Горивата поевтинуваат од два до четири денари за литар - Канал 5

Горивата поевтинуваат од два до четири денари за литар

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до четири денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). 

Горивата поевтинуваат од два до четири денари за литар

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 49,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,0 денари и ќе чини 52 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,0 денари и ќе изнесува 42,5 денари за литар, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 2,178 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 16,945 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на светскиот пазар на бензините за околу 24,55 отсто и кај дизелот за околу 31,9 отсто, како и за 0,665 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Што исфрли Црното море, страшната глетка видена во Одеса и во Бугарија и Романија

 За само еден ден, истражувачите открија рекорден број од 22 мртви морски цицачи од редот на китови и делфини (Cetacea) на брегот на Црното Море, во близина на Националниот парк на природата „Тузловски ливани“.

Фото: Што исфрли Црното море, страшната глетка видена во Одеса и во Бугарија и Романија

Ова досега незабележно угинување на строго заштитени видови е директна последица на воените операции, предупредуваат експертите.

За време на редовната обиколка и инспекција на 25 километри од брегот на естуарот Тузловск, научниот тим наишол на катастрофална сцена. Меѓу мртвите животни, биле идентификувани 20 морски свињи (морски свињи), еден клунлив делфин и еден обичен делфин. Сите три вида се под строга заштита на државата и меѓународните конвенции.

Иван Русјев, раководител на научниот оддел на овој национален парк, јавно објави на социјалните мрежи, нагласувајќи дека овие бројки се само врвот на ледениот брег.

„Низ илјадници километри море, веројатно е дека илјадници од нив биле исфрлени на брегот. Исто така, треба да се разбере дека значителен дел од животните што умреле потонале во длабочините на морето. И оваа трагедија, се разбира, не е од локален карактер“, рече Русјев.

Тој додава дека слични случаи на смртни случаи и тела исфрлени на брегот се регистрирани во истиот период (крајот на мај и почетокот на јуни) на романскиот и бугарскиот брег на Црното Море.

Покрај тоа, живи, но тешко контузирани и дезориентирани животни се пронајдени во Одесскиот залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кулминација на Европската минибаскет конвенција – детски кошаркарски фестивал на Кејот на Вардар

Скопје изминатите денови беше европски центар на минибаскетот, а завршницата на 11. Европска минибаскет конвенција беше одбележана со голем детски кошаркарски фестивал на спортските терени на Кејот на реката Вардар.

Кулминација на Европската минибаскет конвенција – детски кошаркарски фестивал на Кејот на Вардар

Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, со поддршка на ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, на Конвенцијата учествуваа претставници од речиси 40 европски земји, што претставува уште една потврда за значењето на овој едукативен настан за развојот на кошарката кај најмладите.

Главната цел на Конвенцијата беше на околу 90 тренери и организатори од европските национални федерации да им понуди современи алатки и методи за успешно воведување на кошарката кај децата на возраст од 5 до 12 години, како и да ја истакне важноста на здравите животни навики и благосостојбата на младите спортисти.

Во текот на четирите дена, учесниците имаа можност да следат теоретски предавања и практични работилници под водство на искусни меѓународни тутори, разменувајќи знаења и искуства во областа на минибаскетот.

Круна на настанот беше денешниот минибаскет фестивал, на кој повеќе од 300 деца, заедно со своите тренери и учесниците на Конвенцијата, речиси два часа уживаа во кошаркарски активности, игри и дружење исполнето со позитивна енергија.

Потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Младен Ѓуроски, упати благодарност до сите клубови кои беа дел од фестивалот и истакна дека без нивната поддршка и учество, настанот немаше да ја има истата вредност и значење.

Тој се заблагодари и на тренерите, како и на најмладите кошаркари и кошаркарки, нагласувајќи дека токму преку вакви проекти се создаваат услови за развој на идните генерации талентирани спортисти.

Еден од главните предавачи на Конвенцијата беше Серхио Лара Берсијал, кој на затворањето изрази силна поддршка од ФИБА Европа за работата што ја реализираше македонската федерација во организацијата на овој значаен настан.

Во име на тренерите кои учествуваа на четиридневната едукација се обрати Едина Муса Димитровски.

„Навистина ме радува што гледам толку многу деца собрани денес овде, подготвени да тренираат, да учат и да се дружат заедно. Денешниот настан е дел од програмата на ФИБА, која во соработка со Кошаркарската федерација на Македонија овозможи 60 тренери од 40 различни држави да бидат дел од овој фестивал и да работат со нашите деца.

Денот беше исполнет со насмевки, нови пријателства, убави искуства и многу кошарка, што е најдобра потврда за вредноста на ваквите проекти“- истакна Димитровски.

Меѓу специјалните гости на Конвенцијата беа и Радмила Тарнер, Терен Булок,, раководител на Фондацијата ФИБА, како и Мирослав Крогулец, потпретседател за спорт и организациски развој за регионот Европа/Евроазија во движењето на Специјалните олимписки игри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зејдок Јохана потпиша петгодишен договорсо Брајтон

Досегашниот фудбалер на шведскиот АИК, Зејдок Јохана, е нов член на Брајтон, објави англискиот клуб. 

Зејдок Јохана потпиша петгодишен договорсо Брајтон

Јохана потпиша петгодишен договор со Брајтон, а Би-Би-Си објави дека клубот од Премиер лигата му платил на клубот од Стокхолм обештетување од 21,5 милиони фунти за 18-годишниот нигериски крилен напаѓач.

Младиот Зејдон досега одигра 18 натпревари за првиот тим на АИК, на кои постигна пет гола и четири асистенции.

Тренерот на Брајтон, Фабијан Хурцелер, рече дека со нетрпение очекува да работи со Јохан.

„Откако ги видов неговите игри и неговите карактеристики, тој е играч кој може да направи разлика во последната третина. Тој е сè уште млад и ќе му треба време да се адаптира на клубот и на Премиер лигата, но е возбудлив играч за гледање и носи креативност во која ќе уживаат нашите фанови“, рече Хурцелер, како што објави Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер