И по повеќе од месец нема ни трага, ни глас од 26-годишниот Самоил- бремената сопруга во очај - Канал 5

И по повеќе од месец нема ни трага, ни глас од 26-годишниот Самоил- бремената сопруга во очај

Мина повеќе од еден месец, а нема ни трага, ни глас од 26-годишниот Самоил, кој исчезна на трети март...

И по повеќе од месец нема ни трага, ни глас од 26-годишниот Самоил- бремената сопруга во очај

Мина повеќе од месец, но се уште нема ни трага ни глас од 26-годишниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Ниту паричната награда што неговото семејство ја понуди за информации не им донесе добра вест за Самоил. Неговата сопруга и татко му за Канал 5 раскажуваат оти надеж дека не му се случило најстрашното имаат, но незадоволни се од надлежните, чија истрага, како што велат, како да пропаѓа во жив песок. Сопругата на Самоил, кој е бремена, низ солзи раскажува дека се моли и посакува тој за Велигден да си дојде дома, жив и здрав, а нејзината тригодишна ќерка, на прозорец го чека татко ѝ секој ден.

„Само да го вратат, значи, побрзо да се врати дома. Што и да се случило, има решение за се. Малечката го бара секој ден, секој ден плаче...Јас на себе не можат да си објаснам дека го нема, или дека нешто се случило, а не на дете од три години да му објаснам. Значи, кои и да сте, да се врати здрав и жив, за се има решение, се може да се реши. И парична награда се нуди, само да дознаеме дека е жив. Месец дена живееме во агонија, ниту знаеме дека е жив, ниту пак имаме информации за него.“

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, кажа дека се сомнева оти некои од надлежните во институциите ги штитат виновниците, па додека, како што вели, истрагата е во „ќор-сокак“ бидејќи приведените се бранеле со молчење, неговиот друг син, сам се обидува да дознае што се случило со брат му. Според сознанијата на семејството, околу автомобилот со кој било извршено киднапирањето, што после три дена било запалено во атарот на селото Драчево, имало докази кои воделе до сторителите.

„Мојот син отиде кај тоа возило таму, кај Три круши во село Драчево, каде што е запалено. Таму, во моментот имаше најдено траги на друго возило. Додека едното горело. Тој што го возел „волвото“ не бил сам, позади него имало уште едно возило, што одело да го земе, да го врати назад од местото на сторување на делото. Имаше траги оставено, бидејќи предходниот ден врнеше дожд, па имаше траги на тоа возило кое се движело, што го земало.“

Нови детални информации, за да не се наштети на истрагата, не откриваат ниту од Обвинителството, ниту од МВР. Од Обвинителството за Канал 5 кажуваат дека интензивно се работи на пронаоѓање на лицето, а потоа и испитување на евентуална кривична одговорност.

„Од исчезнувањето на лицето до денес постојано се обезбедуваат докази и се вршат проверки и распити на лица кои со своите сознанија придонесуваат за расчистување на настанот. Врз основа на доказите обезбедени до овој момент, поведена е истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на грабнување на лицето. По предлог на надлежниот јавен обвинител на осомничените им е определена мерка притвор.“....велат од Обвинителството.

Засега не е познато дали приведените се единствените инволвирани во случајот со исчезнувањето на внукот на Љубе Бошкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ројтерс: „Три супертанкери со нафта поминаа низ Ормутскиот теснец“

Три супертанкери под саудиско знаме со шест милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормутскиот теснец неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Иран за прекин на нивната војна, објави Ројтерс.

Ројтерс: „Три супертанкери со нафта поминаа низ Ормутскиот теснец“

Три супертанкери под саудиско знаме со шест милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормутскиот теснец неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Иран за прекин на нивната војна, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци за следење на бродовите.

Се вели дека други танкери ги откриле своите позиции денес додека пловат низ теснецот, откако бродовите поминаа недели криејќи ги своите патувања при транзитирање низ водниот пат. Поаѓањата од саудиските пристаништа беа најголемите заминувања низ теснецот во последните недели, според анализата на Ројтерс за движењето на бродовите.

Саудиска Арабија најчесто го користела својот пристанишен терминал на Црвеното Море за испорака на нафта поради конфликтот што започна на 28 февруари и спречи стотици милиони барели нафта да ги напуштат пристаништата производители во Заливот преку Ормутскиот теснец.

Танкер под знамето на Хонг Конг, кој натоварил нафта од рафинеријата Рувајс во Абу Даби на почетокот на март и оттогаш останал во Заливот, денес поминал низ теснецот, покажаа податоците од LSEG, која ги следи движењата на бродовите. Танкер за течен природен гас, контролиран од „КатарЕнерџи“, исто така, денес го преминал теснецот, покажуваат податоците од LSEG и Kpler. Тој го натоварил товарот во Рас Лафан на 12 и 13 јуни и треба да го достави во Порт Касим, Пакистан на 18 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Од 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ги надмина рамките на класичен фестивалски настан и стана дел од културниот идентитет на градот.

“Некои градови имаат фестивал. Овој фестивал има град.” - истакнуваат организаторите преку своите социјални медиуми. И додаваат… Град како сцена. Улици како културна институција. Музика како причина луѓето да се сретнат. А 25 години фестивалска историја како приказна што ги поврзува различните генерации битолчани.

Годинашното издание ќе се реализира на повеќе локации низ градот, следејќи ја идејата по која фестивалот е препознатлив уште од своето основање културата да биде видлива, достапна и присутна во секојдневниот живот на градот. Целосната програма на јубилејното издание ќе биде претставена на официјална прес-конференција во пресрет на фестивалот. Сите настани се бесплатни и отворени за публика.

По 25 години, Битола Отворен Град продолжува да ја негува истата идеја со која започна отворен град, отворена култура и простор за нови генерации. Битола Отворен Град 2026 ќе се одржи од 24 до 27 јуни на повеќе сцени низ Битола.

Организатор на фестивалот е Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола) со поддршка на Општина Битола во рамките на Годишната програма за култура и од партнерите и поддржувачите од бизнис секторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска даде свечената изјава во Собранието со што и официјално стапува на должност во Антикорупциската комисија.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК.

Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека Ристовска не пријавила поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер