МакедонијаЃорѓиевски: „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба, силно ќе се залагаме да се трансформираВо обраќањето на експертската работилница за креирање зелени работни места во Македонија, Ѓорѓиевски порача дека земјава треба максимално да се заложи за селектирање на отпадот и за негово поефикасно искористување како суровина. Скопската депонија „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба и силно ќе се залагаме да се трансформира по примерот на другите современи европски регионални центри за обработка и третман на отпадот, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во обраќањето на експертската работилница за креирање зелени работни места во Македонија, Ѓорѓиевски порача дека земјава треба максимално да се заложи за селектирање на отпадот и за негово поефикасно искористување како суровина. Градоначалникот потсети дека веднаш по стапувањето на својата нова функција се зафати со чистење на Скопје. -На самиот почеток на мојот мандат максимално се посветив на средување на состојбата со нередот и ѓубрето во главниот град, нешто што беше проблем многу години наназад. Убеден сум дека Скопје, но и останатите општини, во соработка со Владата ќе почнат да се справуваат со отпадот на многу подобар и поцелисходен начин, напомена Ѓорѓиевски. Тој го потенцира значењето на невладините организации кои работат на собирање, селектирање и третман на отпадот. -Како пример ќе го истакнам поставувањето на специјалните контејнери за одделно собирање стаклен отпад, пластика, хартија и слично. Интересно е искуството за поставување машини за рециклирање пластични шишиња во основните училишта, но и можноста за плаќање паркинг со собирање шишиња, како и примерот во Кисела Вода за поставување канти за селектирање отпад во влезовите на објектите за колективно домување, подвлече градоначалникот. Осврнувајќи се на работилницата, изрази надеж дека добар дел од искуствата на австриските експерти ќе бидат пренесени во Скопје. Денешното јавно обраќање беше прво на Ѓорѓиевски по неговото стапување на функцијата скопски градоначалник. Работилницата „Креирање зелени работни места во Македонија“ ја организираат Австриското министерство за работа, социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австриската амбасада во Скопје. Тагови: Дрисла Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЈаник Синер официјално се повлекува од Австралија Опен, го чека голем пад на АТПИталијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен, објавија организаторите. Синер нема да игра на првиот Гренд слем турнир во 2027 година, бидејќи се опоравува од неодамнешната операција на десното колено. „Редовно сме во контакт со тимот на Јаник Синер и тие потврдија дека тој нема да биде со нас на Австралија Опен во јануари по неговата неодамнешна операција. Јаник обожава да се натпреварува тука во Мелбурн и со нетрпение очекува да се врати на Австралија Опен во 2028 година. Му посакуваме се најдобро во закрепнувањето и со нетрпение очекуваме наскоро да го видиме повторно на теренот“, изјави за АП извршниот директор на Тенис Австралија, Ендру Абдо. Иако има заштитен ранкинг кој му овозможува задржување на местот во главните ждрепки на најголемите турнири, тој ќе продолжи да паѓа и да губи поени на АТП листата. Тој веќе е на второто место зад Саша Зверев, а бидејќи има 7.950 поени, само прашање на денови е кога ќе му го препушти второто место на Алкараз. Минатата сезона, тој доби 800 поени за полуфиналето на Австралија Опен, потоа во Доха доби уште 100 за четвртфиналето, а ги освои Индијан Велс и Мајами. Тоа се вкупно 2.900 поени што сигурно ќе ги изгуби на почетокот на следната година и ќе изнесуваат околу 5.000 поени. Знаеме дека Бен Шелтон би можел да го стигне со неговиот моментален резултат, а Даниил Медведев не е далеку зад него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаМицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислењеДоставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ, претходно 20 години никој не барал решение .Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање. „Она кое што е доставено до Венецијанска комисија е материјал во форма на закон за кој бараме мислење и чекаме Венецијанската комисија да даде мислење. Откако тоа мислење ќе биде готово, тогаш ќе носиме одлука што понатаму, но прво да го сочекаме мислењето на Венецијанската комисија, затоа што не знаеме дали ќе се најде законот во Собрание ако мислењето е негативно. Тогаш ќе треба и вие да го прифатите“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи. Премиерот Мицкоски додаде пак дека доколку пак мислењето на Венецијанска комисија е позитивно врз основа на предлогот, тогаш ќе треба да го прифатат сите вклучително и пратеникот Скендер Реџепи, бидејќи не сака да верува дека современ пратеник не сака да почитува мислење на Венецијанска комисија која е дел од преговарачкиот процес и критериумите кои се дел од француската методологија од 2019 година. „Да почекаме што ќе биде мислењето и потоа да носиме одлуки што ќе биде понатаму Досега процесот се водеше многу транспарентно, јас жалам што повеќе од 20 години во кои имало разни министри од различна етничка припадност, од различна политичка припадност не успеале да го поместат ова прашање, па дури и откако е донесен Законот за употреба на јазиците. Но еве сега дојде време за да разгледуваме некое решение, но за да дојде пред пратениците и истото го браниме заедно со министерот за правда ние ќе треба да го почекаме најпрвин мислењето од Венецијанска комисија“, нагласи премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаАндоновски: Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“.Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на конференцијата „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, во организација на Стопанската комора. Андоновски посочи дека со последната размена меѓу преговарачките тимови на Македонија и на Европската комисија е потврдено дека се усогласени сите отворени прашања за предложениот текст на договорот. „За граѓаните ова има многу конкретно значење. Кога ќе патуваат во Европската Унија, ќе можат да се јават дома, да испратат порака или да користат мобилен интернет по условите од својот домашен пакет. Со Европската комисија го усогласивме текстот на договорот и како прва земја од регионот ја завршивме техничката фаза. Сега сме чекор поблиску до тоа граѓаните да ја почувствуваат оваа придобивка при секое патување во ЕУ“, истакна Андоновски. На Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржа на 25 ноември во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија прва во регионот го завршила техничкиот дел од процесот. Тој изрази очекување дека македонските граѓани наскоро ќе можат да ги користат мобилните услуги во земјите членки на ЕУ по домашни тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter