ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
Директорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САД
1ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
2Директорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САД
3ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотХари и Меган пристигнаа во Европа, познато е со кого прво се сретнаа (ВИДЕО)Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган се сретнаа лице в лице со кралицата Елизабета, изјави неговиот портпарол откако весникот „Сан“ ја објави посетата.Портпаролот рече дека двојката застанала во Британија на пат кон Хаг каде што ќе присуствуваат на игрите Invictus, додавајќи дека Хари претходно изјавил дека се надева дека ќе се види со својата баба. Бакингемската палата одбила да коментира. Сан објави дека Хари и Меган го виделе и принцот Чарлс за време на посетата на замокот Виндзор, што беше нивно прво заедничко патување во Британија откако ги напуштија кралските должности во март 2020 година. Хари, кој се пресели во САД со Меган, ја пропушти комеморацијата минатиот месец за неговиот дедо, принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина во април минатата година. Неговото отсуство дојде по несогласувањата со британската влада околу безбедносната заштита за време на неговиот престој во Британија. Кралицата, која ќе наполни 96 години подоцна овој месец, страда од проблеми со движењето и не присуствуваше на годишната миса на Велики четврток во капелата Св. Џорџ во замокот Виндзор. Таа, исто така, нема да присуствува на неделната велигденска миса во Виндзор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортистиВо изминатите 11 месеци, Општина Кочани реализираше и започна значајни проекти за подобар живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и младите.Се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, инвестиција од 88 милиони денари, од кои 85 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт. Изведени се атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента. Започна и изградбата на домот за стари лица, со вкупна вредност од околу 247 милиони денари. Државата учествува со 200 милиони денари, а Општина Кочани со околу 47 милиони денари, со цел да се обезбедат подобри услови за грижа и достоинствен живот на повозрасните сограѓани. Посебно внимание се посветува на младите. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии на 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно за 10 месеци, а за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени над 7 милиони денари. Со инвестиции во инфраструктурата, социјалните услуги и младите, Општина Кочани продолжува да гради град со повеќе можности, подобри услови и посигурна иднина за сите граѓани. Кочани напредува со работа, одговорност и конкретни резултати, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САДДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на највлијателната годишна конференција за спроведување на законот во САД.На покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, присуствува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции, која се одржува во САД. Поканата за учество на еден од најголемите и највлијателните годишни настани во областа на спроведување на законот, претставува признание за остварените резултати на Царинската управа во успешно гонење на криминалот. Тоа се огледа во фактот што, во периодот од јули 2024 до денес, Царинската управа поднесе 422 кривични пријави до надлежните јавни обвинителства. Преку вмрежување со органите за спроведување на законот на светско ниво, се овозможува значително зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал. Истовремено, конференцијата претставува одлична можност за запознавање со најновите технологии и иновации во областа на откривањето и сузбивањето на криминалот. На настанот учествуваат повеќе од 600 изложувачи кои ги претставуваат најновите технолошки решенија, овозможувајќи директен увид во современите алатки и практики за спроведување на законот. Минатиот месец со поддршка и донација од Министерството за правда на САД, на три гранични премини, беше воведен систем за телесни камери. Примената на современа технологија во оперативното работење се очекува да резултира со зголемена ефикасност во спречување на нелегална трговија. Продолжуваме да ја зајакнуваме соработката на национално и меѓународно ниво, со цел поефикасна борба против организираниот криминал и заштита на границите. Царинска управаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалностаВенко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДС бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДС молчат по дебаклот во Брвеница. ОД Филипче и СДС нема анкети, нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од Венко Филипче. Филипче, каде се анкетите што ги најави? Ако навистина покажуваат раст на СДС, зошто не ги објавиш? Од што се плашиш? Дали резултатите не се такви какви што ги претставуваше или станува збор за уште една пропагандна конструкција на партискиот штаб на СДС? Реалноста е јасна и не се менува со изјави и лаги од кујната на СДС. Резултатите во Брвеница се јасен политички удар за СДС, каде според прикажаните изборни резултати, СДС загуби со разлика од четири спрема еден. Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДС, во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство. Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од проверка на довербата кај граѓаните. Напротив, поддршката се потврдува со конкретна работа, одговорност и резултати. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат јасна политичка предност, додека СДС под раководство на Филипче сè повеќе се соочува со криза на доверба, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter