Шокантна сцена на улица- робот проси пари клекнат на колена (ВИДЕО) - Канал 5

Шокантна сцена на улица- робот проси пари клекнат на колена (ВИДЕО)

Во кинеската покраина Сечуан, минатата недела, беше снимена необична глетка - хуманоиден робот беше снимен како клекнува на улица и ги моли минувачите за пари.

Шокантна сцена на улица- робот проси пари клекнат на колена (ВИДЕО)

Гледаме „просјак со вештачка интелигенција“ со чинија, QR код и знак како бара пари од минувачите, и наводно рекол дека „нема пари да наплати“ и побарал помош поради „трошоци за електрична енергија“.

Идентификуван модел

Никој официјално не ја презеде одговорноста за овој необичен настап, а роботот е идентификуван како моделот Unitree G1, произведен од Unitree Robotics.

Овој настан доаѓа неколку месеци по уникатниот полумаратон во Пекинг, во кој учествуваа повеќе од 300 хуманоидни роботи, што дополнително го привлече вниманието на јавноста кон брзиот развој на технологијата во Кина.

Robots are already out on the streets asking for money in China.
by u/imfrom_mars_ in interesting

„Дури и ги заменува просјаците“

Видеото од „роботот просјак“ предизвика дискусии на Интернет за тоа дали станува збор за однапред планирана сатирична сцена, објавува Дејли Стар.

Критичарите велат дека видеото го истакнува јазот помеѓу високите очекувања за вештачка интелигенција и економските притисоци во реалниот свет. Еден минувач на шега коментираше: „Вештачката интелигенција дури и ги заменува просјаците“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Од 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ги надмина рамките на класичен фестивалски настан и стана дел од културниот идентитет на градот.

“Некои градови имаат фестивал. Овој фестивал има град.” - истакнуваат организаторите преку своите социјални медиуми. И додаваат… Град како сцена. Улици како културна институција. Музика како причина луѓето да се сретнат. А 25 години фестивалска историја како приказна што ги поврзува различните генерации битолчани.

Годинашното издание ќе се реализира на повеќе локации низ градот, следејќи ја идејата по која фестивалот е препознатлив уште од своето основање културата да биде видлива, достапна и присутна во секојдневниот живот на градот. Целосната програма на јубилејното издание ќе биде претставена на официјална прес-конференција во пресрет на фестивалот. Сите настани се бесплатни и отворени за публика.

По 25 години, Битола Отворен Град продолжува да ја негува истата идеја со која започна отворен град, отворена култура и простор за нови генерации. Битола Отворен Град 2026 ќе се одржи од 24 до 27 јуни на повеќе сцени низ Битола.

Организатор на фестивалот е Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола) со поддршка на Општина Битола во рамките на Годишната програма за култура и од партнерите и поддржувачите од бизнис секторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска даде свечената изјава во Собранието со што и официјално стапува на должност во Антикорупциската комисија.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК.

Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека Ристовска не пријавила поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер