Хименез за тепачката со колумбиските навивачи: Нашите семејства беа во опасност - Канал 5

Хименез за тепачката со колумбиските навивачи: Нашите семејства беа во опасност

Фудбалерот на Уругвај, Хозе Хименез објасни зошто дошло до тепачка меѓу репрезентативците и навивачите на Колумбија по полуфиналниот натпревар на Копа Америка одигран ноќеска во Шарлот, САД.

Хименез за тепачката со колумбиските навивачи: Нашите семејства беа во опасност

- Навивачите од одреден сектор на Колумбија создадоа закана за сите наши семејства. Ова е катастрофа, нашите семејства беа во опасност. Моравме да одиме на трибините да ги земеме нашите најблиски со новороденчиња. Немаше ниту еден полицаец, тие си заминаа по половина час. На секој натпревар нашите семејства страдаат по вина на двајца или тројца кои пиеле без да знаат да пијат, кои се однесуваат непристојно, изјави Хименез, за „El Observador“.

Колумбија ќе се соочи со Аргентина во финалето на Копа Америка. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.

Уругвајците ќе играат со Канаѓаните во мечот за 3. место кој ќе се одигра ден претходно.

Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните

​Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера се сретна со граѓаните и членовите на СДСМ во Радовиш, каде што испрати силни пораки за актуелната состојба во државата и идните предизвици.

Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ не ја води државата како што треба, тоа ние го знаевме и граѓаните го гледаат тоа. Граѓаните веќе ги гледаат и чувствуваат лошите политики. Но тоа не значи дека по автоматизам ќе ни ја вратат нам довербата“, истакна Филипче.

Тој порача дека Македонија има Влада која работи спротивно на интересите на граѓаните и на државата.

„Имаме работа со Влада којашто како никогаш досега во историјата на земјата работи спротивно на интересите на граѓаните и на државата. Што и да прават, колку и да ја ставаат на максимум својата пропаганда којашто на некој начин е фабрика на илузии, тоа граѓаните не може да ги залаже“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека економската состојба станува сè потешка за граѓаните, додека Владата не презема мерки за подобрување на стандардот.

„Луѓето не можат да врзат крај со крај со платите коишто Владата никако не сака да ги зголеми. Младите само планираат како да се иселат од земјата, тоа се нивните разговори“, рече Филипче.

Говорејќи за Радовиш, Филипче изрази цврста верба во успехот на претстојните избори.

„Радовиш е еден од градовите каде што може да победиме на изборите – цврсто сум убеден. Затоа што знаеме што не доведе до тука и сме тргнати по патот на корекција на работите и тоа го приметуваат луѓето. Ако продолжиме вака, да знаете дека успехот е загарантиран“, порача Филипче.

На крајот, тој упати апел до членството за заедништво и мобилизација.

„Да работиме заедно, да се поддржуваме еден со друг, нас партијата ни е семејство. Да го мобилизираме целокупното членство, сите околу нас“, истакна претседателот на СДСМ.

СДСМ

Концерт „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ во Истанбул

Триото „Интерарт“ од Битола вечер ќе одржи концерт „Музички мостови“ во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.

Концерт „Музички мостови“ на триото „Интерарт“ во Истанбул

Како што информира Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, на концертот ќе настапат истакнатите македонски изведувачи – флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска. Со својата изведба, уметниците ќе ги пренесат слушателите низ светот на класичната и современата музика, интерпретирајќи дела на Д. Шостакович, Ф. Доплер, С. Петровски, А. Фурстенау и И. Кларк.

Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Ердоган денеска во Рим на средба со Мелони

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе ја посети Италија каде ќе се сретне со премиерката Џорџа Мелони, јави „Туркие тудеј“.

Ердоган денеска во Рим на средба со Мелони

Ердоган ќе учествува на четвртата меѓувладина средба помеѓу Турција и Италија, на која ќе бидат разгледани билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката.

притисни ентер