3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
СветПилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловциАвион на компанијата „Flydubai“, кој летал од Дубаи кон Тел Авив со 174 патници (вклучувајќи 27 деца), извршил принудно слетување во Саудиска Арабија по физичка пресметка меѓу двајцата пилоти во пилотската кабина.Тепачката го активирала алармниот сигнал, што во првиот момент предизвикало сомнеж за киднапирање, па Израел веднаш кренал борбени авиони, пренесува израелскиот портал „Ynet News“. За време на летот кон Израел, авионот накратко испратил сигнал што укажувал на незаконско мешање во летот. Израелските власти првично го третирале инцидентот како потенцијално киднапирање, но подоцна утврдиле дека алармот всушност бил резултат на насилство и физички конфликт меѓу самите пилоти во кабината. Авионот потоа бил пренасочен кон Саудиска Арабија, каде што се спуштил на помала висина и конечно безбедно слетал на пистата. Израел кренал борбени авиони и свикал кризен состанок Инцидентот поттикнал голема безбедносна операција во Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац веднаш свикале итни безбедносни консултации, додека Оперативниот оддел на израелската полиција наредил формирање заеднички команден центар со сите безбедносни служби. Шефот на израелската полиција, Дани Леви, исто така дал проценка на ситуацијата. „Се подготвуваме за секое можно сценарио“, изјавил Леви во време кога околностите за тоа што се случувало во авионот сè уште не биле разјаснети. Пилотите испратиле код за киднапирање и го свртеле авионот Летот на „Flydubai“ полетал од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, во 7:05 часот наутро, а слетувањето на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив било планирано за околу 9:30 часот. Околу час и половина по полетувањето, додека авионот влегувал во воздушниот простор на Јордан, предавателот емитувал транспондер-код 7700, што претставува меѓународна ознака за општа опасност. Кратко потоа бил испратен и кодот 7500, кој укажува на незаконско мешање и стандардно се користи кога авионот е киднапиран. Речиси истовремено, авионот го променил правецот, се вратил во воздушниот простор на Саудиска Арабија и почнал да лета на значително помала висина. Откако првично се упати кон југ, авионот сврте кон запад, при што цело време се движеше во воздушниот простор над Саудиска Арабија. Изгубен контакт со пилотот – стравувања од најлошото Израелските воздухопловни сили веднаш кренале борбени авиони, додека надлежните на земјата трескавично се обидувале да утврдат што точно се случува во пилотската кабина. Во првите моменти од кризата, претставник на израелските безбедносни служби изјави дека немаат цврсти докази за киднапирање, но дека се крајно загрижени бидејќи не можеле да стапат во контакт со екипажот. „Немаме веродостојни информации што укажуваат на киднапирање, но пилотот го активираше сигналот за опасност“, изјави тогаш еден функционер за „Ynet News“, додавајќи: „Не можеме да воспоставиме контакт со пилотот, а тоа е причина за сериозна загриженост“. Тепачка меѓу пилотите Подоцна, надлежните утврдија дека алармот бил активиран поради тепачка меѓу пилотите, а не поради упад на киднапери. На крајот, авионот безбедно слета во Саудиска Арабија, заедно со сите патници. Извор: Индекс.хрТагови: пилоти тепачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна лотарија“ Само владата можела физички да организира игри на среќа во Државна лотарија, додека Казинос Аустриа го имала тоа ексклузивно право но само во онлајн просторот, тврдеа денеска пред судот адвокатите на обвинетите .Само владата можела физички да организира игри на среќа во Државна лотарија, додека Казинос Аустриа го имала тоа ексклузивно право но само во онлајн просторот, тврдеа денеска пред судот адвокатите на обвинетите на рочиштето за проневера при набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра. Изнесувајќи ги забелешките на доказите на обвинителството, одбраната тврди дека со самото тоа што владата имала право да организира игри на среќа, практично набавката на апарати за таа намена не е криминал. Одбраната тврди и дека тие апарати се уште се наоѓаат во Лотарија. – Основната забелешка е дека оној договор што го има Казинос Аустриа има ексклузивитет исклучиво на приредувањето на електронските игри на среќа. Во однос на автоматите, односно набавка и приредување игри на среќа со автомати, тој ексклузивитет го нема . Ниту во еден дел на ова обвинение во однос на ниту еден од овие лица не се тврди дека со набавката на овие апарати било кој стекнал противправна имотма корист за себе. Тие апарати и ден денеска се наоѓаат во лотарија на македонија,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот Перпарим Бајрами. Двајцата обвинители денеска внимателно ги слушаа забелешките на одбраната, откако на претходното рочиште презентираа над 200 материјални докази – владини одлуки, финансиски трансакции за набавка на апаратите и документација за основање на заедничко друштво, преку кои најавија дека во наредниот период ќе докажат на кој начин секој од обвинетите ги пречекорил своите службени овластувања и направил кривично дело и повеќемилионска штета на државниот буџет. Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, кој на денешното рочиште беше спроведен од затворот Шутка, откако на 9 септември по речиси две години бегство сам и се предаде на домашните органи. Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбраната ќе се одржи на 30 септември. Покрај Бајрами, во случајот за проневери во државна лотарија обвинет е и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казниДве и пол години затвор доби вработената во МВР која фалсификувала возачки дозволи за камиони и автобуси, а по една година и три месеци затвор добија двајцата возачи опфатени во случајот. Пресудите ги изрече Кривичниот суд, со што експресно заврши скандалот со фалсификуваните возачки дозволи, откако тројца обвинети ја признаа вина, потврди на брифинг со новинарите .претседателката на Кривичнио суд, Даниела Димовска...Притворот на тројцата обвинети кои признаа вина им е продолжен. Тројца од шетсте лица опфатени во истрагата, во моментов се недостапни за органите на прогонот. Од Обвинителството информираат и дека во рамките на истиот предмет се преземаат дополнителни дејствија за обезбедување докази против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи. утре треба да продолжи и еден од најобемните судски процеси, за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Како што информираше оретседатлкката на кривичен димовска, досега ниту едно рочиште не било одложено .. Откако обвинителствто заврпи сои изведувањето на доказите, Утре во Идризовото одбраната че продолжи со изведувањето на своите докази а во текот на доказната постапшка ќе сведочат дури 244 лица.. Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко.. Согласно Законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, Судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка Одбраната на јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до Јавното обвинителство, од каде, според Судот, сè уште нема пристигнато мислење. „До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок.“, информираат од – Кривичен суд. Од Обвинителството за канал 5 изјавија дека кусо информирата дека, доколку има дополнителни информации за Јованов, јавноста дополнително ќе биде известена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТепачка меѓу пилоти принудно приземји авион во Саудиска Арабија, Израел ги крена борбените авиониТепачка меѓу пилоти го приземји авионот на Флај – Дубаи со 174 патници и првично предизвика стравувања дека леталото е киднапирано..Во авионот кој полетал од Дубаи кон Тел Авив принудно слетал во Саудиска Арабија, откако поради физичката пресметка во кабината бил активаран сигнал за тревога, а Израел превентивно покренал и бобени авиони, пренесува сајтот „Инет Њуз“. A violent altercation and stabbing in the cockpit of a FlyDubai flight over Saudi Arabia this morning caused the 737-8 to plummet 18,400 feet in just under two minutes, exceeding its maximum operating speed by nearly 100 kts. The aircraft landed safely in Tabuk. https://t.co/POg0WCN1WS — OSINTtechnical (@Osinttechnical) September 30, 2026 Сепак, инцидентот доби и поинаква интерпретација. Дел од израелските медиуми, повикувајќи се на сведоштва на патници во авионот, објавија дека едниот пилот наводно бил избоден со нож од друг и дека патниците помогнале да се изнесе напаѓачот од пилотската кабина. Според написите, контролата ја презеле други двајца пилоти кои се наоѓале во авионот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11