Христијан Мицкоски во “Само Вистина“

Со капитулантскиот договор е загрозен македонскиот идентитет, од Владата на Заев не слушнавме демант за тврдењата на Ципрас дека македонската нација не постои, изјави лидерот на Вмро- Дпмне Христијан Мицкоски во „Само Вистина“.

Договорот со Грција оцени Мицкоски е асиметричен, ние преземаме обврски додека пак нашиот јужен сосед не презема никакви обврски, рече Мицкоски. Некој ја предаде Македонија и ги прекрши сите правила, процедури и Уставот. Вмро-Дпмне нема да биде соучеснк на ова капитулантско дело. Жестоко ќе се спротиставиме на сите штетни политики и ВМРО – ДПМНЕ нема да учествува на собраниските седници за ратификацијата на овој капитулантски договор со Грција кој Заев и Димитров го потпишаа во име на Македонија, и нема да бидеме соучесник во ова нивно дело. додаде Мицкоски. Опозицискиот лидер истакна дека Вмро-Дпмне била и ќе остане на браникот на националните интререси и нема да прифати промена на уставното име. Тој рече дека ниту имало, ниту ќе има пазарење надвор од нивните принципи. Мицкоски изјави и дека го поддржуваат ставот на Претседателот Иванов да не го потпише указот на законот за ратификација на договорот со Грција, Одложувањето на датумот за преговори до јуни следната година за Мицкоски значи катастрофа, Заев рече Мицкоски, не само што ги распродава државните интереси туку Македонија ја губи и европската перспектива. За ставот на Мицкоски околу редерендумот, протестите за името, шарањето на партиското седиште,околу предвремените избори погледнете во најновото издание на „Само Вистина“

Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

ВМРО-ДПМНЕ: Промените во ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓаат само на Заев и хотелската коалиција

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

НАТО домаќин на петтата рунда технички преговори меѓу турската и грчката делегација

Во седиштето на НАТО пактот во вторник ќе се одржи петтата рунда на технички преговори меѓу турската и грчката воена делегација, изјави Хулуси Акар, министерот за одбрана на Турција, пренесе „Анадолија“.

-Ни сме, се разбира, за мир, стабилност, преговори и дијалог. Ги подржуваме преговорите, но нема да дозволиме било какови свршен чин- рекол Акар на видеоконференцијата на која присуствувале турските генерали.

Техничките преговори имаат за цел намалување на ризикот од инциденти во екот на растот на тензиите во источниот Медитеран.

Одржувањето на технички состаноци меѓу турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг.

Првиот технички состанок на турските и грчките воени делегации беше одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.

Акар повтори дека Турција е одлучна и способна да ги заштити правата и интересите и на Турција и на Турската Република Северен Кипар во истокот на Медитеранот.

Грција ги оспорува моменталните активности на Турција околу енергетското истражување во источниот Медитеран.

Турција, земјата со најдолгиот брег на Медитеранот, прати наменски бродови за извршување на енергетски истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Анкара и Турската Република Северен Кипар имаат права во тој регион.

Од дијалогот за праведната распределба на ресурсите, корист ќе имаат сите страни, истакнуваат турските власти.

притисни ентер