Годзила има над 1000 Кс и лесно стигнува до 380 км/час (ВИДЕО)

На патеката Johnny Bohmer Proving Grounds, долга нешто повеќе од четири километри се докажа спортската изведба на Nissan GT-R.

Новиот спортски болид на Нисан ги покажа своите перформанси на патеката , на која се испробуваат најсилните болиди.

Nissan GT-R има над 1 100 коњски сили и погон на сите тркала . По забрзувањето на првата четврт милја, болидот продолжи со силното забрзување , а без проблем стигна до 380 км/час.

Денеска сончево со мала локална облачност, температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

До сабота, како што соопшти УХМР, ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

26-годишник фатен при обид да краде возила

Дваесет и шестгодишник од полицајци бил фатен во обид да краде од возила ноќеска на една од тетовските улици. Полицајците го забележале половина час пред полноќ на улицата „Штипска" во Тетово.

– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово поради сомнение дека претходно извршил обид за тешка кражба во две патнички возила, „фолксфаген голф" и „опел астра", со тетовски регистарски ознаки, кои биле паркирани на оваа улица. Џ.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи

Ќе има дополнителни вакцинални пунктови.

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш ќе почне процесот на вакцинација. Набавени се 40.000 дози на четири типни вакцини кои се производ на „Sanofi Pasteur", Франција (VAXIGRIP TETRA), информираат за МИА од Министерството за здравство.

Вакцините, како што истакнуваат, се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до пет години.

Како и претходните две сезони, заинтересираните лица ќе можат да ја закажат бесплатната вакцинација преку својот матичен лекар. Со цел избегнување на дополнително оптеретување на епидемиолошките служби при центрите за јавно здравје, каде досега се спроведуваше вакцинацијата против сезонски грип, годинава изготвуваме Акциски план кој ќе вклучи дополнителни вакцинални пунктови. На овој начин вакцинацијата ќе биде подостапна за граѓаните. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, посочуваат од Министерството за здравство.

притисни ентер