Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
2Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
3Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
СветХронологија на судирите Израел - ИранИзраел денеска објави дека извршил напади врз Иран, еден ден пред разговорите меѓу Техеран и САД во Оман за нуклеарната програма на Иран.Тоа е нова ескалација од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, што би можела да се претвори во отворена војна меѓу двете земји, по децении тајни конфликти и копнени, морски, воздушни и кибер напади. Ова се главните настани во историјата на конфликтот. 1979 година - Иранскиот прозападен лидер Мохамед Реза Пахлави, кој го сметаше Израел за сојузник, беше соборен во Исламската револуција, која донесе на власт нов шиитски теократски режим чиј идеолошки императив е отпор кон Израел. 1982 година - Израел го нападна Либан, а Иранската револуционерна гарда се воспостави со либанските шиити Хезболах, паравоена група која стана најопасниот непријател на Израел на неговите граници. 1983 година - Проиранскиот Хезболах ги истера западните и израелските сили од Либан со самоубиствени напади. Во ноември, автомобил полн со експлозив се урна во либанскиот штаб на израелската армија. Израел подоцна се повлече од голем дел од Либан. 1992-1994 - Аргентина и Израел ги обвинија Иран и Хезболах за организирање на самоубиствените напади врз израелската амбасада во Буенос Аирес во 1992 година и еврејскиот центар во тој град во 1994 година. Во овие напади загинаа десетици луѓе. Иран и Хезболах негираат одговорност. 2002 - Се открива дека Иран има тајна програма за збогатување на ураниум, што предизвикува загриженост дека се обидува да развие нуклеарна бомба, кршејќи ги своите обврски според Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT), што Техеран го негира. Израел повика на решителна акција против Иран. 2006 - Израел се бореше против Хезболах во едномесечна војна во Либан, но не успеа да го победи и конфликтот заврши со статус кво. 2009 - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во говор изјави дека Израел е „опасен и смртоносен канцероген тумор“. 2010 - Иранскиот објект за збогатување на ураниум во Натанз е нападнат од компјутерскиот вирус Stuxnet, за кој се верува дека е развиен од САД и Израел. Ова е првиот познат кибер напад врз индустриски погон. 2012 - Иранскиот нуклеарен научник Мустафа Ахмади Рошан беше убиен во бомбашки напад во Техеран. 2018 - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран по години лобирање против договорот, нарекувајќи го „историски потег“. Израел објави во мај дека ја нападнал иранската воена инфраструктура во Сирија, чиј претседател Башар ал-Асад е поддржан од Техеран во граѓанската војна, откако иранските сили испукаа ракети во окупираната Голанска Висорамнина. 2020 - Израел го поздрави убиството на генералот на иранската револуционерна гарда Касем Солејмани во американски напад со беспилотни летала во Багдад. Иран одговори со ракетен напад врз ирачките бази каде што беа стационирани американски војници. Околу сто американски војници беа повредени. 2021 - Иран го обвинува Израел за убиството на нуклеарниот физичар Мохсен Фахризаде, кого западните разузнавачки служби го сметаат за „татко“ на тајната програма за развој на нуклеарно оружје на Иран. Техеран негира дека има такви амбиции. 2022 - Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Јаир Лапид потпишаа ветување дека нема да дозволат Иран да развива нуклеарно оружје. Одлуката, дел од Ерусалимската декларација со која се заокружи првата посета на Бајден на Израел како претседател, доаѓа еден ден откако тој изјави за локална телевизиска станица дека е отворен за употреба на сила против Иран како „последно средство“ откако Израел побара од светските сили „веродостојна воена закана“. Април 2024 - Во сомнителен израелски напад врз иранската амбасада во Дамаск загинаа седум офицери на Револуционерната гарда, вклучувајќи двајца високи команданти. Израел ниту ја потврди ниту ја негираше одговорноста. Иран одговори со голем напад со беспилотни летала и ракети врз Израел на 13 април. Поради ова, Израел го нападна Иран на 19 април. Октомври 2024 година - Иран испука повеќе од 180 ракети кон Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, на 27 септември во воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут и убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран на 31 јули. Израел нападна воени бази во Иран подоцна истиот месец како одговор на иранските напади. Иранските медиуми објавија експлозии во Техеран и блиските воени бази во рок од неколку часа. Според иранските извештаи, на некои локации имало „ограничена штета“. Јуни 2025 година - На 13 јуни, Израел ја нападна нуклеарната инфраструктура на Иран и научниците кои работат на развој на нуклеарна бомба. Тој рече дека ќе дејствува Акцијата може да трае со денови. Целта на операцијата, наречена „Подемот на лавот“, беа иранските команданти и фабриките за ракети, а Израел прогласи вонредна состојба во исчекување на ирански одговор. Иранските државни медиуми објавија дека командантот на Револуционерната гарда Хусеин Салами и нуклеарните научници Ферејдун Абаси Давани и Мухамед Мехди Техранчи се убиени во нападите. САД објавија дека не даваат помош во таа операција. Нападите се случија откако Трамп изјави дека американскиот персонал се повлекува од Блискиот Исток затоа што „може да стане опасно место“. Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОд четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили? „Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“. Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои. Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување. Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП. Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца. Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација. Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазикДелот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот. „Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање. Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам. Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски. За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија. Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението? Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот. -Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter