ЖивотВидео: Трамп јава лав?!Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави „лудо“ видео, генерирано од вештачка интелигенција,.Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави „лудо“ видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека во позадина ечи песна чии текстови го уверуваат дека „сите го сакаат“. Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на снимки од Трамп, меѓу другото, како скока со падобран и јава лав, додека глас во позадина ритмички скандира: „Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, каде и да одам, сите го сакаат Доналд Трамп“. Trump is beginning his day by posting deranged AI slop pic.twitter.com/3uxVFS9aNk — Aaron Rupar (@atrupar) June 6, 2026 Во еден особено впечатлив дел од видеото, Трамп јава камила низ пустината, додека песната во тој момент вели: „На Блискиот Исток го обожаваат Доналд Трамп“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53
МакедонијаНа различни локации во Скопје пронајдени тројца починати Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково. Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја одреди цената за својот разноврсен дефанзивец Андреа Камбијасо, за кого интерес покажуваат богатите европски великани Барселона и Челзи.Според италијанските медиуми, клубот од Торино нема намера да го пушти за помалку од 30 милиони евра. Според „Скај Спорт Италија“, Барселона во последните денови активно се распрашува за можноста за доведување на Камбијасо. Во исто време, „Калчомеркато.ком“ пишува дека Јувентус е подготвен да ги слушне понудите, но дека нема да го продадат 26-годишниот италијански репрезентативец за помалку од 30 милиони евра. Камбијасо претходно беше поврзуван со Комо и Интер, но Јувентус во моментов не е во напредни преговори со ниту еден од заинтересираните клубови. Камбијасо, кој може да ги покрива двете бековски позиции, има договор со Јувентус до јуни 2029 година. Поранешниот играч на Џенова и Болоња имаше успешна сезона во Јуве , во која одигра 47 натпревари за „бјанконерите“ во сите натпреварувања.Тагови: БАРСЕЛОНА Јувентус Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамкаСоцијалдемократскиот сојуз денеска го одржува 32-иот конгрес, на кој партијата ги дефинира идните политички насоки и приоритети на партијата.. Во фокусот е усвојувањето на нова идеолошка платформа и програмска рамка. Конгресот во Скопје го следи Јана Јосифоска. Јана, што се очекува да произлезе од собирот на социјалдемократите како финален документ? Во видеото погледнете го целиот извештај Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53