Гостиварец дизајнира автомобили на иднината - Канал 5

Гостиварец дизајнира автомобили на иднината

Љубовта и страста кон автомобилите што започнале во детството прераснале во предизвик да се успее во автомобилската индустрија. 

Гостиварец  дизајнира автомобили на иднината

На почеток тоа било запознавање со тридимензионална визуализација. По десет години истражувања и „висење" пред компјутер и голем ентузијазам, еден млад гостиварец доби потврда и подотворена голема врата за влез во светот на автомобилизмот.

Редизајнот на „застава 100" го направи популарен

Михаел Мерклер (27) од Гостивар од неодамна ја заинтригира јавноста со неговиот дизајн за стариот „стоеден" (застава 101). Токму овој модел, што во минатиот век бил исклучително популарен во некогашната СФРЈ, беше негова инспирација. Редизајнот одекнал силно, па неколку автомагазини направиле интервју со него.

Иако ни одблизу не наликува на неговиот претходник, новиот дизајн наиде на позитивни реакции во медиумите што се занимаваат со автомобилизам.

– Подолго време поставувам дизајни на автомобили на специјализирани веб-страници, но откако го претставив дизајнот со мојата визија за моделот „југо 311", кој кај нас беше познат како „стокец" или „стоеден", станав повидлив за јавноста. Некои медиуми овој концепт го пренесоа како забава и „лажна вест", но имаше и сериозни анализи и критики на релевантни познавачи, вели Михаел.

Инспирацијата дошла како револт на репутацијата што „застава" ја стекнала низ годините. Тоа дотолку повеќе што првиот автомобил во семејството бил сина „застава 101 ГТ". Сакал да ѝ даде нов сјај на детската љубов.

На повидок прв автомобил во производство

Михаел, кој гостиварци го знаат како Мики, не е непознат во светот во кој владее бескомпромисна и силна конкуренција. Првиот позначаен успех го имал пред две години со модел на шведскиот производител „Кeнигсег". Со неговиот познаник Дејан Христов од Скопје прифатиле предизвик да направат нов дизајн за овој произведувач. Дејан ги направил скиците, а Мики сето тоа го преточил во 3Д-форма. Објавата ја забележал Украинецот Андреј Чајковски, кој сакал да инвестира во производството на тој модел. На авторите им платил 2.300 евра, што за Мики бил првиот позначаен хонорар за неговата работа.

– Во моментите на воодушевување го прифатив понудениот износ, но подоцна сфатив дека тоа вреди многу повеќе. Но, сепак, од парите е поважно дека ќе дизајнирате модел што во историјата ќе ве внесе како автор. Тоа всушност ми е и главната цел, да направам дизајн за автомобил што ќе се произведува, појаснува Мики.

Целта е на повидок, од неодамна стапил во контакт со Либанец, кој има бизниси во повеќе земји и сака да инвестира во автомобилската индустрија. Во моментов работи на концепт на суперавтомобил на електричен погон. Дизајнот е готов, а инженери веќе работат на прототипот. Тука гледа шанса и отскочна штица за влез во светот што отсекогаш го фасцинирал.

– Постојано сум во контакт со инженерскиот тим, бидејќи некои технички решенија бараат и измени на дизајнот. Тоа не е лесна работа, со оглед дека до овој момент се детализирани над две илјади делови. Ако треба да се смени нешто на кокпитот, тоа повлекува измена и на други елементи. Така што, сѐ мора да биде милиметарски точно за да се состави моделот и да се произведе прототип. Заради тајноста и обврските кон целиот проект, не можам да дадам повеќе детали ниту да го објавувам моделот, појаснува Мики.

Без формална диплома до експерт за тридимензионална визуализација

Ова момче, кое плени со скромноста, воодушевува и со упорноста да се постигне нешто и да се направи повеќе од животот во провинција. Нема формално образование од дизајн или архитектура. Неговата последна диплома е средношколска. Работи во една гостиварска градежна фирма во која изготвува модели со визуализација на структурални фасади, застаклувања. Негова задача е да ја преточи замислата на инвеститорите и архитектите во нешто видливо, со што потенцијалниот клиент полесно би се одлучил за нарачката. Тој е убеден дека упорноста и вложеното во знаењето се исплатливи и нагласува дека може да се успее ако се има мотивација и ако ја сакаш работата.

– Моите почетоци во 3Д-дизјанот се од пред 15 години. Тогаш тоа беше тешко, бидејќи немаше кој да ми покаже како една програма како „3Д-макс" функционира. Сѐ правев сам и истражував 4-5 години додека ги совладав алатките. Тоа познавање ми овозможи да се вработам во фирмата во која уште работам.

За да влезе во светот на дизајнот особено го инспирирала приказната на гостиварецот Горан Игор Бундалески. Тој пред петнаесетина години како студент со неговите колеги од Машинскиот факултет го направи првиот македонски спортски автомобил и освои награда.

Иако Мики е на прагот на голем успех, тој сепак има скромни очекувања. Повеќе од сигурно е дека ќе набави некоја „ѕвер-машина" за да биде поефикасен. Правењето 3Д-проекти изискува компјутери со силни перфоманси, а таквите достигнуваат вредност од повеќе илјади евра. Не е сигурен дали ќе прифати понуда за да замине од Македонија, но доколку е добра, сепак би прифатил таков предизвик. Засега останува во Гостивар и се бори со пронаоѓање доволно слободно време за да ги исполни барањата и нарачките што му пристигнуваат.

Во меѓувреме ќе се бори со идеите што го очекуваат пред празниот компјутерски монитор и поделените четири полиња./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За некои професии нема одмор – како го поминуваат празничниот ден пожарникарите и лекарите?

За некои професии нема празници. 

За некои професии нема одмор – како го поминуваат празничниот ден пожарникарите и лекарите?

Додека Македонија празнува, има професии кои секогаш се на терен, меѓу нив се докторите, полицијата но и пожарникарите кои секогаш се на готовс без разлика на тоа што станува збор за празник.

Нема празник ниту за вработените во дирекцијата за заштита и спасување – иако денеска информациите оттаму се дека алармантни пожари нема, сепак мобилни екипи на дирекцијата и пожарникари се на терен во месноста Рамно на скопска Црна Гора, каде се уште има активен пожар кој не претставува закана за околните села и објекти. Првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека работата за големи државни празници не е ништо ново за него и вработените – вели дека тие се секогаш подгототвени, но алармира и дека граѓаните треба да бидат одговорни, посебно доколку се одлучат да го поминат празникот на отворено.

– Во суштина сите коишто се наоѓаме во вакви безбедносни области повеќе сме ангажирани во неработни денови – без разлика дали е викенд, празник или неработен ден бидејќи тогаш постои поголема раздвиженост на луѓето. Исто како денес на овој голем ден кога многумина со своите автомобили, се обидуваат да ги посетат своите блиски. Некои можеби ќе заминат во природа кршејќи притоа неколку основни закони, особено значајни за нас како на пример правење на скара. Затоа и ние сме посебно внимателни во текот на неработните денови и ја немаме таа привилегија како другите граѓани за време на неработен ден викенд или празник да бидеме слободни.

Во првите редови кога народот празнува или слави секогаш се и докторите – па така итната медицинска помош во Скопје и денеска ќе има свои дежурни екипи активни во текот на целото деноноќие.

– Секако дека е предизвик, иако е ден за одмор, меѓутоа, сепак, за тимовите и за службата за итна медицинска помош ова не важи, така да, ние сме секогаш спремни за одговор на сите овие вакви предизвици. Денеска располагаме со шест екипи во редовните тимови меѓутоа секако она што остава одбележје на денот е вечерашниот настан, а претходно секако дека имаме и медицински обезбедувања и пред платото на Владата..

За вечерашниот концерт на националната арена Тодор Проески по повод прославата на независноста предвиден е и посебен сообраќаен режим, што значи дека екипи на МВР ќе бидат активни во централното подрачје на главниот град во текот на целата вечер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ретроспектива на 35 години независна македонска држава

Назависноста не беше случајна. Таа е производ на многу жртви, страдања и премрежија. Сепак, и во овие 35 години имаше победи, порази, но и драматично случувања .

Ретроспектива на 35 години независна македонска држава

Од референдумското „за“ под слоганот „Гласам за Македонија“, преку мирното осамостојување и тешката битка за меѓународно признавање, до приемот во Обединетите нации, конфликтот од 2001 година, Охридскиот рамковен договор, спорот за името, Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор – патот на македонската самостојност беше исполнет со историски пресврти, политички кризи, тешки компромиси и постојана борба за стабилност и меѓународна афирмација.

По 35 години независност, македонската државност не започнува со референдумот во 1991 година, туку е продолжение на повеќедецениската борба за национална и политичка самостојност на Македонците и другите граѓани на оваа земја објаснува долгогодишниот новинар Александар Чомовски.

-Македонската независност не падна од небо. Има јасен сигнал дека АСНОМ-ска Македонија го разви чуството кај нејзините граѓани дека можат да управуваат со една своја суверена држава. Она што мислам дека во подготовките и во создавањето на амбиентот, имаше прилична разноличност меѓу потенцијата на населението за своја самостојност, без оглед на стравовите и храброста и одважноста на тогашната политичка елита побрзо и поенергчно да се разделими и да формираме своја држава – вели тој.

Тој вели дека во годините што следуваа и сите политички и безбедносни премрежја, Охридскиот рамковен договор, претставува своевиден „четврти АСНОМ“ кој политички ја стабилизираше државата, и ги зацврсти нејзините темели за долгорочна стабилност и опстојување.

-Македонија со сите премрежја успеа да се стабилизира како независна држава. Имавме огромни потенцијали во нејзиниот мултиетнички карактер, мултикултурен и професионален амбиент што не сум сигурен дека успеавме да го валволизираме во еворпската агенда на државата – оценува Чомовски.

Но, независноста не беше мирен и стабилен процес. Спорот со Грција околу името „Македонија“ стана сериозна пречка во процесот на меѓународна интеграција. И покрај тоа, на 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на ОН беше примена за 181. полноправна членка на Светската организација.

Сепак, поради противењето на Атина, која не го прифаќаше нашето уставно име, зачленувањето во ООН беше направено со привремената референца – Поранешна Југословенска Република Македонија се потсетува долгогодишниот надворешно политички коментатор Љубомир Гајдов.

-Тој 8 ми април е мојот најзначен ден во новинарската кариера. Затоа што на тој ден Македонија стана членка на ОН. Тоа што тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се бунеше како може Глигоров да прифати такво сакато име. Јас им реков дека ние како членка на ОН сме веќе дел на големата светска заедница, не сме анономна непризната држава под влијане на грчкото лоби во Америка. Меѓутоа кога 140 земји од светот не признаа под уставно име на чело со големата тројка Америка, Русија и Кина јас ги прашав моите пријатели од ВМРО –ДПМНЕ кој ќе не признаеше како независна држава под уставно име ако не бевме членки на ОН - се потсетува Гајдов.

Евроатлантската интеграција уште од независноста беше една од стратешките цели на државата. По долгогодишниот наметнат спор со Грција, во 2018 година беше потпишан Преспанскиот договор, по што Македонија го промени уставното и направи досега невидена отстапка за нашето членството во НАТО.

За аналитичарот Петар Арсовски, периодот по 2006 година во земјава главно ги одбележуваа нашите напори за евроатлантските интеграции, домашните политички проблеми, но и меѓународната поддршка за наше членство во ЕУ.

-Најголемата по мене победа е членстовото во НАТО и отворањето на преговорите па дури тоа ако е условено. А најголемиот пораз е што во меѓувреме многу луѓе се иселија. Не гледајќи прерспектива во оваа држава. Не успеавме да направиме функционални институции во кои ќе кажеме не ни се потребни евроатланските ингеграции бидејќи можеме и сами. И на крајот оваа блокада на евроатланскиот пат, односно постојанта ерозија на довербата во ЕУ во домашнот систем итн – заклучува Арсовски.

По 35 години независност, пред Македонија остануваат старите, но и нови предизвици – европската интеграција, владеењето на правото, борбата со корупцијата и сè поголемото иселување на младите. Пораката од државниот врв е дека независноста не е завршена работа, туку обврска на секоја генерација да ја надградува државата. А следниот голем тест е дали Македонија ќе успее да изгради европска иднина во која младите ќе остануваат, наместо да ја бараат надвор од нејзините граници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста

На денешен пред 35 години конечно се оствари вековниот сон на македонскиот народ да има своја сопствена, суверена и назавис на држава – Македонија. 

Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста

Уште рано утринава со низа свечености се одбележува големиот празник. Афродита Рамос ги следи настаните...

Афродита, ти уште од 8 изутрина си на терен, сега си пред платото на Владата, како тече одбележувањето?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер