Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
2Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
3Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
ТенисЃоковиќ раскажа зошто се разделил од Иванишевиќ Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите по проекцијата на филмот „Легенда“, посветен на тенисерот Никола Пилиќ.Освен за филмот, Новак зборуваше и за разделбата со Горан Иванишевиќ. - Горан пред сѐ е пријател за цел живот. Мој и на моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Само затоа што ја прекинавме соработката, не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и решето. Многу моменти кои не ни беа пријатни. И покрај сѐ, тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам човечкиот однос кон мене. И поради тој однос, резултатот дојде како последица на сето тоа. Му посакувам сѐ најдобро. Сè уште немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали тоа воопшто ќе има некој. Отсекогаш сум имал тренери со мене, тие се обидуваат да ме натераат да чувствувам што сакам и што ми треба.“, рече Ѓоковиќ, пренесе Телеграф.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје. Летен наставно-научен камп во Охрид: Инвестиција во знаењето и иднината на младитеГрад Скопје организира летен наставно-научен едукативен камп за средношколците од главниот град, кој ќе се одржи во Охрид од 19 до 31 август.Кампот ќе им овозможи на учениците да учествуваат во научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културно-историски посети и спортски активности, со цел поттикнување на нивната љубопитност, креативност и лидерски способности. Од Град Скопје истакнуваат дека вложувањето во младите е вложување во иднината и нагласуваат дека преку вакви проекти се создаваат нови можности за личен развој, стекнување знаења и градење трајни пријателства меѓу учениците. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
ЗабаваВидео: За 90 минути од тотален анонимус до планетарна ѕвезда! Голманот на фудбалската селекција на Зеленортските острови Возиња преку ноќ стана глобална сензација - Инстаграмот му експлодираше, бројките станаа нереални.Во моментот кога влезе на стадионот во Атланта, 40 голман Возиња имаше едвај повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм. Јосимар Диас не е име кое беше познато на пошироката публика. Тој беше попознат по името Возиња, што на португалски значи „баба“. Сепак, голманот на островите Капо Верде или Зеленортските острови преку ноќ од тотална анонимност стана планетарна ѕвезда. Со своите одбрани на дуелот против можеби првиот фаворит за светскиот трон Шпанија, овој 40-годишен голман ја создаде можеби најголемата сензација во историјата на Светското првенство, бидејќи му донесе бод на својот тим во дуелот со Шпанија, актуелниот шампион на Европа. Пред да зачекори на стадионот во Атланта, Возиња имаше едвај повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм. Натпреварот заврши, а бројот скокна на неверојатни два милиони следбеници. Но бројките не застануаа тука. Само пет часа по завршувањето на натпреварот, бројката надмина пет милиони! Ќе биде интересно да се види колку следбеници од целиот свет ќе добие овој симпатичен голман до крајот на Мундијалот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во ПаризСветската музичка ѕвезда Џенифер Лопез блесна на сцената како специјален гостин на концертот на еден од најдобрите светски ди џеји Дејвид Гета одржан викендов во Париз.Мегапопуларната Џеј Ло беше специјална гостинка на големиот концерт на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде што имаше неверојатен настап пред околу 80.000 луѓе. Таа се појави на сцената за време на првиот настап од серијата „Ultimate Monolith Show“, што предизвика големо воодушевување кај публиката. Со Гета, таа ја изведе заедничката песна „Save Me Tonight“, која беше објавена претходно годинаВА и веќе стекна огромна популарност. По заедничкиот настап, таа го изведе и својот познат хит „On The Floor“, додека публиката пееше заедно со неа и го следеше секое нејзино движење. Целиот спектакл беше заокружен со ласерски ефекти, сценска продукција и огномет.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38