МакедонијаГрад Скопје започнува инфраструктурни проекти во Кисела Вода и Шуто ОризариСоветот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти.Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Во општина Кисела Вода ќе се реализира проектот за пробивање и продолжување на улицата „Димо Хаџи Димов“ до кружниот тек. Со ова се овозможува подобро сообраќајно поврзување, зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, намалување на сообраќајниот метеж и создавање современо инфраструктурно решение за овој дел од градот. Продолжувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ претставува важен чекор кон подобрување на урбаната мобилност и исполнување на обврските преземени пред граѓаните на Кисела Вода. Истовремено, започнува реализацијата на неколку капитални инфраструктурни зафати во општина Шуто Оризари. Предвидена е санација на улицата „Македонско-косовска бригада“ 38, санација на главната улица во населеното место Горно Оризари, како и санација на улица „37“ со изградба и унапредување на водоводната мрежа. Овие проекти претставуваат конкретен одговор на долгогодишните потреби на жителите на Шуто Оризари и значат подобри услови за живот преку изградба на квалитетна инфраструктура, побезбедни улици и сигурно водоснабдување. Град Скопје останува посветен на рамномерниот развој на сите општини и населени места, со фокус на реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Политиката на рамномерен развој подразбира еднаков пристап кон инвестиции во сите делови на градот, без запоставени населби и без разлика на нивната местоположба. Во наредниот период следува реализација на нови инфраструктурни проекти во повеќе скопски општини, со цел создавање подобри услови за живот, поквалитетна инфраструктура и современ урбан развој за сите граѓани на Скопје. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаЈанчев: Поправка и замена на оштетените сообраќајни знаци на повеќе улици низ КавадарциСе поставија сообраќајни знаци во населбата Бел Камен, а истовремено се изврши и поправка и замена на оштетените сообраќајни знаци на повеќе улици низ Кавадарци.Со овие активности се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, се овозможува подобра прегледност и се создаваат побезбедни услови за движење на возачите и пешаците. Општина Кавадарци продолжува со континуирани активности за уредување и одржување на сообраќајната инфраструктура, со цел побезбедно и поуредено секојдневие за сите граѓани, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
БалканДраматично во Нови Пазар: Половина куќа виси во бездна, свлечиштето ја носи (ВИДЕО)Нови Пазар повторно е место на крајно опасен инцидент . По првото уривање на потпорниот ѕид пред само неколку дена, ситуацијата ескалира. Нов пад на земјата директно ја загрози семејната куќа во непосредна близина, а за размерите на катастрофата сведочат страшните снимки од местото на настанот. Последната снимка која се појави во јавноста јасно покажува како уривањето на масивниот потпорен ѕид повлекол со себе огромна количина земја и буквално го преполовил дворот. Семејниот дом сега е буквално на работ на карпа. Дел од зградата веќе се урнал и паднал на земја, додека останатиот дел драматично зјапа над длабоката бездна. Очајните граѓани кои живеат во околината истакнуваат дека на овој проблем предупредуваат уште од првиот инцидент, но безуспешно. "Се урна дел од семејната куќа со куп земја. Веќе е посочен овој проблем, но се чини залудно. Освен оваа една куќа, има и други загрозени станбени згради во кои живеат и деца. Страшно е ова што се прави", вели еден од вознемирените жители. View this post on Instagram A post shared by Indeks Online (@indeksonline_rs) Жителите од околните згради се во штрек и со голема загриженост ја следат состојбата, со оглед на тоа што постои голем страв од натамошно движење на теренот и верижно пропаѓање на соседните објекти.Тагови: Нови Пазар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРускиот амбасадор е протеран од Романија поради дроновите Романското Министерство за надворешни работи објави дека рускиот амбасадор во земјата, Владимир Липаев, е прогласен за персона нон грата .Романското Министерство за надворешни работи објави дека рускиот амбасадор во земјата, Владимир Липаев, е прогласен за персона нон грата откако романската војска собори три дронови над романска територија, за кои беше утврдено дека се руски. Во соопштението се наведува дека рускиот амбасадор има пет дена да ја напушти Романија и дека романскиот амбасадор во Русија ќе биде повикан во Букурешт на консултации, објавува порталот Digi24. Рускиот амбасадор бил поканет на состанок од романската министерка Оана Којшу, а на состанокот му била врачена вербална нота во која романската страна го информирала за спроведувањето на декларацијата за неприфатлив статус на член на мисијата на Руската Федерација во Букурешт. На рускиот дипломат му биле презентирани фрагменти од дронови што биле уништени на романска територија, за кои истрагата спроведена од обвинителството официјално потврди дека се од руско потекло. Како што беше најавено, за време на состанокот било нагласено дека е неприфатливо Руската Федерација да продолжи да го нарушува романскиот воздушен простор, кој е и воздушен простор на НАТО и Европската Унија. Романската страна нагласи дека Руската Федерација сноси единствена одговорност за сите овие сериозни инциденти и за влошувањето на регионалната безбедносна средина и најави дека ќе продолжи тесно да го координира својот одговор со сојузниците и партнерите во рамките на НАТО и ЕУ и дека останува цврсто посветена на преземање на сите потребни мерки за заштита на националната безбедност и нејзините граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter