Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотСкандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакцијаПоранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом. Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“. Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк. Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост. Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“. Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп. Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп. Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.Тагови: Доналд Трамп Епстин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
СветКралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропствотоКралот Чарлс оваа недела заминува на турнеја низ Карибите, во време кога во регионот се засилуваат повиците Велика Британија да плати репарации за својата улога во трговијата со робови, објави денеска Ројтерс.Кралот и неговата сопруга Камила најпрво ќе ги посетат Бахамите и Гвајана, а потоа ќе отпатуваат во Антигва и Барбуда за состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот (CHOGM), кој се одржува на секои две години. Турнејата ќе трае од 27 октомври до 4 ноември. На претходниот состанок на лидерите на Комонвелтот во 2022 година, Чарлс изрази длабоко жалење во врска со ропството – тема што сигурно повторно ќе биде покрената. Комонвелтот претставува група од 56 земји, од кои повеќето се поранешни британски колонии. Минатиот месец, „CARICOM“ – заедница од 23 карипски нации, вклучувајќи ги Бахамите, Барбадос и Јамајка – објави дека прашањето за репарациите ќе биде дел од дневниот ред на „CHOGM“. „Карипскиот регион постојано нагласува дека прашањето за репарациите, во својата суштина, е прашање на правда“, изјави генералниот секретар на „CARICOM“, Карла Барнет, во говор минатиот месец. Кралот нема да упати формално извинување „Станува збор за признавање, одговорност и трансформација – градење праведна и еднаква иднина за потомците на оние кои, како сопственост на колонијалните господари, претрпеле незамисливи страдања, како и губење на животот и слободата“, рече таа. Иако од Бакингемската палата изјавија дека кралот нема да ја избегнува темата за вмешаноста на Британија во трансатлантската трговија со робови за време на неговата турнеја, тој сепак нема формално да се извини за тоа, како што некои бараат. Ова е во согласност со политиката на британската влада, која исто така ја отфрла можноста за какви било финансиски репарации. „Овде е важно да се истакне долгогодишната работа на Неговото Височество во насока на признавање на грешките од минатото и обидите да се пронајдат креативни начини за исправување на нееднаквостите што сè уште постојат“, изјави портпарол на палатата. „Извинувањето не би било на одмет“ Ширли Бочвеј, генерален секретар на Комонвелтот на нациите – организација која опфаќа околу 2,7 милијарди луѓе – минатата недела изјави дека дошло време да се разговара за репарации, било да се тие финансиски или од друг вид, како што е враќањето на историски или културни предмети. Што се однесува до извинувањето од кралот, кој сè уште е шеф на државата во голем број карипски земји, вклучувајќи ги Бахамите и Антигва и Барбуда, Бочвеј за „Скај њуз“ изјави дека „тоа не би било на одмет“. Како што пренесува „Ројтерс“, во периодот од 15-тиот до 19-тиот век, европски трговци киднапирале и продале најмалку 12,5 милиони Африканци како робови. Притоа, Велика Британија била одговорна за транспортот на приближно 3,2 милиони луѓе, што ја прави втора најактивна европска земја во тој поглед, веднаш по Португалија. Извор: Индекс.хрТагови: британски колонии Кралот Чарлс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУбиена пензионерка во Ѓорче ПетровВо населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, информираат од МВР. Во населбата Ѓорче Петров во Скопје утринава била пронајдена почината 76 годишна жена, потврдија од МВР. Велат дека во 09:18 часот, во СВР Скопје, М.А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О.А.(76) без знаци на живот. „Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла својата мајка О. А. (76), без знаци на живот. Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство“. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за смртта и расчистување на случајот. Засега нема официјални информации за можен сторител или мотив. Истрагата треба да ги утврди околностите под кои починала жената.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
МакедонијаКузеска: Падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со МицкоскиИсториската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски.Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност. Сега на граѓаните сè им е јасно. За криминалните тендери. За Адамовиќ, Руднап, Божиновска, бизнис мрежите на Мицкоски што водат до Србија. За бизнисите со струја, енергетика, броила. Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара. Се објавуваат информации за тоа кој е „Оскар“ во преписките на наркобосовите од платформа „Скај“. Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија. На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија а беше запрена во Европа. Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка. Јасно е и зошто е црната кампања и постојаната пропаганда против СДСМ и против претседателот Филипче. Водена од началникот Латас и неговата Ивона Талевска. Зошто го прават убиец на деца, доктор Менгеле, зошто постојано има црни кампањи, Дубаи, згради со лични напади и навреди. Јасно е за влезот на српскиот Еуроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. За ботовите на СНС, нивната бот-централа, платформа и трол фарми, во поддршка на ВМРО. Јасно е зошто исти лоби куќи се поврзани со Вучиќ и Мицкоски, со 4iG, со Орбан, со рудниците за антимон. Во Унгарија се уапсени тројца министри од владата на Орбан. Има истрага за кинескиот кредит чии пари завршија кај Мицкоски. Сè станува јасно затоа што сè е поврзано. И конечно, сега на граѓаните им е јасно дека по истиот рецепт на Вучиќ од Србија се прават партии-сателити - за да се цепка опозицискиот глас. Затоа ЗНАМ и затоа Платформа ЗНАМ 2.0. Затоа рускиот Спутник како Левица. Сè е тоа школо на Вучиќ . Рецепт на менторот на Христијан Мицкоски. Затоа што СДСМ е единствената, неконтролирана опозиција. Заклучокот е многу едноставен. Позади сето ова стои една криминална организација. Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО - организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Христијан Мицкоски. Следат разврски, следат истраги, следи расчистување со криминалната организација, делче по делче. Сите тие разврски ќе завршат и во Македонија со соработниците на Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – членка на Извршниот одбор Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook