Ѓоковиќ: Синер за неколку седмици ќе биде светски рекет број еден

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сподели своето мислење за иднината на Италијанецот Јаник Синер, кој е на второто место на АТП-листата. Ѓоковиќ е прв светски рекет.

- Фактот дека тој ќе стане првиот рекет на светот е прашање на неколку недели. Пласманот не е моја цел, оваа година не планирам да играм многу турнири и да размислувам за бодови, изјави Ѓоковиќ за „La Repubblica“.

Тој додаде дека негов приоритет во моментов е да одигра најдобро од Грен слемот „Ролан Гарос“ до УС Опен, опфаќајќи ги Вимблдон и Олимпијадата.

Ѓоковиќ претходно изјави дека Синер е најдобриот играч на светот оваа година.

Во моментов и двајцата тенисери учествуваат на турнирот во Монте Карло кој се одржува од 7 до 14 април.

Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп

Намалена видливост поради магла до 100 метри утрово има во Штип, Страцин, Битола и Прилеп, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Јужнокорејскиот суд го продолжи притворот на Јун Сук-jeол, демонстрантите упаднаа во судницата

Јужнокорејскиот суд му го продолжи притворот на соборениот претседател Јун Сук-Јол за 20 дена, што предизвика насилни протести на стотици негови гневни поддржувачи кои упаднаа во зградата на судот i ги искршија прозорците.

Во средата, Јун стана првиот актуелен јужнокорејски претседател кој беше уапсен, обвинет за бунт во врска со неговото прогласување воена состојба на 3 декември, што ја втурна земјата во политички превирања.

Набргу откако судот го одобри барањето на истражителите за продолжување на притворот на Јун, неговите поддржувачи го пробија кордонот полицајци за да влезат во судската зграда, а на телевизиските снимки се гледа како дел од нив уништуваат мебел и користат противпожарни апарати против полицајците кои се обидуваат да ги спречат.

Полицијата уапсила околу 40 демонстранти и неколку часа подоцна го воспоставила редот, соопштија органите за спроведување на законот.

По 5-часовното сослушување синоќа, на кое присуствуваше и Јун, Окружниот суд во Западен Сеул одлучи да го одобри барањето на истражителите поради „стравувањата дека осомничениот може да уништи докази“, се вели во соопштението на судот.

Според новата наредба, Јун може да биде притворен до 20 дена. Според јужнокорејските регулативи, осомничениот приведен по налог мора да помине лекарски преглед, да се фотографира и да носи затворска униформа. Се очекува лидерот да биде задржан во самица во притворен центар во Сеул.

Јужнокорејската служба за истраги за корупција на високо ниво соопшти дека ќе го истражи Јун во согласност со законот и процедурата.

Јун денеска ги повика луѓето мирно да го изразат своето мислење, дополнително ги повика органите на редот да покажат толеранција.

Адвокатот на Јун рече дека неговиот клиент бил шокиран и огорчен од насилните инциденти пред Западниот окружен суд во Сеул, каде што неговите следбеници кои учествуваа на протестот денеска упаднаа во зградата и ги искршија прозорците. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Неопходно е СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби

Антидржавните партии СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште. Манипулативните техники на СДС не поминуваат кај граѓаните и затоа рејтингот им е во колапс.

СДС и ДУИ се нервозни, исплашени и во паника и затоа со сите сили се борат да го заштитат криминалот на Груби и ДУИ.

Затоа што за криминалот и корупцијата на Груби и ДУИ знаеја и беа директни соучесници, и тоа само поради една причина, бидејќи врвен приоритет им беше останувањето на власт.

Поради лични и лукративни причини Филипче не се отргнува од Заев и неговите деструктивните политики и не се извинува за криминалот на Артан Груби.

СДС и Филипче наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија, нудат дефокус, политиканство и циркуз.

СДС и Филипче се елементарна непогода на политичката сцена.

Неопходно е СДС да покаже политичка одговорност и да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби.

Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ, нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер