Веб ТВГолем пожар во Кисела Вода, црн чад се гледа од повеќе делови на СкопјеFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаОЈО: Притовр за четири лица за илегална трговија со дрога во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога.Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од 50 и 19 години, кои во домот на ул. „Македонско-косовска бригада“ заеднички држеле околу пет килограми марихуана, спакувани во повеќе ќеси и наменети за натамошна продажба. При претресот во нивниот дом полицијата пронашла и три дигитални ваги со траги од дрога. Истрага е поведена и против 25-годишник од Арачиново кој неовластено заради продажба држел околу 1,8 килограми марихуана спакувана во десет пакувања и една дигитална вага, кои му биле пронајдени при претрес и одземени. За истото кривично дело осомничен е и 23-годишен жител на Аеродром, кој во напуштена подрумска просторија на булеварот АСНОМ, осомничениот заради продажба неовластено држел 640 грама психотропна супстанција амфетамин, 541 жолти таблети, како и 0,15 грама жолта грутчеста материја која претставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин. Кај него биле пронајдени и 69 перфорирани жолти картончиња со присуство на ЛСД, како и дигитални ваги и други предмети на кои имало остатоци од психотропни супстанции, кокаин и канабис. За сите четворица осомничени јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПоранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања Јужнокорејскиот суд денеска го осуди поранешниот претседател Јун Сук Јеол на 18 месеци затвор,условно на три години, откако го прогласи за виновен за кршење на изборниот закон со давање лажни изјави за време на претседателската кампања во 2022 година.Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по неговата претседателска победа. Лажни изјави во кампањата Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун дал лажни информации двапати за време на кампањата, помеѓу декември 2021 и јануари 2022 година. „Кога кандидатот лично објавува лажни информации на јавни настани со големо влијание, како што се дебати и интервјуа, влијанието врз донесувањето одлуки на гласачите е многу значајно“, рече судот во својата пресуда. Обвинителите побараа двегодишна затворска казна, додека Јун, кој негираше какво било кривично дело, планира да поднесе жалба на пресудата, рече неговиот правен советник. Партијата би можела да изгуби милиони Според изборниот закон на Јужна Кореја, политичките партии добиваат државна компензација за трошоците за кампањата ако нивниот претседателски кандидат победи или добие најмалку 15 проценти од гласовите. Доколку кандидатот последователно добие затворска казна или парична казна од најмалку еден милион јужнокорејски вони, партијата мора да ги врати примените средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКоњаниците тргнаа кон Крушево- почна 48. Илинденски коњички маршОколу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, попладнево, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, тргнаа кон Крушево.Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. – На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook