Ѓорческа полуфиналистка во Истанбул - Канал 5

Ѓорческа полуфиналистка во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Истанбул што се игра за награден фонд од 50 илјади долари. Таа денеска во четвртфинале ја победи седмата носителка Кристина Дину од Романија со 2:1, по сетови 1:6, 6:3 и 6:4.

Ѓорческа полуфиналистка во Истанбул

Воедно ова е прв триумф за Лина во третиот дуел со романската тенисерка.

За место во финалето Македонката утре ќе има меч со Барбара Стефкова (246.место ВТА) од Чешка, која во полуфиналето се пласира откако ривалката Александра Каданту од Романија го предаде мечот при резултат 6:2 и 3:1 во вториот сет.

Ѓорческа досега на турнирот одигра шест мечеви во сингл, три во квалификации и три на главниот турнир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“

Пејачката Тејлор Свифт официјално му кажа „да“ на Тревис Келси, а целиот настан беше организиран во најголема тајност.

Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“

Селена Гомез, Џиџи Хадид и Бредли Купер беа меѓу последните гости што ја напуштија церемонијата на двојката во Медисон Сквер Гарден околу 1 часот по полноќ, објавува Page Six.

Најблиските пријатели на пејачката - вклучувајќи ја нејзината најдобра пријателка од детството Абигејл Андерсон, Селена Гомез, Џиџи Хадид и Ед Ширан - исто така беа дел од овој гламурозен настан.

Познатите личности го напуштаа „Медисон Сквер Гарден“ во различни периоди во текот на вечерта. Том Брејди беше еден од првите славни гости што си заминаа порано, а по него замина и Џорџ Стефанопулос.

Една од најголемите мистерии поврзани со свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси беше разрешена веднаш откако тие го кажаа судбоносното „да“, а таа се однесуваше на изборот на венчаницата и костумите за младенците.

Списанието „Пипл“ дознава дека и невестата и младоженецот носеле уникатни креации од модната куќа „Кристијан Диор Хаутр“ за нивниот голем ден.

Нивните свадбени фустани биле дизајнирани од Џонатан Андерсон, кој тесно соработувал со двојката на нивниот изглед.

Венчаницата на Тејлор е особено значајна бидејќи претставува прва високомодна венчаница што Андерсон ја создал за светски позната ѕвезда.

Своите свадбени комбинации ги заокружија со чевли изработени по мерка од модната куќа „Кристијан Лубутен“, додека Тејлор го комплетираше изгледот со накит од куќата „Картије“. Иако обожавателите со месеци шпекулираа каква венчаница ќе носи Тејлор, одговорот конечно пристигна од една од најпрестижните модни куќи во светот, преку уникатна креација на „Диор“, изработена специјално за најочекуваниот моден момент во нејзиниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Општина Аеродром продолжува со засилено темпо да ги обновува детските и спортските игралишта низ сите населби, со што се добиваат безбедни, уредени и современи простори за игра, рекреација и дружење.

Побезбедни и поуредени населби – се обновуваат детските и спортските игралишта во Општина Аеродром

Паралелно со санацијата на игралиштата, се реализира и обнова на урбаната опрема, со што јавните површини стануваат пофункционални, поуредени и попријатни за користење од страна на сите генерации.

Со секој реализиран проект, Општина Аеродром создава подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните, инвестирајќи во јавна инфраструктура што придонесува за поквалитетно и побезбедно урбано живеење.

Целта е Аеродром да биде општина во која децата безгрижно играат, младите активно спортуваат, а семејствата уживаат во чиста, уредена и современа животна средина.

Општина Аеродром останува посветена на континуирано унапредување на јавниот простор и ќе продолжи со реализација на вакви проекти во секоја населба, затоа што грижата за јавниот простор претставува инвестиција во квалитетот на животот на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот

Оваа недела бевме сведоци токму од податоците што ги добивме од подготовката на материјалите од Владата и од Министерството дека Македонија забрзува. 

Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот

„Оваа недела бевме сведоци токму од податоците што ги добивме од подготовката на материјалите од Владата и од Министерството дека Македонија забрзува. Имаме податоци за раст на БДП од 3,1 каде што сите оние потребни документи ни укажуваат дека ќе имаме до 3,5 до крајот на годината. Вкупни приходи од 374,9 милијарди коишто ќе бидат зголемени на 379,5 милијарди, зголемување од 4, а 575 милијарди или 4 милијарди 575 милиона, 1,26 зголемување. Вкупните расходи исто така ќе бидат зголемени благодарејќи на поголемата ефикасност и исполнителност на институциите“, истакна Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет.

Јаревски истакна дека Владата преку ребалансот на Буџетот продолжува да спроведува мерки насочени кон намалување на невработеноста и поттикнување на самовработувањето. Тој посочи дека се отворени 18.000 нови работни места, невработеноста е намалена на 11,3 проценти, а големиот интерес за Оперативниот план, со повеќе од 3.000 апликации за самовработување, покажува дека граѓаните ги препознаваат можностите за започнување сопствен бизнис преку државната поддршка.

„Денес имаме наместо протести, наместо социјален немир и незадоволство 18,000 нови работни места створени од оваа Влада. Невработеност којашто е речиси едноцифрена. Денес кога ова го говориме 11,3% , но во исто време можеме да укажеме на неколку мерки што исто така ќе бидат поддржани со Буџетот и ребалансот на истиот коишто гарантираат дека таа дополнително ќе се намалува. Ќе ја споменам една од последните како што е оперативниот план. Веќе имаше повеќе од 3,000 апликации за самовработување. Мерки со коишто на секој еден самовработен до 29 години се нудат можности за финансирање од 10,000 евра доколку се двајца до 14,000 евра. Но исто така беа опфатени оние коишто се постари од 29 години, а имаат иницијатива, имаат идеја. Оваа Влада, ова мнозинство прави услови, прави начини како нив да им овозможи не само да преживеат за егзистенција како што бевме научени претходно од времето на СДС со некакви сомнителни субвенции, туку да ги научи да генерираат, да отворат свој бизнис и истиот да го развиваат“ посочи Јаревски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер