ИК на ВМРО – ДПМНЕ утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори - Канал 5

ИК на ВМРО – ДПМНЕ утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

ИК на ВМРО – ДПМНЕ утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори

Би сакал да ве известам дека тука денес во Штип, ВМРО-ДПМНЕ одржа прво еден работен семинар со Фондацијата Конрад Аденауер и ПИАЦ ,,Љубиша Георгиевски“, кој што беше насочен за локалните избори и оние кандидати кои што веќе ги определивме учествуваа на истиот со цел да имаме заедничка обука, за извлекување на програмата во интерес на општините кои што тие ќе ги претставуваат.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ го одржа и ИК, вечерва во Штип и одлучивме да определивме уште 8 кандидати за градоначалници во 8 општини.

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет.

1. Македонски Брод - Жарко Ристески.

2. Могила - Драганчо Саботковски

3. Пробиштип - Тони Тоневски

4.Богданци - Марјан Пеев

5. Демир Капија - Наталија Димитриева

6. Росоман - Ѓорги Крстевски

7. Новаци - Стевче Стевановски

8. Дебарца - Златко Силјановски

Сметаме дека овие 8 кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности кои што својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини. На истите ќе им биде препорачано во следниов период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.

Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца. Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните.

Оние кои што се актуелни градоначалници сметаме дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба, а оние кои што добиваат шанса за прв пат, искуството кое што го имале претходно во своите општини и поддршката која што ќе ја имаат од своите колеги, и од нас како поголема политичка партија, цениме дека ќе им биде ветар во едра за спроведување на добра програма и реализација на добри проекти корисни за нивните општини, изјави Антонијо Милошоски.

YouTube video

Жељко Комшиќ од денеска нов претседавач со Претседателството на БиХ

Хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој е избран со гласовите на бошњачките избирачи, од денеска ја презема функцијата претседавач со Претседателството на БиХ.

Жељко Комшиќ од денеска нов претседавач со Претседателството на БиХ

Комшиќ на оваа позиција доаѓа по принципот на ротација, заменувајќи ја српската членка на Претседателството, Жељка Цвијановиќ.

Како што соопштија од Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе ја извршува функцијата претседавач во наредните осум месеци.

Изборот на Комшиќ и понатаму е причина за незадоволство кај Хрватите, еден од трите конститутивни народи во БиХ, кои бараат измена на Изборниот закон. Тие сметаат дека бошњачките гласачи го избираат нивниот претставник во Претседателството и затоа инсистираат на реформи. Сепак, измените досега не се реализирани, бидејќи, според критичарите, на Бошњаците им одговара сегашната состојба во која имаат две фигури во Претседателството што ги застапуваат нивните интереси.

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. 

Герасимовски: Повикот за музичката манифестација „Нешто што ќе остане” трае до утре, пријави се!

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што работат во полето на културата и кои имаат седиште во Општина Центар, да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Тој потенцира дека оваа музичка манифестација и годинава повторно ќе го размрда Паркот на франкофонијата со звуците на македонските изведувачи.

„Лани, ‘Нешто што ќе остане’ беше нашиот настан на годината. Заедно со скопјани уживавме во добра квалитетна музика, ги пеевме најпознатите македонски хитови. Културата е таа којашто не спојува, културата е душата на Центар, на Скопје. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на настанот и повторно да создадеме нешто што ќе остане, што ќе го паметиме и ќе бидеме горди“, вели Герасимовски.

Општина Центар бележи континуирано зголемување на буџетот за култура, кој од 4 милиони денари на почетокот на мандатот на градоначалникот Герасимовски, денес изнесува 13 милиони денари, што претставува трикратно зголемување.

Овој повик нуди можност за финансиска поддршка до 1.840.000 денари за организација на културниот настан, со цел поддршка на македонската музика, уметници и продукција. Пријавените треба да предложат целосна четиричасовна програма со реномирани македонски изведувачи и водител, како и целокупна логистика за реализација на настанот.

Рокот за пријавување трае до утре (четврток), односно 7 дена од денот на објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Центар: www.centar.gov.mk

Пријавите се доставуваат во архива (барака 6) или по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје

Сектор за јавни дејности / Одделение за култура

ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје

со назнака: „Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот ‘Нешто што ќе остане’“

Формуларот за пријава е достапен на веб-страницата на Општината: https://www.centar.gov.mk/?p=25930

Општина Центар

Иран заплени странски танкер за шверц на два милиони литри гориво

Иран заплени странски танкер во Оманскиот Залив за шверц на два милиони литри гориво, соопштија судските власти во иранската покраина Хормозган, цитирани од британските медиуми.

Иран заплени странски танкер за шверц на два милиони литри гориво

„За време на континуираниот процес на следење и контрола на сомнителни движења за шверц на гориво во Оманскиот Залив, службениците прегледаа странски танкер поради недостаток на соодветни документи за неговиот товар и го запленија под обвинение за транспорт на два милиони литри шверцувано гориво“, се наведува во соопштението на судските власти, цитирано од полуофицијалната иранска агенција Мехр.

Во соопштението се додава дека 17 членови на екипажот на танкерот се уапсени и дека е отворен случај.

Нема непосредни информации за името на танкерот или кое знаме го пловеше, забележувата британските медиуми.

Иран, каде што цените на горивата се меѓу најниските во светот поради дарежливите субвенции и остриот пад на вредноста на националната валута, се обидува да се справи со широко распространетиот шверц на гориво по копно до соседните земји и по море до арапските земји.

„Дејствата на шверцерите на гориво, кои во координација со странци се обидуваат да го ограбат националното богатство, нема да останат скриени од судството, а казните за сторителите, доколку се докажат нивните злосторства, ќе бидат немилосрдни“, се наведува во соопштението на судот.

притисни ентер