Холивудска актерка излезе од затвор , казнета е за поткуп - Канал 5

Холивудска актерка излезе од затвор , казнета е за поткуп

Американската актерка Лори Лофлин вчера била ослободена од затвор по двомесечната казна за учество во измама во која привилегирани деца се запишувале на елитни универзитети со поткуп, соопштија американските власти.

Холивудска актерка излезе од затвор , казнета е за поткуп

56-годишната актерка, позната по улогата на тетка Беки во хит серијата „Целосниот дом“ од 80-тите и 90-тите години на минатиот век, започнала да ја издржува казната на 30 октомври во Даблинскиот федерален затвор, мало гратче близу Сан Франциско.

Актерката Фелисити Хафман од Очајни домаќинки исто така бил во тој затвор за истата измама и е ослободена во октомври 2019 година откако издржала 11 дена од 2 недели одредената казна.

Лофлин и нејзиниот сопруг, дизајнерот Мосимо Џанули, биле меѓу 50 лица осудени за измама, пренесува Франс Прес.

Двојката признала дека платила 500.000 долари за да ги запишат своите две ќерки на Универзитетот во Јужна Калифорнија како членови на веслачкиот тим, иако никогаш не вежбале веслање.

Обвинителите го опишале 57-годишниот Џанули како поактивен во измамата отколку неговата сопруга. Тој добил пет месеци затвор, казна од 250.000 долари и мора да работи 250 часа општокорисна работа.

Казната започнал да ја издржува на 19 ноември во затворот Ломпок во близина на Санта Барбара, Калифорнија.

Клучен човек во измамата бил Вилијам Рик Сингер за кој властите веруваат дека им платил 25 милиони долари на тренери и вработени во врвни универзитети. Неговата пресуда се очекува следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“.

Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина.

Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Тој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. 

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина.

Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“.

Не зборува италијански

„Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања.

Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна.

Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат.

Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор.

„Целиот случај е необичен“

„Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт.

Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки.

„Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник.

Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат.

„Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Турските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер