Хозе Луис Алкаин: Жирито ќе одлучува според мотото „Пушти ја светлината“ - Канал 5

Хозе Луис Алкаин: Жирито ќе одлучува според мотото „Пушти ја светлината“

Организаторите на 34-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ денеска во Битола го претставија меѓународното стручно жири, со кое претседава Хозе Луис Алкаин, годинешен добитник на наградата за животно дело „Златна Камера 300“.

Хозе Луис Алкаин: Жирито ќе одлучува според мотото „Пушти ја светлината“
Во жирито членуваат и Елма Татарагиќ, драматург од Сараево, Божидар Манов филмски критичар и публицист од Софија, Амнон Залит израелски кинематографер и македонскиот драмски писател и сценарист Дејан Дуковски.

Лауреатот Алкаин на прес - конференција денеска истакна дека главниот фокус при оценувањето на филмовите во компетиција и распределбата на наградите ќе биде насочен во улогата, работата на светлото во филмот.

- Мотото на фестивалот „Пуштија светлината“ ни го дава одговорот на нашата работа. Како директор на фотографија сметам дека треба да одлучиме и оцениме каква е улогата, работата на светлото бидејќи кадрите ги прави светлината. Пред 30-40 години режисерите не доаѓаа од истата професија, тие најчесто беа писатели или театарски режисери и немаа големо искуство во кадрирањето, но сегашните режисери имаат искуство со кадрирање. Нашата работа е да им помогнеме во кадрирањето и така ќе се воочи авторскиот придонес во осветлувањето, истакна шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаин.

Алкаин посочи дека во оваа епоха сите филмови се многу добри во однос на светлото и движењето на камерата, но ние нема да гледаме на филмската приказна, рече Алкаин туку на работата на кинематограферот.

Според членот на жирито од Израел, Амнон Залаит камерата дава додатна вредност на филмот и тоа е важен аспект на кој ќе се посвети посебно внимание при оценувањето на кинематограферите, додека филмскиот критичар од Бугарија, Божидар Манов потврди дека годинава на ИФФК „Браќа Манаки“ се светски познати кинематографери и директори на фотографија.

- Кога ја видов листата на филмови од официјалната конкуренција констатирав дека се работи за многу силна селекција. Убеден сум дека ќе има добри актерски приказни. Се надевам дека нашите одлуки ќе предизвикаат стручни дискусии затоа што тука се многу познати, прочуени кинематографери и директори на фотографија, истакна Манов.

Во фестивалскиот центар прес - конференција одржаа и Филип Кирсамер кинематографер во филмот „Дечко бе“ и Диего Ромеро кинематографер во филмот „Запри го растрепереното срце“ кои беа емитувани синоќа како дел од официјалната програма.

Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ продолжува со содржините од повеќе програми, а централниот настан ќе се одржи вечер во 19 часот кога министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ќе промовира ДВД со дигитализирани дела на браќата Манаки, а веднаш потоа на јавноста ќе и бидат презентирани филмови на браќа Манаки во пијано придружба на „Маротови“. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Неколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната киевска област. Меѓу повредените во Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од повредените се хоспитализирани.

Рускиот напад, исто така, го оштети клучниот Северен мост во Киев, кој во моментов е затворен за сообраќај во двата правци, додаде тој. Од утрото, оштетени се коловозот, тролејбуската контактна линија и далноводот, рече Кличко.

„Сообраќајните работници и комуналните работници веќе работат на Северниот мост“, увери градоначалникот.

Додека воздухопловните сили на Украина предупредија дека балистичките ракети се насочени кон главниот град, серија експлозии го потресоа градот. Првиот бараж од ракети го нападна Киев брзо, а воздухопловните сили објавија дека најмалку шест ракети биле лансирани кон градот во рок од неколку минути непосредно пред 23 часот локално време на 6 ноември.

До утрото на 7 ноември, воздухопловните сили објавија дека Русија лансирала 172 дронови од типот Шахед, од кои 137 со млазен погон, и неодреден број балистички ракети кон Украина преку ноќ. Воздухопловните сили тврдеа дека собориле или потиснале четири балистички ракети и 149 дронови од типот Шахед, вклучувајќи 117 дронови со млазен погон, на 24 локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер