Ѓорѓи Кузмановски најстар учесник на релито „Независност-2021" - Канал 5

Ѓорѓи Кузмановски најстар учесник на релито „Независност-2021"

Од четиристотини мотоциклисти учесници на релито „Независност-2021", кое по 30-ти пат се одржа во земјава, посебен белег му даде Ѓорѓи Кузмановски. 

Ѓорѓи Кузмановски најстар учесник на релито „Независност-2021"

Тој со своите 80 години беше најстариот учесник на релито и ова беше негово 26 учество. Покрај тоа што ги обожава мотоциклите, Кузмановски секојдневно вози и велосипед .

За сличностите и разликите на овие рели со претходните, Кузмановски вели дека има значаен напредок од организациски аспект, како и од се побројното учество на мотоциклисти од земјава и странство, и се поскапите мотоцикли .

-За разлика од почетните години, денес Релито независност го карактеризираат се поскапите и луксузни мотоцикли кои ги управуваат учесниците, како и се поголемиот број учесници од странство.Иако имам речиси полни 80 години, ова рели не ми е воопшто проблем да го извозам, иако сум свесен дека во трите дена треба да поминам цели 800 километри по разни друмови и и планински превои- вели Ѓорѓи и најави продолжување на учеството на ова рели. И покрај поодминатата возраст, јас се додека ме служи здравјето ќе учествувам на ова рели и ќе бидам рамо до рамо со останатите и многу помлади колеги мотоциклисти, додаде ветеранот Кузмановски.

Тој посочи дека за добрата кондиција најголеми заслуги има секојдневното возење на велосипед.

– Јас секојдневно возам велосипед независно од временската состојба и нема ден да не поминам барем 10 километри а, како најдобра потврда дека сум во одлична здравствена состојба е и десетото учество на кружната трка околу Мавровското езеро во должина од 126 километри.Покрај на домашното рели, во девет наврати сум учествувал и на меѓународни рели натпревари во девет европски земји, заврши Кузмановски, кој и од страна на организаторот на релито доби специјално признание како најстар учесник./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Околу 250 милиони Американци со право на глас денеска избираат нов конгрес на среднорочните избори кои се сметаат за своевиден референдум „за“ и „против“ политиката на Трамп..

САД избираат нов Конгрес – анкетите сугерираат дека републиканците на Трамп можат да ги загубат и двата дома

Се избираат сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 сенатори во Сенатот, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.. Последните анкети покажуваат дека соперничките демократи можат да ги освојат и двата дома на Конгресот и да ја одредат траекторијата од остатокот на мандатот на Трамп, чиј рејтинг падна на рекордно ниско ниво.

Дел од истражувањата покажаа дека демократите имаат предност во пет од седумте клучни сојузни држави, вклучително и во Канзас, каде што демократите не победиле речиси 100 години.. Во завршниот говор во Вашингтон, Трамп обвини дека демократската партија номинирала најекстремна и најопасна листа кандидати во американската историја..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер