратешка цел, во ЕУ влегуваме како Македонци со заштитен македонски јазик

За само пет години СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата.

Преку одговорен, државнички пристап успеавме да ги тргнеме сите пречки и С.Македонија да стане 30та членка на НАТО.

По 17 години кандидатски статус конечно и сосема заслужено, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија.

Сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет.

Во ЕУ влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скриниг.

Сега откако прашината од хистеријата падна, јасно се гледа дека пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет.

Нема никаква асимилација и бугаризација со кои ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста.

Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини и да измислуваат конструкции.

И денеска ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за некакви нови договори, за некакви нови услови со кои се обидува да ја вознемирува јавноста.

Многу брзо ќе се покаже дека и оваа лага на ВМРО-ДПМНЕ ќе пукне како меур од сапуница.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да лаже кога станува збор за државните и националните интереси.

Оваа партија предводена од Мицкоски има проблем секогаш кога државата бележи напредок во евроинтеграциите.

За разлика од таквото нивно однесување, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

СДСМ

Скопските улици „Товарник“ и „Среќко Пужалка“ денеска без вода

Без вода денеска од 13:20 часот се корисниците од улиците „Товарник“ и „Среќко Пужалка“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-110 на ул.„Товарник“ бр.1.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

притисни ентер