Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат
1Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат
УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3 Витаминот Д и неговата заштита од сериозни заболувања, време е да ги проверите неговите вредности, тврдат истражувањата
ТенисЃоковиќ потврди дека нема да игра на УС Опен зашто не е вакциниран против ковид Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи потврди дека нема да игра на овогодинешниот УС Опен.Ѓоковиќ не бил вакциниран против коронавирусот и поради тоа организаторите не му дозволуваат да настапи на Грен слем турнирот во Њујорк. Едно време постоеше можност Ѓоковиќ да настапи во САД, тој најави дека се обидел да добие дозвола за настап, но организаторите не сакале да прават исклучоци за невакцинираните. "За жал, нема да можам да патувам во Њујорк на УС Опен. Им благодарам на навивачите на пораките за љубов и поддршка. Среќно на сите мои колеги играчи. Продолжувам да ја одржувам формата и оптимизмот и да се радувам на нови натпревари. Се гледаме наскоро“, напиша Ѓоковиќ на Твитер. Sadly, I will not be able to travel to NY this time for US Open. Thank you #NoleFam for your messages of love and support. ❤️ Good luck to my fellow players! I’ll keep in good shape and positive spirit and wait for an opportunity to compete again. 💪🏼 See you soon tennis world! 👋🏼 — Novak Djokovic (@DjokerNole) August 25, 2022 УС Опен започнува на 29 август, а титулите во сингл ги бранат Русинот Данил Медведев и Британката Ема Радукану. Ѓоковиќ моментално е шестиот играч во светот, а оваа сезона доби забрана за настап на Австралија опен бидејќи не сакал да се вакцинира. Српскиот тенисер во кариерата освои 21 Грен слем титула, една помалку од Рафаел Надал кој освоил најмногу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
МакедонијаДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторатНиза неправилности и слабости во работењето на Државниот пазарен инспекторат утврдил Државниот завод за ревизија.Недоволен број инспектори, нецелосна дигитализација и неизвесност околу контролите на безбедноста на производите се дел од забелешките.државниот пазарен инспекторат во 2024 година спровел 28.263 инспекциски надзори.од нив, 21.108 биле редовни, 5.106 вонредни, а 2.049 контролни надзори.надзорите ги спроведувале 148 инспектори, од вкупно 313 систематизирани работни места.. Изразено е неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година. Утврдено е дека апликацијата „е-инспектор“ не е целосно ставена во употреба. Не е воспоставена ниту единствена електронска база со методологија за проценка на ризик. Во периодот од 2022 до 2025 година, од пазарот биле повлечени 40 производи по лабораториски испитувања. Ревизорите предупредуваат дека неизвесно е продолжувањето на овие контроли по завршувањето на проектното финансирање. Констатирани се и недостатоци во финансиската и материјалната евиденција.Ревизијата препорачува зајакнување на човечките ресурси, дигитализација и подобрување на инспекцискиот надзор. Се препорачува и обезбедување услови за безбедно чување на одземените предмети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
ЕвропаНова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“ Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во средата изјави дека го повикал Иран да ја обнови соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).Кошта изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и притоа го повикал Техеран да ја обнови соработката со ИАЕА. Претседателот на Европскиот совет исто така го повика Иран да ги запре нападите врз соседните земји и целосно да ја воспостави слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
СветСи и Трамп денес разговараат за царините, ретките минерали и ВИ пред истекот на трговското примирјеПретседателот на САД Доналд Трамп го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг со прелет на воени авиони и со црвен тепих долг 30 метри на почетокот на нивниот тридневен самит во Вашингтон.Си Џинпинг денес влегува во Белата куќа на разговори со Доналд Трамп во момент кога на САД и Кина им остануваат помалку од седум недели да решат што ќе се случи со дел од привремено суспендираните царини и трговски ограничувања. Кинескиот претседател пристигна во САД во средата, а официјалната државна посета трае од 23 до 25 септември. Белата куќа потврди дека денес е предвидена церемонијата на пречек и разговорите меѓу двајцата претседатели. Trump rolls out the red carpet for Xi Jinping. https://t.co/xxpvf7tZcV — Clash Report (@clashreport) September 23, 2026 На масата се неколку прашања што директно влијаат врз светските синџири на снабдување: царините, кинескиот извоз на ретки минерали и магнети, американските ограничувања за напредна технологија и чипови, земјоделската трговија и вештачката интелигенција. Reuters наведува дека пазарите особено ќе следат дали ќе има продолжување или промена на трговските аранжмани што истекуваат на 10 ноември. Меѓу нив е суспензијата на американската дополнителна царина од 24 проценти за кинески производи и поврзаните кинески контрамерки. Кинеското Министерство за трговија потврдува дека до истиот датум се суспендирани и дел од претходно најавените извозни контроли. Тоа не значи дека на 10 ноември исчезнуваат сите други царини меѓу двете економии. Ретките минерали се можеби најчувствителната економска точка. Кина контролира до 70 проценти од светското ископување ретки земни елементи, околу 85 проценти од капацитетите за нивно преработување и приближно 90 проценти од производството на легури и магнети, според податоци на AlixPartners што ги пренесува Reuters. Таквите магнети се вградуваат во електрични и класични автомобили, индустриски мотори, електроника, ветерни турбини, воздухопловна и медицинска опрема и низа високотехнолошки производи. Вашингтон бара посигурен пристап до овие материјали, додека Пекинг бара олеснување или дополнително одложување на американските технолошки ограничувања кон кинески компании. ВИ влегува во преговорите Вештачката интелигенција е нов елемент во денешните разговори. Американскиот министер за финансии Скот Бесент по подготвителните преговори со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг соопшти дека Вашингтон предложил механизам преку кој двете држави би се известувале за сериозни инциденти со ВИ што можат да достигнат ниво на закана за националната безбедност. Според AP, идејата е да се зголеми транспарентноста меѓу двете најголеми сили во развојот на ВИ. Тоа засега е предлог и тема на разговор, а не постигнат договор. Истовремено, двете страни разговараат и за намалување на царините за одредени „нечувствителни“ производи, меѓу кои може да има земјоделски производи, стоки за широка потрошувачка, енергетски производи и медицинска опрема. Економијата, сепак, не е единствената точка. Тајван останува едно од најчувствителните политички и безбедносни прашања. Според извори на Reuters запознаени со кинеската позиција, Си се очекува повторно да го отвори прашањето за американската продажба на оружје на Тајван. Американската администрација, пак, јавно не најави промена на долгогодишната американска политика кон островот. Затоа секое соопштение по средбата ќе треба внимателно да се чита за да се разликува дали станува збор за конкретна промена, политичка изјава или само продолжување на разговорите.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook