3Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
БалканГолем пожар беснее во близина на Атина, се евакуираат села (ВИДЕО)Шумски пожар , разгорен од силни ветрови беснее низ планинска област во близина на домови на периферијата на грчката престолнина, поради што властите наредиле евакуација на најмалку една област.78 пожарникари заедно со 22 возила и 16 канадери и хеликоптери се обидуваат да го локализираат пожарот во Пентели, на околу 27 километри од центарот на Атина, пред тој да се прошири. Портпаролот на противпожарната бригада изјави дека шумскиот пожар не им се заканува директно на домовите, но дека е тешко да се контролира. Државната телевизија ЕРТ соопшти дека властите околу 16 часот наредиле евакуација на областа Драфи. Агенцијата Франс прес пишува дека грчката цивилна одбрана повикала на евакуација на шест села, а пожарот поттикнат од силните ветрови довел до затворање на некои патишта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТуск: „Орбан? Тоа е смешно“Полскиот премиер Доналд Туск смета дека информациите за номинацијата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за функцијата генерален секретар на ОН – наводно промовирана од Соединетите Држави – се смешни.Кога беше прашан за потенцијалната кандидатура на Орбан за местото генерален секретар на ОН, полскиот премиер молчеше неколку секунди, потоа се насмевна и на крајот крена раце. „Пред само една минута тој беше кандидат за претседател на Европската комисија; ова ми изгледа исто толку смешно како и онаа претходна гласина. Нема да кажам ништо повеќе“, изјави Туск на прес-конференција за време на неговата посета на Виетнам. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го номинирала Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. САД го поканиле поранешниот премиер да се кандидира и го охрабриле да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука. Подоцна, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја коментираше идејата за номинирање на Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. „Убеден сум дека Виктор Орбан, како генерален секретар на ОН, сигурно би ги искористил своите мајсторски вештини во користењето на ветото и уцените – вештини што ги усовршувал со години, попречувајќи клучни одлуки на ЕУ“, забележа министерот за надворешни работи. Извор: Б92Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПретставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во СкопјеОд 27 октомври до 1 ноември 2026 година, Скопје е домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам.На манифестацијата која го одбележува 25-годишниот јубилеј ќе земат учество 60 гости од 28 земји во повеќе програми. Се организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави. Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува во драмската програма на Еуродрам. „Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска беше меѓу наградените дела на европската мрежа за драма и превод Еуродрам (Eurodram) за 2024 година. Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: ПИСАТЕЛ – Игор Ангелов УМЕТНИЦА – Ања Митиќ БРАЧНА СОВЕТНИЧКА/LIFE COACH – Јасмина Василева БИЗНИСМЕН – Димитрија Доксевски/Владимир Петровиќ ДОКТОР – Игор Стојчевски МАЛЕЧКА – Ивана Павлаковиќ БАРМЕН/КЕЛНЕР – Стефан Вујисиќ ОЧНА ЛЕКАРКА – Трајанка Илиева-Вељиќ БАНКАРКА/МЕНАЏЕР – Нина Елзесер ИНЖЕНЕР/ТАКСИСТ – Лазар Христов Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов. Во белешката за претставата се вели: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството? Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнале, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“. Претставата „Парови“ вечерва ќе ја има својата 25 изведба во Театар Комедија во рамките на манифестацијата Еуродрам во Скопје. Драмкси театар СкопјеТагови: Драмкси театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лицеПри претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12