ЖивотХуманост на дело: Сите соседи заедно спасуваат куче, заглавено на клима-уред (ВИДЕО)Видеото од кученце кое некако завршило врз клима, па соседите морале да го спасат стана хит на Твитер.На видеото од минута и пол, кое наводно е снимено во Истанбул, се гледа како луѓето ги здружуваат силите за кучето да дојде до прозорецот и неповредено да се врати во зградата. „Најдоброто од човештвото во тешка и необична ситуација“,напиша во објавата Вала Афшар, кој го сподели виралното видео. На почетокот на видеото може да се види куче кое се нашло во непријатна ситуација - седело на клима уред неколку метри над земјата. Преплашено лаело и мавтало со опашот, а зад него имало прозорец од кој најверојатно скокнал врз климата. Соседите го забележале палавото куче, па дошле до решение да го доведат до другиот најблизок прозорец, со оглед на тоа што станот зад него најверојатно бил празен. Низ другиот прозорец протнале даска и ја одвлекле до кучето, надевајќи се дека ќе се качи на неа и ќе премине кај нив. Цело време имало група луѓе кои стоеле под кучето и држеле чаршаф во случај кучето да се лизне и да падне. За среќа, кучето брзо сфатило што треба да направи, па полека ја даската на прозорецот до човекот, а тој го зел и го одвел во зградата. The best of humanity in a difficult and unusual situation pic.twitter.com/gKhQ6MwufP — Vala Afshar (@ValaAfshar) November 9, 2022 Корисниците на Твитер беа воодушевени. „Прекрасно, благодарам за ова видео“, напишала една личност. „На секоја заедница ѝ требаат вакви луѓе“, додаде друг. „Кога сите луѓе би си помагале како овие соседи на кучето“, коментирал трет корисник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМаж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременостДваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна. Парот пронајден ранет во спалната соба Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба. Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела. Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови. Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје. На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција. Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите. Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.Тагови: Косово сопруга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаСо едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на УкраинаСо оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта Речиси половина година полна со ветувања, но и натаму со празни чешми, жителите на гостиварското село Дебреше продолжуваат летните горештини да ги минуваат без капка вода во домовите. Конечно решеавање на овој децениски проблем им беше ветено најдоцна до 15ти јули, но велат состојбата не е мрдната од “мртва точка“ - и натаму надлежните само декларативно се залагаат, а во последниот период ги избегнуваат и нивните повици. Револтот велат кај жителите секојдневно расте, велат тие, па по неколкуте протести, од кои еден помина потензично, најавуваат блокада на главниот пат Гостивар – Охрид. -На новиот директор му се јавив, ми кажуваше „треба ова, треба она, запознаен сум“ – Му реков, во ред, убаво што сте запознаени, но дали имате нешто преземено. Тој вели треба рестрикција, јас му реков дај преземете, ништо од тоа. Повторно го барам прво ѕвонење – ѕвони и телефонот исклучува. Ако ништо не се преземе, ќе мора цело село да се организираме и да се блокираат патишта за да добиеме вода, ова веќе 5 месеци, капка, значи воопшто, капка не е падната од чешмите. Планираме да блокираме после патарина Гостивар и Здуњнска крстосница, тој пат да биде онеспособен тотално, целосно. Тоа е главниот пат кон Охрид. Да, да. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше. Во Гостивар за време на епидемијата се носеа полни цистерни со вода, а во Дебреше не е однесена ниту капка, половина година, вели Исајлоски, кој секојдневно со возилото оди во соседните села да наполни вода за семејството. Се жали, едноставно веќе е и физички исцрпен. -Секој ден одиме, колата ја искршив, по 200л вода ставам во кола, тоа е секој ден, треба да се полнат тие туби, да ги растовариш, да ги натовариш во автомобил, кога ќе дојдеш до село да ги истовариш. Тоа е секој ден значи и раце и коли и нозе, ова е невидено, пет месеци, пет, можеби и повеќе, капка вода од цевките нема потечено, многу се изреволтирани сите. Во Македонија има и села и населби, ние сме Македонија целосно, не се само градовите. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше. Дека во првите две недели од јули проблемот ќе биде трајно решен, градоначалникот на Гостивар Лимани тогаш уверуваше и во изјава за Канал 5. На минатиот протест, жителите на Дебреше пред општината симболично донесоа кофи да им бидат наополнети, а дојде и до турканица при што беше искршено стакло од зградата на општината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15