ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
2Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
МакедонијаГрад Скопје со дрон ќе ги открива жариштата на загадувањетоКанал 5 заедно со инспекторатот на град Скопје на терен ја следеше примената на најсовременото летало кое врши 3Д мапирање на теренот за да се откријат од воздух сите црни точки од каде се и најпроблематичните извори на загадување.Првиот лет ова летало го направи токму на Вардариште како една од најкритичните точки за извор на ПМ 10 честичките. Од инспекторатот се пофалија дека бројот на изречени казни против загадувачи е двојно поголем споредено со октомври 2017. Покрај ова поголема ефикасност од инспекторатот најавуваат со отворањето на можноста за гонење кривично и за откупувачите на материјали добиени со спалување како што се жици од кабли, од гуми и слично. Линијата 193 е отворена за сите граѓани кои ќе забележат дека некој пали оган на отворено и загадува, без разлика дали се ниви, смет во диви депонии или лисја во дворовите. Град Скопје покрај ова најави дека ја почнува и постапката за набавката на 30 до 40 еко автобуси за јавниот превоз кои треба да помогнат ЈСП да се вклучи во борбата со загадувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаБројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина надмина 50Бројот на загинати во рускиот напад врз пункт за поделба на хуманитарна помош во украинската област Запорожје се искачи на 53, додека потрагата по настрадани продолжува петти ден. Руските сили во понеделникот наутро извршиле повеќе воздушни напади врз селото. Првата бомба погодила училишна зграда во која се собрале локални жители за да подигнат хуманитарна помош. Украинскиот претседател зеленски изјави дека по првичното бомбардирање руските сили фрлиле уште девет воздушни бомби врз засолништето во кое цивилите, меѓудругото, се обидувале да најдат заштита.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканНа Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!Млад човек од Србија е пронајден мртов на врвот на Јулиските алпи, Триглав, во Словенија.Словенечката служба за спасување во планина соопшти дека е завршена повеќeдневната потрага по млад планинар (19) од Србија, кој исчезна во областа на Триглав. Планинарот е пронајден мртов, а службата изрази сочувство до неговото семејство и роднините. Во неделата, на 1 ноември, планинарот останал заробен ноќно време, во областа Племенице поради густа магла и ветер . Во потрагата учествувале планински спасувачи од Бовец и Мојстрана, а во понеделникот, на 2 ноември, пронашле неколку негови лични предмети. Потрагата продолжила и во наредните денови, при што во акцијата биле вклучени хеликоптерски екипи од Брник, како и хеликоптери на словенечката војска и полиција. Интервенцијата се одвивала на исклучително тежок терен и во многу тешки временски услови, проследени со снег, мраз, дожд, ветер и магла.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија. - Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини. Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него. Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека обврска на Град Скопје е да им обезбеди услови на младите со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат, бидејќи најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија. - Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје – рече Ѓорѓиевски. Фризерско-козметичкиот салон за учениците од „Димитар Влахов“ се наоѓа на булеварот Партизански одреди во Лептокарија во непосредна близина на Универзитет Скопје.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook