Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет
2Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет
3СДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во Македонија
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
3Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
БалканГолема акција во Албанија: Уапсени 233 дилери, продавале дрога во близина на училишта(ВИДЕО)Властите во Албанија денеска уапсиле 233 лица во рамки на акцијата против дилери на дрога.Според нивните изјави, се трага по уште 82 лица. Истиот ден беа одобрени решенија за претрес на 356 објекти. Според директорот на државната полиција, Мухамет Румбулаку, во рамките на оваа акција биле погодени 23 криминални групи. - Дваесет и три криминални групи вклучени во дистрибуција на наркотици во близина на училишта во простории и станбени блокови беа погодени во рамките на акцијата со кодно име Темпули. Станува збор за наркотици како кокаин, хероин, канабис, а има и огнено и ладно оружје. Акцијата беше проширена во Тирана, Драч, Корча, Елбасан и Валона - рече тој. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Таулант Бала, како алармантен го оцени фактот што сѐ поголем број млади луѓе користат опојни материи. - Употребата на дрога кај младите се зголемува, а се намалува и возраста на оние кои првпат употребуваат дроги, почнувајќи од училиште. Зголемена е и употребата на синтетички дроги. И денеска при полициската акција беше откриена дрога која претходно ни беше непозната во Албанија. Ова е еден вид аларм за институциите. Родителите и општеството мора заедно да реагираат – рече министерот. Бала најави нов план за безбедносни мерки во училиштата. Според неговите зборови, Министерството за внатрешни работи е посветено да ја продолжи оваа борба. Тој побара институциите, училиштата, семејствата и граѓанското општество да се здружат во превенцијата од употребата на дроги. - На терен ќе има конкретни мерки за елиминирање на заканата по јавното здравје и безбедност од употреба на дрога. Ќе направиме сѐ за да спречиме криминалните групи да се приближуваат до училиштата во рамките на безбедносните граници - изјави Бала и најави дека наскоро ќе бидат објавени предлози за измени на Кривичниот законик со кои ќе се удвои казната за кривичните дела што се случуваат во близина на училиштата, објави ТВ Клан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Нема место за шеријат во САД“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да го забрани шеријатскиот закон во Соединетите Американски Држави и додаде дека „нема место за шеријат во САД“.„Што се однесува до шеријатот, категорично би рекол дека шеријатот нема место во оваа земја. Нема шеријат“, рече Трамп за време на интервју со конзервативниот ТВ водител Глен Блек. Американскиот претседател рече дека има места каде што шеријатот е присутен, наведувајќи ги Лондон и Париз како примери. „Како што знаете, одите во Лондон, одите во Париз, тоа е речиси како поинаков начин на живот. Смешно е“, рече Трамп. Американскиот претседател истакна дека шеријатот е присутен до одреден степен во Соединетите Американски Држави. „Каде што го гледаме, го отстрануваме. Мора да се отстрани“, рече Трамп, додавајќи дека правниот систем во САД е „најдобар и покрај неговите несовршености“. Доналд Трамп даде слични забелешки за Лондон минатата година, напаѓајќи го градоначалникот на британскиот главен град, Садик Кан, за време на неговиот говор пред Генералното собрание на ОН. „Го гледам Лондон, каде што имате ужасен градоначалник, навистина ужасен градоначалник. Сè се промени толку многу. Сега сакаат да воведат шеријатски закон“, рече Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСтојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџетВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на школскиот прибор за 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало.Во пресрет на почетокот на новата учебна година, ова значи вистинска грижа за граѓаните, родителите, учениците и смејните буџети, каде ќе се купуваат повеќе производи потребни за школската година, а ќе се троши помалку. Покрај намалувањето на цените на училишниот прибор, особено важно е што со новата владина одлука се обезбедува и транспарентност во однос на цените. Трговците се должни, покрај новата, намалена цена, јасно да ја прикажат и старата цена на производот, каде како базна ќе се зема цената која важела на 1 јуни 2026 година. Тоа значи дека граѓаните ќе можат јасно и транспарентно да видат колкава била цената претходно и колку изнесува намалувањето, така што на тој начин се обезбедува поголема сигурност за потрошувачите и се спречува можноста за манипулации со цените. Одлуката ќе важи до 30 септември 2026 година, период во кој граѓаните ќе имаат можност да ги набават производите опфатени со мерката по намалени и јасно означени цени. Станува збор за конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во периодот кога нивните трошоци се најголеми поради подготовките за новата учебна година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е родителите да имаат помал притисок врз семејниот буџет, а секое дете да може да ја започне новата учебна година со потребниот прибор. Ташни, ранци, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, фломастери, линијари, дидактички материјали, се што е неопходно за почетокот на учебната година, ќе се купува по намалена цена. Пониски цени, јасно означени цени и конкретна поддршка за граѓаните. Владата ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и да носи мерки кои даваат реални и видливи резултати кои прават значителни заштеди на семејните буџети. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во МакедонијаСе потврдува сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност.Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ власта на Мицкоски ја спроведува и во Македонија. Влегува српската медиумска машинерија во Македонија и тоа на сомнителен начин со заобиколување и злоупотреба на македонските закони. За ова сериозно прашање денеска алармираат и националните телевизии и јавниот сервис МРТ. Македонската медиумска асоцијација ММА и МРТ соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола. Сериозно е нивното тврдење дека АВМУ ги третира како странски програмски сервиси, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се во Македонија, а програмата се емитува на македонски јазик. Истиот модел сега се подготвува и за Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата. СДСМ со месеци предупредува: проектот на Вучиќ и неговиот „српски свет“ кој Мицкоски го спроведува и во Македонија не само преку „copy-paste“ политиката туку и преку медиумите, капиталот и контролата врз информациите. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да воспостави контрола врз медиумскиот простор. Операцијата за градење структура која треба да ја зајакне веќе постоечката Орбанова медиумска мрежа во Македонија ја водат Началникот задолжен за пропагдана на Мицкоски, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. СДСМ во целост ги поддржува баарањата на телевизиите кои јавно предупредија дека нема да го дозволат и побараа институциите да утврдат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook