Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ФудбалХаос во Мадрид: Играч на Атлетико влета меѓу своите навивачи, интервенира полицијата (ВИДЕО)Вчера играчите на Виљареал го победија Атлетико со 2-0 на гостувањето во Мадрид и се приклучија на групата тимови кои двапати победија во првите две кола од шпанската Ла Лига.Голот за 1:0 го постигна Јереми Пино во 73. минута, по грешка во одбраната на домаќините. Во седмата минута од судиското продолжение Жерар Морено погоди за конечни 2:0. Голема заслуга за победата на тимот на Унаи Емери има голманот на Виљареал, Џеронимо Рули, кој имаше неколку одлични реакции во првото, а особено во второто полувреме. Нервозата кај избраниците на Диего Симеоне кулминираше во четвртата минута од судиското продолжение, кога Молина доби директен црвен картон бидејќи удри еден од ривалските играчи одзади. Но, тензиите започнаа уште пред тоа. Хаотичните ситуации започнаа во 70. минута при резултат 0-0 кога играчот од средниот ред на Атлетико, Родриго де Пол, го турна одзади својот сонародник Џовани Ло Селсо, оценувајќи дека тој премногу бавно излегува од игра откако Унаи Емери реши да го замени. Само три минути подоцна Пино постигна гол за Жолтата подморница, а нервозата кај тимот на Атлетико растеше. Нахуел Молина, кој во четвртата минута од судиското надополнување го нападна Алекс Баена и двапати го турна, а потоа го удри со тупаница во лицето, за што судијата Рикардо де Бургос Бенгоеткеа му покажа директен црвен картон. Во седмата минута од судиското надополнување, Џерард Морено го постигна вториот гол за тимот на Унаи Емери и го прослави мавтајќи со јазикот, а домашните навивачи констатираа дека се работи за провокација упатена кон нив и одговорија со волеј-свирежи. Фудбалерите на Атлетико предводени од Хозе Марио Хименез влетаа и го нападнаа најдобриот стрелец на Виљареал во историјата. На крајот само тој заработи опомена. „Таа прослава секогаш ја правам за моите ќерки, никогаш не ја минимизирам. Сите што ме познаваат знаат дека на тој начин ги прославувам головите“, изјави Морено за Marca по натпреварот. Сепак, по крајот на натпреварот настана тотален хаос. Стоперот на Атлетико, Марио Хермосо, бесен почнал физички да се пресметува со навивачите на својот клуб. Шпанските медиуми пишуваат дека членовите на радикалната фракција домашни навивачи Френте Атлети го навредувале Хермос, како и неговиот соиграч Антоан Гризман, по што 27-годишниот фудбалер целосно ги изгубил нервите и почнал да се тепа со нив. Тој викал во правец на трибините и се стрчал кон навивачите кои фрлале кон него разни предмети, додека соиграчите и членовите на персоналот се обидувале да го спречат, а на крајот во целата ситуација интервенирала и шпанската полиција. По некомплетното второ коло, Виљареал со победа се искачи на врвот на табелата и води во групата на екипи кои имаат по шест бода, во која се уште Реал Мадрид, Бетис и Осасуна. Барселона е петта и води во групата тимови со четири бода, во која се уште Рајо Ваљекано и Атлетико Билбао. 🇪🇸Atletico Madrid fans turning on their players after a 2-0 La Liga loss at home to Villarreal. Mario Hermoso went full Jose Holebaspic.twitter.com/Lm5ZLl4StJ — Sam Street (@samstreetwrites) August 21, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНа Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентитеНастапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите. Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението. Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција. „Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда. „Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението. Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ. Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини. Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook