Горештините допрва доаѓаат, расте бројот на повици кон брзата помош

Некој ја бара и најмалата сенка во парковите, други под клима и не излегуваат од дома, трети пак се разладуваат во Вардар.

Скопје веќе се „крчка“, а допрва следуваат вистинските горештини, граѓаните велат жештините полека стануваат неподносливи, одвај ги чекаат одморите, а им недостасува и оној препознатлив провев во Скопје кој веќе со години го нема.

Пеколните температури може да достигнат до 40 степени, од УХМР велат ја следат состојбата, не се исклучува можноста од повторно прогласување на жолта или портокалова фаза во одредени делови од Македонија...

-Од среда, времето под влијание на топла воздушна маса ќе биде стабилно и суво, во текот на целиот ден претежно сончево со високи вредности на УВ индекс и максималните температури очекуваме да бидат во покачување и прогнозата засега е тие да бидат во интервал од 31 до 39 степени, меѓутоа состојбата секојдневно ќе се следи за да можеме да прогласиме дали ќе има жолта или портокалова фаза во однос на високите температури,-Ивана Петровиќ – Синоптичар – УХМР.

Ваквите температури се аларм и за здравјето, поготово ризик е за оние со хронични болести. Веќе поинтензивно ѕвони и телефонот на Брза Помош, каде се пријавуаат вртоглавици, несвестици, мозочни удари и потешкотии со дишењето, а зголемен е бројот и на сообраќајните несреќи, како резултат на намалена концентрација поради жештините. Д-р Карамановски вели дека во вакви случаи клучна е првата помош, додека пристигнат екипите на терен.

-Да биде тргнат на страна, дали сам, дали од околината, да побара помош, да биде седнат, легнат, да се раскопча, да може слободно кожата да дише, во ситуација каде веќе се продлабочува губитокот на свеста, да се подигнат нозете, ако има нешто солено да се касне, автоматски се качува притисокот и настанува централизација на цел крвоток,-- Д-р Ѓорѓи Карамановски – Итна медицинска помош.

Помеѓу 10 и 17 часот да не се излегува, бидејќи температурите се тогаш највисоки, а доколку мора да се излезе во тој период, клучно е да се носи вода, светла и памучна облека, капа и сериозно да се внимава на храната.

Во овој период е лесно расиплива, треба да се избегнува храна што е помрсна, да се избегнува храна што побргу се обработува, да се зема повеќе зеленчук, особено е важно да се внимава кога се земаат сладоледи или хамбургери и каде што има повеќе производи кои се прават од јајца бидејќи се полесно расипливи и често поради тие салмонели поради кои се јавува труење со храна.

Дневно на 194 и 112 поради потреба од итна помош се јавуваат стотици граѓани, но не сите имаат вистинска итност, па некогаш повиците се завршуваат и со одредени совети. Но од Брза Помош апелираат, доколку нема навистина потреба да не се јавуваат граѓаните, за да може да се помогне на оние на кои навистина им треба, бидејќи во период на одмори недостасуваат и екипи.

Зеленски: Путин сака да манипулира со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да „манипулира“ со претседателот на САД, Доналд Трамп, кога зборува дека за војната во Украина сака да преговара со САД.

- Тој сака да манипулира со желбата на претседателот на САД да постигне мир, истакна Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека е уверен оти ниту една руска манипулација сега не може да успее.

Крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Во холот на Домот на АРМ во Скопје денеска ќе се одржи крводарителска акција во спомен на хуманоста на Тоше Проески.

- Во рамките на традиционалните крводарителски акции на ЦК на град Скопје е и акцијата која се организира во спомен на хуманоста на нашата ѕвезда Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме. Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост, се вели во соопштението на Црвениот крст на Град Скопје.

Како што посочуваат, на овие акции собрани се над 5 500 единици крв, што зборува за позитивниот пример на Тоше, запаметен како голем хуманист и крводарител.

Хегсет избран за министер за одбрана на САД

 Пит Хегсет со тесно мнозинство е избран за министер за одбрана на САД. Педесет сенатори гласаа „за“, но ист толкав број гласаа „против“. Поради изедначениот резултат од гласањето, одлуката ја донесе потпретседателот Џеј-Ди Венс.

Сите демократски сенатори гласаа против кандидатурата на Хегсет, како и тројца републикански сенатори. Вторпат во историјата за кандидат за министерско место да се одлучува со гласање на потпретседателот. Првпат се случи во 2017 година кога Бетси ДеВос стана министерка за образование.

Хегсет (44), поранешен водител на „Фокс њуз“ и одликуван ветеран, ветува големи промени во Пентагон.

Откако беше објавена неговата кандидатура, критичарите ги доведуваат во прашање неговите квалификации за функцијата, укажаа на проблематичната природа на неговиот темперамент, како и неговите минати ставови за жените во борбените единици.

За време на процесот на одобрување за неговата кандидатура, се појавија низа обвинувања против Хегсет, како за семејно насилство, а е обвинет и за прекумерно консумирање алкохол и финансиско лошо управување во организациите на ветераните.

Тој вети дека ќе се воздржи од алкохол доколку биде избран за министер и призна грешки во финансиското управување, но негираше дека сторил нешто лошо.

притисни ентер