Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
2Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
3Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот (ВИДЕО)
ТехнологијаРобот- ѕидар наскоро пристигнува во Хрватска, може да замени шест мајстори и ѕида 10 квадрати на час Робот ѕидар, машина произведена од австриската компанија „Винербергер“, отпорна на лоши временски услови и способна да замени шест мајстори ѕидари, наскоро пристигнува во Хрватска.Роботот наречен WLTR може да гради до 10 квадратни метри на час и до висина од 3,5 метри без употреба на скелиња, објавува порталот „Пословни дневник“, пренесе Телеграф. Роботот се користи за поставување тули од вториот ред бидејќи првиот ред сè уште го поставува искусен ѕидар, но потоа, WLTR, со помош на сензори, ја проверува положбата на секоја тула, ги корегира отстапувањата доколку е потребно и постигнува максимална прецизност во понатамошната работа. Работата на овој робот, кој може да замени пет до шест мајстори ѕидари, бара приклучок за напојување од 400 волти, еден обучен оператор и еден помошен работник. - Роботизираното ѕидарство не е замена за знаењето и искуството на луѓето, туку одговор на вистинските предизвици на градежната индустрија. WLTR го презема физички најтешкиот дел од работата, но сепак зад него стојат професионални луѓе - рече Амел Емкиќ од групацијата „Веннербергер“. Словенечкиот град Церкница веќе го заврши првиот роботски градежен проект во регионот, а роботите на WLTR веќе завршија повеќе од 40 комерцијални проекти низ Европа. Тие вклучуваат станбени проекти во Чешка, детска градинка во Полска, индустриски магацини во Австрија и Унгарија и едносемејни куќи во Англија. Во моментов има 12 WLTR роботи кои работат во Европа, а се очекува уште десетици да бидат во функција до крајот на 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меси посвети гол на неговиот татко Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2. В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување. Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута. Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство. Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот. По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и МогилаИзутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати. Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени. Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска одлука за „училишна кошничка“ Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година. Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter