Гледаноста на серијата за кралицата Елизабета се зголемила за 800 отсто - Канал 5

Гледаноста на серијата за кралицата Елизабета се зголемила за 800 отсто

Ова се резултатите на аналитичката компанија „ Whip Media“

Гледаноста на серијата за кралицата Елизабета се зголемила за 800 отсто

По смртта на кралицата Елизабета, рејтингот за „ The Crown “ се зголеми за 800 проценти само во Велика Британија. Исто така, се проби на седмото место на глобалната топ 10 листа на најпопуларни продукции на „Netflix“.

„ Variety “ пишува дека серијата на „Netflix“, која го следи владеењето на Елизабета Втора, имала астрономски скок во гледаноста во периодот од петокот до неделата (9-11 септември), покажуваат податоците на аналитичката компанија „ Whip Media“.

Рејтингот „The Crown“ во САД се зголеми за четири пати во а Франција тројно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшен пожар на Халкидики, стигна до куќите (ВИДЕО)

Страшниот пожар што избувна на Халкидики, на првиот крак, стигна до Сивири.

Страшен пожар на Халкидики, стигна до куќите (ВИДЕО)

Големиот пожар што беснее на Касандра од пладне, стигна до куќите во Сивири, а сцените од ова подрачје се драматични.

Пожарот, кој започнал во ниска вегетација, а потоа се проширил на шумска површина, сега стигнал до населбата Сивири, каде што според информациите, горат куќи.

YouTube video

Во исто време, ситуацијата на терен останува многу тешка, а силните ветрови го отежнуваат гаснењето, додека пожарникарите се борат да ја контролираат противпожарната линија.

YouTube video

Ситуацијата најдобро ја опишува изјавата на поранешниот градоначалник на Касандра, Костас Папајанис, кој е на терен.

„Пожарот стигна до Сивири. Голема катастрофа“, рече Папајанис, опишувајќи ја ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места.

СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата.

„Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки“, рече Борозан.

Таа додаде дека Гостивар не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна, а секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е загадена и повика власта да направи анализа на водата во цела држава.

„Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини кад

е што водата е затруена.Цела држава е отруена.Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат“, рече Борозан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. 

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза.

„Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија.

Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби.

Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза.

Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“.

Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер