3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
2Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски условиРебалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината.Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината, но и потврда дека јавните финансии ги управуваме одговорно и со јасни приоритети. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција на којашто го претстави Предлогот за измени и дополнување на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен вчера од Владата. „Во изминатиот период глобалната криза донесе нови предизвици, особено преку растот на цените на енергенсите и зголемените ценовни притисоци. Кога во јуни го подготвувавме првиот ребаланс, проценките беа дека состојбата на меѓународните пазари постепено ќе се стабилизира. Во меѓувреме, за жал, се случи спротивното. Геополитичката криза се продлабочи, цените на енергенсите продолжија да растат, а Владата реагираше со конкретни мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните и економијата. Потврда дека мерките се наврeмени и добро одмерени е тоа што инфлацијата е стабилизирана што значи дека нема прелевање на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“, рече министерката. Таа додаде дека намалувањето на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти имаат една јасна цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и да се помогнат на компаниите полесно да се справат со ценовниот шок, но дека тие мерки имаа директен ефект и врз буџетските приходи. Тоа, според министерката, е причината за вториот ребаланс со цел да се усогласат приходите и расходите со реланите економски текови и да се обезбеди стабилно функционирање на Буџетот до крајот на годината. „Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста на Буџетот. Тој е одговор на променетите економски услови, со непроменет приоритет – заштита на граѓаните, исполнување на законските обврски, одржување на економската активност и фискална дисциплина“, потенцира Димитриеска-Кочоска. Претставувајќи ги измените рече дека вкупните приходи се на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. При тоа напомена дека намалувањете во најголем дел е резултат на променетите услови на пазарот на енергенси и мерките што ги презедовме за заштита на граѓаните и економијата. „Остварувањето на приходите во текот на годината покажува позитивна динамика. Кај даночните приходи, со ребалансот е направена умерена корекција од 213,3 на 209,8 милијарди денари, односно намалување од 1,6 %. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените на нафтените деривати врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за Буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата“, рече министерката. Со Ребалансот кај неданочните приходи и донации, се предвидува намалување за околу 2 милијарди денари, додека кај останатите даночни приходи – данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ-то и царинските приходи очекувањата остануваат стабилни и во рамки на планираните износи. Министерката потенцира дека на расходната страна со Ребалансот се пристапува одговорно и дисциплинирано. Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милјарди денари во однос на претходните проекции. При тоа намалувања има во ставките за стоки и услуги и субвенции, како резултат на дисциплинирано и поефикасно трошење. Дополнителни средства се обезбедени за најранливите категории граѓани и за здравствените услуги. „Ги намалуваме расходите таму каде што реализацијата е послаба или каде што не станува збор за највисоки приоритети. Но, не штедиме на она што е најважно. Обезбедуваме средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги“, рече министерката за финансии. За капиталните расходи, посочи дека се прави корекција од околу 5,7 милијарди денари, пред сè поради пролонгирање на динамиката на реализација на одредени капитални проекти, но дека тоа не значи откажување од капиталните инвестиции.Продолжуваат вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Особено важно, наведе министерката, е што продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво, како дел од политиката за рамномерен регионален развој. Со Ребалансот на Буџетот, како што рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата, проекцијата за економскиот раст останува непроменет на 3,5%, како и нивото на буџетскиот дефицит којшто се задржува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветКим издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него. Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија. Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“. Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“. Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“. Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветНорвешкиот премиер по разговорот со Путин: „Не верувам дека ќе го промени мислењето“Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го коментираше вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во кој учествуваше и финскиот претседател Александар Стуб.Тој објасни дека сакале Путин да ги слушне европските гледишта за војната во Украина, а не само американските. Разговорот траеше 90 минути. Со тоа, Сторе и Стуб отстапија од долгогодишната практика на западноевропските лидери да избегнуваат директен контакт со Кремљ. Нивниот потег наиде на критики од некои сојузници, вклучително и од данската премиерка Мете Фредериксен. Дискусијата се одржа пред првите очекувани директни разговори меѓу украинските и руските претставници од февруари наваму, кои се планирани да се одржат во Абу Даби следниот месец. „Загрижен сум што некои пораки не стигнуваат до Путин“ „Стуб и јас се фокусиравме на иднината и на тоа што треба да се случи за да се спречи оваа војна да се одолговлекува во недоглед – со месеци, со дополнителни човечки жртви – бидејќи тогаш наоѓањето решение станува уште потешко“, изјави Сторе за норвешкиот јавен сервис НРК. „Не верувам дека Путин ќе го промени мислењето, но му беше дадена можност многу јасно да го слушне нашиот став. Загрижен сум што некои од овие пораки не стигнуваат до него кога разговара со Американците“, додаде норвешкиот премиер. Сторе изјави дека целта на Норвешка е намалување на тензиите. Предлозите вклучуваат прекин на нападите врз енергетската инфраструктура во Русија и Украина, запирање на нападите врз бродовите што превезуваат украинско жито, како и размена на воени заробеници. Може ли Украина да постигне мир без отстапување територија? На прашањето дали е можно да се постигне мир без Украина да отстапи територија, Сторе посочи дека Русија моментално контролира речиси 20 отсто од Украина. „Украина никогаш нема да потпише договор со кој признава дека изгубила територија, но прашањето е дали може да ја прифати сегашната линија на фронтот како реалност и како појдовна точка за преговори. А главното прашање е какви безбедносни гаранции можат да ѝ се обезбедат на Украина откако ќе се постигне мировен договор. Путин е свесен дека тоа е клучниот проблем“, рече тој. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека разговорите не донеле ништо ново во однос на војната во Украина. Тој ги обвини европските земји дека единствено се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса. Лавров исто така нагласи дека клучното прашање се однесува на безбедносните гаранции што Украина би можела да ги добие по склучувањето на мировен договор, додавајќи дека и Путин ја препознава важноста на ова прашање. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook