Има песна од која секоја година заработува милиони, ја пее веќе 30 години! - Канал 5

Има песна од која секоја година заработува милиони, ја пее веќе 30 години!

Поради песната се капе во злато, а никогаш не изгледала полошо...

Има песна од која секоја година заработува милиони, ја пее веќе 30 години!

Пејачката не се откажува од промовирањето на истата нумера што ја пее веќе 30 години.

Мараја Кери (55), позната како „Кралицата на Божиќ“, повторно го привлече вниманието со неодамнешниот настап во Лос Анџелес. Пејачката за време на настапот дури им помогна на вработените да ја избришат сцената, со што предизвика дополнителни симпатии кај публиката, но не и кај другите обожаватели кои оваа објава ја виделе на социјалните мрежи. Исто така, нејзиниот изглед предизвика лавина негативни коментари.

Таа настапи во краток црвен седефест фустан со долги ракави и длабоко деколте кое ги истакнуваше нејзините бујни гради. Фустанот ја најавуваше претстојната божиќна еуфорија, по неговата должина имаше украс од сребрени снегулки. Сепак, нејзината трансформација беше очигледна. Никој не можеше а да не го забележи нејзиниот видно тесен струк и изразените колкови, и истакнатиот заоблен задник, па многумина забележаа дека сега потсетува на Ким Кардашијан. Превисоките црвени сандали со огромни платформи уште повеќе и го отежнуваа одењето, а тоа беше првото нешто што на сите им падна в очи.

Видеото од настапот набргу ги преплави социјалните мрежи, а коментарите само се нижеа.

- Оди како да има запек и е уморна. Жено, фрли ги тие штикли!

- Толку е досадно кога ќе ја натераат публиката да пее... никој не сака да плати толку пари за да слуша куп луѓе кои се обидуваат да пеат!

- Изгледа и звучи како да не сака да биде таму.

- Изгледа како да ѝ поминало времето за спиење!

- Изведба без енергија. Извинете, повеќе би сакал да ги слушам нејзините снимки.

- Жено, пензионирај се веќе еднаш!

- Зошто ли уште пееш, кога не ти е до пеење!

- Оди како старица, со свиткани раменици напред, без волја за живот!

- Кој и да и бил стилист за овој нејзин изглед, не си ја завршил работата. Тие чевли, тие чорапи и тој фустан, треба да се фрлат!

- Повторно пие?

Потсетуваме, Мараја навистина одамна можеше да се пензионира благодарение на нејзината божиќна химна „All I Want for Christmas is You“. Оваа песна стана симбол на празничната сезона ширум светот. Од објавувањето, во 1994 година, песната постојано се наоѓа на врвот на зимските топ листи, а во 2019 година конечно стигна до првото место на Билбордовата топ-листата, соборувајќи бројни рекорди. Само во 2017 година, на Мараја ѝ донесе 60 милиони долари, според податоците на компанијата RIAA.

- Јас бев таа што вложи сè во оваа песна, иако издавачката куќа не вложуваше многу. Знаев дека луѓето ширум светот ја сакаат оваа песна, па ја промовирав на секој можен начин - изјави пејачката своевремено.

Благодарение на овој светски хит, кој е продаден во над 50 милиони примероци, пејачката секоја година заработува огромна сума на пари. Секоја година, веќе од ноември, оваа песна се наоѓа на топ листите ширум светот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Има можност Македонија да издејствува патоказ како дел од групата најуспешни земји кандидатки по посетата на шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, оценуваат европските експерти.

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Сепак, според дел од нив, уставните измени и за тоа би останале клучни, иако според досега објавените неофицијални детали од новата стратегија за проширување на Унијата, таа содржи елементи кои одат во корист на Македонија.

Македонскиот предлог европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија може да се покаже како опасна авантура, предупредува Стојковски, додека пак според Кржаловски, таков формат може да биде пресликан и во Историската комисија.

Новата стратегија за проширување се очекува да биде објавена следната недела, додека пак патоказите би биле усвоени до крајот на оваа година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот

По недели застој нов обид да се одглави изборниот законик. Партиите денеска седнаа на консултативна средба кај министерот за правда Јетон Шасивари, но без претставник на СДСМ. 

Нова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот

Иако денешната средба не донесе договор Шасивари порача дека разликите не смеат да го блокираат унапредувањето на изборниот систем. И министерот и останатите претставници на партиите очекуваат на следната средба да се вклучи и најголемата опозициска партија, а Шасивари најави дека за ова ќе бара средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче.

-Идејата за денешната средба е да се даде втора шанса на работната група за измени во изборното законодавство. Целта на оваа средба е да ги сослушаме сите аспекти гронолошки на овој процес кој се одвиваше четири месеци и е дел на рефрмската агенда. Отсуството на СДСМ како релевантна политичка партија во нашиот партиски и политички систем е хендикеп за овој процес,- изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда .

ВМРО ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица, што е на иста линија со коалицискиот партнер ЗНАМ, но оставаат простор за договор по останатите прашања.

-По однос на предизборното финансирање ние сме спремни она што ќе го договорат ДУИ, СДСМ и Левица да го поддржиме како модел за користење на средствата за политичко рекламирање. Во однос на гласањето на дијаспората сметаме дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на место. Треба да се олесни со посовремена методологија, без разлика дали ќе е електронско или по пошта,- изјави – Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ.

-Бевме минатиот пат на чекор со консензус да ја донесеме таа една изборна единица. Наш предлог беше со праг од 2 до 3 проценти но за жал еден од субјектите, но за жал еден од субјектите инсистираше на поголем број на изборни единици и кога немате консензус не го ставивме во промените на законското решение,- изјави – Весна Бендевска – ЗНАМ.

За опозициската ДУИ на повидок е широк консензус за Изборниот законик. Левица пак останува на забелешките за финансирањето на изборната кампања.

-Сме отворени за дијалог. Мислем дека бевме и сме многу блиску до еден широк консензус би рекол што е можност да се исполнат и препораките на ЕУ. За нас како ДУИ е прифатливо една изборна единица но за жал има различни предложи но за жал остана претходното решение,- изјави – Блерим Беџети – ДУИ.

-Двете главни работи за кои се залагаме се една изборна единица и фер распределба на средствата за кампањи. Ние бевме против онлајн гласање затоа што не е тоа пракса во Европа, го има во неколку држави во неколку дури е укинувано. Глањето по пошта е пракса некаде но е прашање колку кај нас е тоа возможно ако знаме Македонски пошти како функционираат,- изјави – Борислав Крмов - Левица.

Од СДСМ иако не присуствуваа на средбата преку соопштение реагираат дека тие нема да седнат на маса со, како што велат, криминалци и нивни измислени сателити нив, и нема да дозволат изборен грабеж. -Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба, велат од СДСМ.

Иако партиите останаа на разликите по некои од прашањата поврзани со Изборниот законик разговорите ќе продолжат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе им понуди на земјите-кандидатки за членство пристап до единствениот пазар

Европската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија.

ЕУ ќе им понуди на земјите-кандидатки за членство пристап до единствениот пазар

Европската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија чиишто нови детали ги објави Политико.

Реномираниот портал пишува дека на овие држави ќе им се понуди постепена интеграција во единствениот пазар, вклучително и непречена трговија корисна за бизнисите. И во денешниот обемен текст Политико ги посочува земјите кои наскоро ќе добијат т.е. патоказ за забрзување на евроинтеграциите.

На Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани да го забрзаат процесот на нивно пристапување во наредните години. За другите, како Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, процесот се одолговлекува, при што расте загриженоста дека тие би можеле да го загубат интересот или да гравитираат поблиску до Русија или Кина.

Премиерот Мицкоски кој вчера и на претходните написи на Политико изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ, денеска само повтори дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите вели се веќе познати и непроменети. За критиките од лидерот на СДСМ Филипче дека Владата нема намера да ги продолжи евроинтеграциите, премиерот изјави:

„ Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Шефицата на Европската Комисија денеска ја започна турнејата во Албанија, утре ќе биде во Косово и Црна Гора, а в петок доаѓа во Скопје на средби со премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер