3 Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.
СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет
1СП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерт Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалет
МакедонијаХодаи: Продолжува бојкотот на матурантите, но се помал број на матуранти го поддржуваатДенеска продолжува бојкотот на матурантите, но се намалува бројот на училиштата што го поддржуваат вели за Канал 5 претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи.Вели дека сите опозицсики партии го поддржуваат бојкотот на матурантите.Претставници од сојузот денеска ќе се сретнат со пратеници од ДУИ, откако СДСМ на вчерашната средба рекоа дека ги поддржуваат одлуките на ресорната министерка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, информираше дека поднесе предлог-закон за измени и дополнување на законот за средно образование.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДопинг скандал на СП 2026-Тунижаните паднаа на допинг-тестотФудбалската селекција на Тунис беше елиминиран од Светското првенство уште во групната фаза, но сега се појави скандалозна информација.Како што објави британскиот „Дејли меил“, дури осум фудбалери имале траги од кленбутерол во допинг тестовите спроведени за време на турнирот. Светската антидопинг агенција (WADA) веднаш започна истрага за да го утврди потеклото на забранетата супстанца, но првичните проценки покажаа дека не станува збор за свесен обид за подобрување на перформансите - туку за консумирање контаминирано месо за време на престојот на делегацијата во Мексико. Иако постапката е сè уште официјално отворена, а клубовите се информирани за резултатите, сè укажува дека фудбалерите нема да бидат суспендирани. Антидопинг протоколите дозволуваат ослободување од казна ако се докаже дека позитивниот резултат се должи на случајна контаминација на храна. Идентичен инцидент се случи во 2011 година на Голд Купот, кога петмина мексикански репрезентативци исто така беа позитивни на кленбутерол во месото, по што беа целосно ослободени од сите обвиненија по истрагата.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНосачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот ИстокНосачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, и се враќа во својата матична база во Тулон, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Како што наведе во објава на мрежата „Икс“ (X), носачот на авиони се враќа поради „поволниот развој на настаните“, односно договорот меѓу Иран и САД за прекин на непријателствата. Макрон додаде дека француските капацитети за деминирање и нивната придружба остануваат распоредени и подготвени за интервенција заедно со партнерите. „Шарл де Гол“ моментално се наоѓа во Средоземното Море, соопштија од Елисејската палата, пренесе „Фигаро“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Македонија е во економски ќор-сокак Владата на Христијан Мицкоски, составена од тендер коалицијата - ВМРО и ЗНАМ, ја доведе државата во сериозна економска и политичка криза, а сите показатели покажуваат дека се подготвуваат предвремени избори.Економијата е во слободен пад. Инфлацијата ги изеде платите, цените на основните производи континуирано растат, а минималната плата не е зголемена. Во исто време, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра за две години, а буџетот е празен. Нема пари ниту за тековните обврски, ниту за криминалните тендери кои се потребни за збогатување на организираната криминална група. Додека за себе и за своите семејства обезбедија бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, наместо да создава услови младите да останат во земјата, Мицкоски увезува работна сила од трети земји. Ова не е развојна политика - ова е признание за неуспех. Реконструкцијата на Владата е чист театар. Наместо реформи, добиваме ротација на истите лица и исти политики. Реформската агенда е во застој. Додека Црна Гора доби пакет од 3,2 милијарди евра, Македонија ризикува да изгуби значителен дел од европските средства поради неисполнување на реформските чекори. Парите од ЕУ нема да дојдат ако не се спроведат реформите а оваа Влада очигледно не е способна да ги спроведе. Буџетот е пред колапс. Не се знае до кога ќе можат да се задолжуваат. Кога ќе нема повеќе пари за „своите“ тендери, ќе бидат принудени на предвремени избори. Мицкоски веќе ја укина техничката влада и сега сака да го протурка изборниот закон кој отвора можност за изборна кражба. Во исто време, подготвува нова политичка опција - платформата за иднината (ЗНАМ 2.0) чија единствена цел е да одземе гласови од опозицијата. Загубата од преку 150.000 гласови и драстичниот пад на рејтингот се аларм за забрзани подготовки за избори. Ова не е стабилност - ова е паника на Тендер коалицијата. Партнерот што, служеше како сателит на ВМРО и на Мицкоски - ЗНАМ, се распадна. Повеќе не постојат ниту во анкетите, ниту на терен. Секојдневно ги напуштаат членови. Најпрво ја изневерија својата партија, а потоа и своите гласачи. Сега им е потребен нов политички субјект, што ќе глуми опозиција, за да се обидат да ги поделат и расцепкаат опозициските гласови, а по изборите повторно да му послужат на Мицкоски како нов „сателит“. Како што рековме, кога ќе снема пари, Мицкоски ќе распише избори. Скопје, 04.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter