Хорор во Англија: Го убил цимерот, го распарчил и му го украл идентитетот (ВИДЕО) - Канал 5

Хорор во Англија: Го убил цимерот, го распарчил и му го украл идентитетот (ВИДЕО)

Марцин Мајеркиевич (42) е прогласен за виновен за убиство на својот пријател Стјуарт Еверет (67), чие тело го распарчил на десетици парчиња и го расфрлал во парковите и природните резервати низ поширокото подрачје на Манчестер минатата година.

Хорор во Англија: Го убил цимерот, го распарчил и му го украл идентитетот (ВИДЕО)

Злосторството се случило на крајот на март минатата година во куќата во Еклс, која ја делеле. Еверет и Мајеркиевич биле пријатели повеќе од десет години.

По убиството, Мајеркевич го распарчил телото на Еверет, а потоа го користел неговиот мобилен телефон и банкарските картички, им праќал пораки на членовите на семејството, па дури и им испраќал роденденски честитки за да го прикрие злосторството, пишува Гардијан.

Првиот дел од телото го пронашол случаен минувач.

Дел од телото бил пронајдено на 4 април од случаен минувач во природниот резерват Керсал Дејл. Полицијата започнала голема истрага и прегледале илјадници часови снимки од камерите за надзор. Тие идентификувале маж кој носел тешка торба во близина на местото каде што биле пронајдени посмртните останки.

Истражителите пристигнаа во станбениот имот во Еклс. За време на теренската работа, полицаец забележал како Мајеркиевич се качува во автобус. Кај него го пронашле телефонот и банкарските картички на Еверет, потврдувајќи го идентитетот на жртвата.

Еверет го нарекува Мајеркиевич како негов „партнер“ во мејловите до пријателите, а други исто така ги опишале како многу блиски. Тие живееле заедно во куќа во Еклс, каде што секој имал своја спална соба, а Мајеркиевич се преселил таму по раскинувањето.

Убиен е со предмет налик на чекан.

Мотивот за убиството не е познат. Мајеркиевич не изнел никаква одбрана за време на судењето. Патологот утврдил дека Еверет бил удрен со предмет налик на чекан и распарчен со рачен алат.

Откако биле пронајдени првите останки, делови од телото беа пронајдени во пакети на различни зелени површини.

Мајеркиевич ги користел банкарските сметки на жртвата и му испратил роденденска честитка на братот на Еверет, со потпис „Бени“. На картичката се пронајдени отпечатоци од прсти на Мајеркиевич.

Братот на жртвата Ричард Зиемацки подоцна изјавил на полицијата дека ракописот на картичката не личи на оној на неговиот брат.

Главниот истражител Луис Хјуз рече: „Ова беше случај со исклучителна сложеност. Нашата мисија од самиот почеток беше да обезбедиме правда и достоинствено да ја вратиме жртвата на неговото семејство“. Марцин Мајеркиевич ќе биде осуден подоцна.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер