Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
1Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
3Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
3Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотГолемата суша во Шпанија и Португалија откри „село на духови“ (ВИДЕО)Долготрајната суша во централна Португалија ги откри урнатините на село кое завршило под вода пред речиси 70 години, а суша ја погоди и соседна Шпанија.„Никогаш не сум го видел тоа! рече 76-годишниот Карлос Пердигао над остатоците од камената куќа во селото Вилар, која била поплавена од реката Зезере по отворањето на браната во 1954 година. Вилар се наоѓа на неговите брегови, а денеска е опкружен со испукана жолта почва, што е уште еден знак за сушата која трае во инаку дождливата зимска сезона. Суша ја погоди и соседна Шпанија. Метеоролошките служби на двете земји објавија дека годинава е вториот најсушен јануари од 2000 година. Сегашната суша е извонредна поради нејзиниот „интензитет, обем и долготрајност“, изјави климатологот Рикардо Деус од португалската метеоролошка служба IPMA. Од вкупно 55 брани во Португалија, 24 задржуваат само половина од нивниот воден капацитет, а пет се на помалку од 20 отсто, соопшти Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата. Најтешко е погодена Алгарве, најјужната провинција на Португалија, една од главните туристички дестинации во Европа. Шпанија, пак, има четвртина од вообичаените врнежи во споредба со другите години, покажуваат податоците на метеоролошката служба АЕМЕТ. Сушниот период кој започна на крајот на 2021 година го намали производството на енергија во хидроцентралите и ги уништи посевите, што ги загрози и сточарите и исхраната на нивните животни. Претходно овој месец, Португалија нареди пет хидроцентрали да престанат да користат вода за производство на електрична енергија за да биде достапна за луѓето. Речиси 30 отсто од португалската електрична енергија доаѓа од браните. Шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас во вторникот рече дека владата е „загрижена“ поради сушата и дека ќе воведе „неопходни мерки“, во зависност од развојот на настаните. Резервите на вода во Шпанија моментално се на помалку од 45 отсто од капацитетот, рекоа официјалните лица. Најпогодени се јужниот дел на Андалузија и североисточната провинција Каталонија. Сточарите во двете земји се загрижени. „Тревата со која што ја храниме стоката не расте“, рече Антонио Естевао, производител на сирење кој има околу 30 кози во Портела де Фојо Мачио, село во централна Португалија, во близина на градот Пампилхосе да Сере. „Ако не врне дожд во следните неколку дена, ќе биде многу комплицирано“, рече тој, гледајќи ги сувите пасишта. Таа област беше погодена од разорни пожари во 2017 година кои однесоа повеќе од 100 животи. Се очекува сè почести и интензивни суши да вршат огромен притисок врз климатските ранливи региони и да го зголемат ризикот од природни катастрофи како што се пожарите, велат научниците. Иако промената на влажните и сушните периоди е честа појава на југот на Европа, „има пад на процентот на врнежливи години“ во изминатиот период, изјави Филипе Дуарте Сантос, експерт за животна средина на Универзитетот во Лисабон. Овие суши се „една од најсериозните последици од климатските промени“, додаде тој. „Додека драстично не се намалат емисиите на стакленички гасови, проблемот ќе продолжи.“ Проблемот нема да се реши во наредните недели бидејќи метеоролозите продолжуваат да прогнозираат врнежи од дожд кои се потпросечни. Соочена со проблемот, португалската влада во четвртокот објави дека ќе ја зајакне својата соработка со Шпанија во борбата против сушата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
ЕкономијаМицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен животДенес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство.„Почитувана госпоѓо Харасти, Почитувана госпоѓо Колумбија, Министре Дурмиши, Почитувани претставници на Владата, Дами и господа од синдикатите, работодавачите и од сите засегнати страни во процесот, Простете ако некого испуштам, но се трудам сите да ги споменам. Денес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство. Зборуваме за достоинството на трудот, за правото на секој човек да има пристојна работа, праведна плата, безбедни услови и можност да напредува. Затоа што економијата не се состои само од бројки, статистики и проценти. Зад секоја бројка стои човек. Зад секоја плата стои семејство. Зад секое ново работно место стои надеж за подобар живот. И токму затоа, денешното потпишување на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година го гледам како важна заедничка обврска. Обврска на Владата, на работодавачите, на синдикатите и на сите институции коишто имаат одговорност за иднината на македонската економија. Нашата цел е јасна: да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот. Почитувани, Изминативе години се соочувавме со сериозни предизвици. Недостиг од квалификувана работна сила, иселување на младите, недоволна продуктивност, неусогласеност меѓу образованието и потребите на компаниите. Тоа се проблеми кои не се решаваат преку ноќ. Но се решаваат со јасна стратегија, со одлучност и со партнерство. Ние сакаме економија која расте, но уште поважно, економија чиј раст го чувствуваат граѓаните. Сакаме повеќе инвестиции, но инвестиции кои создаваат квалитетни и доброплатени работни места. Сакаме успешни компании, затоа што без успешни компании нема силна економија. Но истовремено сакаме и задоволни, заштитени и мотивирани работници. Овие две цели не се спротивставени. Напротив, тие се меѓусебно поврзани. Нема силна економија без силни компании. Но нема ниту вистински успешна држава без работници чиј труд е праведно вреднуван. Токму затоа нашите политики се насочени кон зголемување на продуктивноста, развој на нови вештини, подобрување на работните услови и отворање нови можности за вработување. Особено внимание посветуваме на младите луѓе. Не сакаме младите својата иднина да ја гледаат единствено надвор од својата татковина. Сакаме тука да ја добијат својата прва шанса, тука да градат кариера, тука да создаваат семејства и тука да ги остваруваат своите амбиции. Исто така, мораме да создадеме повеќе можности за економско зајакнување на жените, за нивно поголемо учество на пазарот на трудот и за еднакви можности за професионален развој. Тоа не е само прашање на социјална праведност. Тоа е прашање и на економски напредок. Дами и господа, Меѓународната организација на трудот е наш долгогодишен партнер. Со нејзина поддршка се развиваа важни механизми за социјален дијалог, заштита на работничките права, минимална плата, вработување на младите и мирно решавање на работните спорови. Денес тоа партнерство го продолжуваме со нова програма и со нови приоритети. Пред нас се реформите на трудовото законодавство, модернизацијата на институциите, зајакнувањето на инспекцискиот надзор, развојот на вештините и подобрувањето на конкурентноста на нашите претпријатија. Сакам да нагласам нешто што е особено важно. Законите се важни. Програмите се важни. Меморандумите се важни. Но најважно е граѓаните да ги почувствуваат резултатите од нив. Работникот да почувствува поголема сигурност. Младиот човек да добие вистинска можност. Жената да има еднаква шанса за напредување. Работодавачот да има услови да инвестира, да создава и да отвора нови работни места. Тоа е суштината на нашата заедничка работа. Почитувани пријатели, Верувам во Македонија која создава. Во Македонија која произведува. Во Македонија во која успехот доаѓа преку знаење, посветеност и чесна работа. Верувам дека најголемиот ресурс на нашата земја не се само природните богатства, инфраструктурата или инвестициите. Нашето најголемо богатство се луѓето. Работникот во фабриката. Земјоделецот на нивата. Лекарот во болницата. Наставникот во училиштето. Инженерот, претприемачот, занаетчијата. Секој човек кој со својот труд придонесува за нашата заедничка иднина. Нивниот труд заслужува почит. Нивната работа заслужува сигурност. Нивните семејства заслужуваат подобар живот. И затоа нашата задача не е само да отвораме нови работни места, туку да создаваме услови во кои секое работно место ќе носи перспектива, достоинство и надеж. На крајот, дозволете ми да се заблагодарам на Меѓународната организација на трудот, на госпоѓа Колумбија, на нашите социјални партнери и на сите коишто придонесоа за подготовката на оваа програма. Денес потпишуваме документ, но нашата вистинска обврска започнува утре — со неговото спроведување. Затоа што достоинствениот труд не е привилегија. Тој е право. А достоинствениот живот не смее да биде недостижна желба. Тој мора да биде реалност, реална можност за секој наш граѓанин. За таква држава работиме. Македонија во која трудот се исплати, успехот се вреднува, а иднината се гради дома. Ви благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
МакедонијаЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! -Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето!Кој утре ќе ги лекува граѓаните? Кој ќе проектира мостови, ќе развива нови технологии, ќе ги води научните институции и ќе ја движи економијата? Партиските директори? Партиските книшки? Или очекуваме вечно да увезуваме знаење додека сопственото го извезуваме бесплатно? Како сме тргнале, наскоро нема да биде прашањето која партија ќе управува со институциите, туку дали воопшто ќе останат доволно стручни луѓе што ќе можат да ги водат! Владата соопштува дека буџетот за наука пораснал од 380 милиони денари во 2024 година, на 680 милиони во 2025 година и 773 милиони денари во 2026 година. Но, зголемување од ниска основа не е исто што и достигнување на европските стандарди! Европската комисија во извештајот за 2025 година предупредува дека вложувањата во истражување и иновации остануваат многу ниски, а учеството на приватниот сектор е маргинално. И додека Владата ги брои милионите, резултатите од ПИСА тестирањето ја покажуваат загрижувачката состојба во образованието. Само околу 35% од нашите 15-годишни ученици го достигнуваат основното ниво на знаење во природните науки, наспроти 76% во земјите на ОЕЦД. Ова не се само проценти. Ова е предупредување за иднината на цела држава! Според меѓународните податоци, Македонија во 2021 година вложувала само 0,38% од БДП во истражување и развој, додека Словенија во 2023 година издвојувала 2,13%. Иако станува збор за различни години, разликата јасно покажува колку голем развоен јаз треба да надминеме. Со децении политиката создава простор за партиски вработувања, додека талентирани млади луѓе бараат можности надвор од Македонија. Не можеме да градиме европска држава со партизација, потценети научници, недоволни инвестиции и генерации на кои единствена перспектива им е билет во еден правец! ЛДП бара Владата да престане да ги претставува буџетските зголемувања како конечен успех и да понуди конкретен план за достигнување на европските стандарди во науката и образованието. Бараме поголеми и предвидливи вложувања, модерни лаборатории, поддршка за младите истражувачи, поврзување на универзитетите со стопанството и департизација на институциите. Бараме и јавен отчет за тоа колку од најавените средства навистина се инвестирани во научни проекти и какви резултати се постигнати. Владата мора да одговори: Каква Македонија планира да остави зад себе – држава на знаење, иновации и способни луѓе или држава со партиски директори, празни институции и млади што заминуваат? Без наука нема развој. Без стручни луѓе нема функционални институции. А без младите нема иднина за Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
ФудбалКристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нацииЖезус и Кристијано ги смируваат страстите? Притисокот од јавноста вроди со плод – Кристијано Роналдо се враќа во тимот на Португалија за Лигата на нации. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Кристијано Роналдо е вклучен во проширениот список на португалскиот селектор Жорже Жезус за претстојните натпревари во Лигата на нации против Данска и Велс, пренесува угледниот португалски весник „А Бола“. Вклучувањето на капитенот на Португалија во прелиминарниот список не значи дека тој сигурно ќе биде дел од тимот за претстојниот собир, но претставува важен чекор кон неговото враќање во националниот состав. Претходно, Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска, откако претходно се загреваше на средбата против Норвешка, но не настапи. Поради тој потег, следеше дисциплинска санкција, при што Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Португалија му изрече суспензија во траење од 30 дена. Сепак, казната истекува пред почетокот на следниот собир на националниот тим, па постои можност искусниот напаѓач повторно да биде дел од екипата. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Поради ова, значителен број играчи од првичниот список ќе отпаднат од конечните планови на селекторот. Португалија веќе обезбеди место во четврт-финалето на Лигата на нации, откако оствари четири победи на четири натпревари. Уште еден бод би бил доволен за и математички да се потврди првото место во групата. Враќањето на Роналдо, на тој начин, останува една од главните теми пред следните репрезентативни предизвици, но конечната одлука за неговото место во тимот ќе биде позната дури откако селекторот ќе го објави конечниот список.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter