Радев одбива средба со Мицкоски, смета дека немале што повеќе да си кажат - Канал 5

Радев одбива средба со Мицкоски, смета дека немале што повеќе да си кажат

Бугарскиот премиер Румен Радев препознава омекнување на позициите на дел од европските лидери за спорот со Македонија. 

Радев одбива средба со Мицкоски, смета дека немале што повеќе да си кажат

Бугарскиот премиер Румен Радев гледа омекнување на позициите на европските лидери во однос на Македонија. Според него редица европски лидери се колебаат околу преговарачката рамка, вметнувањето на бугарите во уставот и спроведувањето на втриот протокол од Договорот за добрососедство, па вели одново ќе мора да ги убедува дека Скопје мора да го исполни договореното со консензусот од 2022 година.

„Сега кога отидов на средба во Црна Гора видов видов сериозни отстапувања во позициите на тие лидери. Сега повторно треба да вложам максимални напори да ги убедам каде и како треба да се постави Европа како еден општ сојуз така што ќе ги заштитиме интересите и правата на сите граѓани во тој сојуз. Има колебање во позицијата на редица европски лидери во времето додека ме немаше во ЕУ за тие години. Некој не си ја завршил работата. И сега треба повторно да вложиме напори да ги убедиме лидерите дека консензусот постигнат во јули 2022 година треба да се почитува.“

Изјавата на Радев доаѓа ден откако во Европскиот парламент помина извештајот за напредокот на Македонија. Рече и дека не гледа простор за средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање во врска со палењето на двата дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопје откако претходно тврдеше дека македонското политичко раководство прави се што е можно да го одложи членството на земјава во ЕУ.

Инаку во финалниот текст на извештајот кој беше изгласан со 411 гласа, не помина обидот за целосно бришење на ставот 73 од текстот на резолуцијата, односно во финалната верзија останува Вториот протокол од Договорот со Бугарија, барањето историската комисија да постигне „јасни и опипливи резултати“. Oстануваат и деловите за спроведување на договорот со Бугарија, работата на историската комисија, како и потврдата дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Убиено е  26 годишно момче во Чаир , потврдија од Министертвото за внатрешни работи. 

Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале

Настанот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути во СВР Скопје во близина на раскрсница помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје. Пред излог на фирма стоеле 5 лица на возраст од 24 до 36 годишна возраст сите од Скопје, кога до нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил 26 годишниот А.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Непал денес одбележува ден на жалост во спомен на загинатите во поплавите од 26 август, при што владините канцеларии ги спуштаат знамињата, а членовите на семејствата ги завршуваат ритуалите за жалост.

Ден на жалост во Непал, потрагата по преживеаните продолжува

Денес е 13-тиот ден од поплавите во кои загинаа повеќе од 1.300 луѓе во Непал и Тибет, а околу 5.000 се водат како исчезнати, вклучувајќи странци, според агенцијата за управување со катастрофи на Непал, објавува Асошиејтед Прес.

Во Непал, каде што Хиндусите го сочинуваат мнозинството од населението, периодите на жалост траат 13 дена, во кои блиските членови на семејството остануваат дома, а роднините ги посетуваат за да им оддадат почит.

На последниот, или 13-ти, се одржуваат ритуали за молитва за душите на починатите.

Неколку лица чии членови на семејствата сè уште се водат како исчезнати одржаа симболични погреби со ритуали за жалост.

Владата претходно го прогласи понеделникот за ден на официјална жалост и сите канцеларии ќе ги спуштат знамињата на половина копје.

Во Катманду, членови на семејствата се собраа во близина на канцелариите на премиерот и клучните министерства за да побараат од владата да го забрза спасувањето на стотици луѓе кои работеле во хидроелектраните и биле однесени од реката Ботекоси или закопани под урнатините.

Потрагата сè уште е во тек

Потрагата по стотици луѓе кои сè уште се водат како исчезнати продолжува.

Спасувачите извлекоа еден Кинез од електраната во саботата, а двајца непалски работници беа спасени од електраната во петокот.

Спасувачките напори се повеќе се фокусираат на 12 хидроелектрани, каде што околу 900 работници се водат како исчезнати, а се верува дека околу 500 се заробени во различни тунели, соопштија властите.

Специјализирани спасувачки тимови од Индија, Кина, Јужна Кореја и САД пребаруваат низ урнатините, оштетените згради и тунелите, надевајќи се дека ќе пронајдат преживеани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер