Хрватска воведува нови правила за странските работници, газдите со повеќе обврски - Канал 5

Хрватска воведува нови правила за странските работници, газдите со повеќе обврски

Денеска во Хрватската стопанска комора (ХСК) се одржа семинар за новите обврски на работодавачите при вработување странски работници.

Хрватска воведува нови правила за странските работници, газдите со повеќе обврски

Денеска во Хрватската стопанска комора (ХСК) се одржа семинар за новите обврски на работодавачите при вработување странски работници, на кој учествуваа околу 140 учесници од повеќе од 75 компании и институции, како и агенции за вработување, објави Индекс.

Новиот Правилник за престој на државјани на трети земји е во сила од април оваа година, а од јуни и измените на Законот за странци, кои носат голем број новини поврзани со издавање и продолжување на дозволи за престој и работа, промена на работодавач и занимање, истакнува ХСК.

Измените се однесуваат и на обврските на работодавачите поврзани со сместувањето на странските работници, електронската комуникација со институциите и постепената имплементација на мерките за интеграција, вклучително и обврската за познавање на хрватскиот јазик за одредени категории работници.

Интеграција на странски работници: Клучот за конкурентност

„ХГК ја поддржува понатамошната регулација на системот и преку соработка со надлежните институции и стручно оспособување, помага во олеснувањето на прилагодувањето кон новата законска рамка.

Нашата цел е да придонесеме за поголема правна сигурност и поефикасно работење на хрватските компании, како и за највисококвалитетна интеграција на странските работници, што е исклучително важно за нивно вклучување на пазарот на трудот“, изјави Јагода Дивиќ, директорка на Центарот за креативни индустрии, образование и иновативно претприемништво на ХГК.

Таа додаде дека само работниците кои го познаваат јазикот и го разбираат системот можат да станат стабилни и продуктивни вработени, а тоа придонесува за конкурентноста на економијата.

Сезонски дозволи: Продолжување на рокот на три години

Државниот секретар во Министерството за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, Иван Видиш, нагласи дека рокот за сезонски дозволи, кои можат да се доделат за период од три години, е продолжен, бидејќи целта е да се задржат квалитетни сезонски работници.

„Исто така, ново е што работодавачите ќе бидат на таканаречената црна листа една година во иднина, наместо претходните шест години. Во тој период, тие нема да можат да добијат дозволи за вработување странски работници, но наведената околност повеќе не е причина за откажување на веќе издадените дозволи“, рече Видиш.

Во првите пет месеци, повеќе од 80 илјади дозволи

Во првите пет месеци од оваа година, во Хрватска се издадени повеќе од 80.000 дозволи за престој и работа. Повеќето од нив се во туризмот и угостителството, градежништвото, индустријата, транспортот и трговијата, дејности кои долго време се соочуваат со хроничен недостиг на работна сила, според HGK.

Повеќе од 32 илјади дозволи се издадени за нови вработувања, а речиси ист број за продолжување на постојните дозволи, што покажува дека вработувањето на странски работници повеќе не е привремено решение, туку составен дел од деловно планирањето на голем број хрватски компании, додадоа тие во соопштението за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Во Маврово продолжуваат активностите од тридневниот семинар „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“

По вчерашното отворање на семинарот со поздравно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, кој говореше на тема „Лидерство, визија и одговорност“, денеска програмата продолжи со предавања посветени на стратешката и ефективната политичка комуникација.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата, Луке Галески, говореше на тема „Стратешка комуникација: од политички приоритети до јасни пораки“, при што се осврна на континуираната комуникациска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, нејзината конзистентност и начинот на кој политичките приоритети се преточуваат во јасни и разбирливи пораки за граѓаните.

Стратешкиот пристап во комуникацијата е еден од факторите што придонесуваат политиките и резултатите на Владата да допрат до граѓаните, а довербата што ја ужива ВМРО-ДПМНЕ е потврдена и низ најголем број од релевантните истражувања на јавното мислење. Силниот политички момент за ВМРО-ДПМНЕ е дополнителна потврда дека граѓаните препознаваат јасна политика, стабилно лидерство и доследност во исполнувањето на преземените обврски.

Свое излагање имаше и Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, на тема „Ефективна комуникација со јавноста во современото медиумско опкружување“. Таа се осврна на потребата политичката комуникација да не биде само пренесување на информации, туку вистинско поврзување на политиките со реалните потреби, проблеми и очекувања на граѓаните.

Галески и Митева потенцираа дека клучот на успешната политичка комуникација е граѓаните навремено и јасно да ја слушнат и разберат реалноста, резултатите, одлуките и конкретните политики кои влијаат врз нивниот секојдневен живот. Ова е особено важно во услови кога опозицијата континуирано се обидува преку манипулации, извртување на факти и креирање на лажни наративи да создаде искривена слика за состојбите во државата.

Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на комуникација која се темели на факти, резултати и одговорност. Политиката мора да биде разбирлива за граѓаните, а комуникацијата мора да биде во функција на нивното информирање, а не на нивно манипулирање.

Тридневниот семинар е насочен кон размена на знаења, искуства и идеи поврзани со современото лидерство, стратешката комуникација и доброто владеење, имајќи предвид дека успешните политики и подобрите решенија за граѓаните бараат и одговорно управување и способност тие политики јасно, навремено и ефективно да се комуницираат со јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со вложувањата во континуираното усовршување и надградување на своите членови и носители на јавна одговорност, затоа што силна политичка организација значи обединета, подготвена и компетентна структура која знае што сака да постигне, има јасна визија и знае како таа визија да ја преточи во резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади

Саудиска арабија од претпазливост го затвори својот нафтовод Исток-Запад, откако пријави напади врз стратешки важната линија.

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади

Саудиското министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека нафтоводот – кој е способен да транспортира нафта од заливот до Црвеното Море, заобиколувајќи ја ефективно блокираната Ормуска теснина – бил погоден од дронови што доаѓале од Ирак.

Нафтоводот, кој се протега на повеќе од 1.200 километри, наводно бил нападнат и на крајот на јули од страна на групи поврзани со Иран кои дејствуваат од Ирак.

Тој доби уште поголемо значење од почетокот на американско-израелската војна со Иран, при што Ријад го користи нафтоводот за да ја пренасочи нафтата што инаку би била наменета за танкери.

Првично не беа дадени детали за можната штета или за тоа кој го извршил нападот.

Си-Ен-Ен, цитирајќи официјални лица од американската влада, јави дека пумпните станици лоцирани долж нафтоводот биле погодени од дронови лансирани од Ирак.

Со стапка на производство од околу 10 милиони барели дневно, Саудиска Арабија е втор најголем производител на нафта во светот по САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем одзив на карпошани во акцијата „заедно за чист Карпош!“

Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница

Голем одзив на карпошани во акцијата „заедно за чист Карпош!“

Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволната акција за чистење „Заедно за чист Карпош!“, која се реализираше на повеќе локации низ Општина Карпош. Со цел акцијата да се спроведе поефикасно и да опфати повеќе јавни површини, учесниците беа организирани во три работни тимови, кои истовремено работеа на три локации: * Козле – просторот околу споменикот КЈП во Козле, спроти „Алумина“; * Лептокарија – јавните површини во ТЦ Лептокарија; * Карпош 3 – јавните површини спроти Општина Карпош.

На сите три локации учесниците собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со што придонесоа за уредување на јавните површини и создавање почиста и поуредна животна средина за сите жители на Карпош. Во акцијата активно учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација беше дел од работните тимови и лично се вклучи во чистењето. „Заедно за чист Карпош!“ е пример за заедничка посветеност, одговорност и директна работа во интерес на граѓаните.

Акцијата уште еднаш покажа дека кога локалната самоуправа и граѓаните работат заедно, резултатите се видливи и придонесуваат за подобар квалитет на живот во локалната заедница. Општина Карпош упатува благодарност до сите карпошани кои денеска се приклучија на акцијата и со своето учество дадоа придонес кон почист, поуреден и поубав Карпош. Заедно за почист, поуреден и поубав Карпош!

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер