Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица
2Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица
3Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
2Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
ЖивотХорор во Австралија: Готвач ја убил и ја зготвил својата девојка, а потоа си го пресекол вратотСилна караница се слушала од станот на 28 годишниот Маркус Волк каде тој живеел со својата девојка Мајанг. Тоа било пред една недела. Следните денови соседите почувствувале силна миризба на месо во распаѓање, која доаѓала од истиот стан.Поради миризбата од која на луѓето почнало да им се слошува, тие повикале полиција. Инспекторите биле шокирани кога во тенџере на шпоретот виделе делови од човечко тело! Другите делови од телото на Мајанг, биле фрлени во контејнерите пред зградата. Во близина на станот било пронајдено уште едно мртво тело, со пресечен врат. Се верува дека тоа се остатоците од Маркус кој се самоубил откако ја убил девојката. - Ужас. Кутрата девојка лежела мртва толку време. Ние со денови поминувавме покрај станот мислејќи - нешто чудно мириса, а таму се случило убиство! - вели сосетката Кортни Ричардс. Мајанг, пред да се пресели во Брисбејн со Маркус, работела во Мелбурн во кабаре за транссексуалци. Со Маркус се запознала на брод каде тој работел како готвач. Истрагата на овој злостор е во тек./ извор: МирорКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Полнети тиквичкиВо петок (13.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Бобан Цаневски.Состојки за денешниот рецепт: 2 тиквички 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 морков 2 компира 1 домат 1 чешне лук масло сол, бибер и др. зачини по избор малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо распаравија, синот го запали автомобилот на мајкатаСемејна драма се одвивала вчераутро во скопски Чаир, каде што син го запалил автомобилот на мајка си, а потоа се заканил дека ќе го запали и станот во кој живеат.28 годишникот бил лишен од слобода, бидејќи тој по закана дека ќе го запали автомобилот во пет часот наутро го запалил и се заканил дека ќе го запали и станот на неговата мајка.. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти министерството за внатрешни работи...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лицаПо повод Неделата посветена на старите лица, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети Здружението „Моето гнездо“, кое ја спроведува социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на општината. Услугата, која изминатиот период активно се реализира во Општина Илинден, е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди соодветна грижа и поддршка во домашни услови, поголема самостојност и подобар квалитет на живот. При посетата, градоначалникот Георгиевски се запозна со досегашните активности на здружението и истакна дека грижата за повозрасните граѓани, како и за лицата со попреченост е еден од најголеми приоритети на локалната самоуправа. „Со воспоставувањето на услугата „Помош и нега во домот“ овозможуваме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Особено ме радува што оваа услуга веќе активно се спроведува на територијата на Општина Илинден. Ќе продолжиме да вложуваме во развојот на социјалните услуги, бидејќи секој граѓанин заслужжува да има можност за достоинствен и квалитетен живот“, истакна градоначалникот Георгиевски. Сите заинтересирани граѓани кои имаат потреба од услугата „Помош и нега во домот“ можат да се обратат на телефонскиот број 079 340 473, каде што ќе добијат дополнителни информации за начинот на користење на услугата, која е целосно бесплатна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter