Ѓоковиќ објави фотографија со Бопан: Годините се само број, а за нас тоа е бројот 1

Новак Ѓоковиќ пред неколку дена го собори рекордот на Роџер Федерер и стана најстариот тенисер кој некогаш го задржал првото место.

Ноле го надмина рекордот на Федерер кој го држеше на 36 години 320 дена кога беше тениски број 1 во 2018 година и сега секој ден сѐ повеќе го зголемува рекордот.

Интересно е што најдоброрангираниот тенисер во двојки е еден од најстарите на турнејата, пријателот на Новак, Рохан Бопана од Индија, кој има 44 години.

Ѓоковиќ и Бопан неодамна се сретнаа кога Новак го собори рекордот на Федерер, а потоа Индиецот имаше шега која Новак ја откри по нивниот прв натпревар, дека заедно имаат 80 години.

Ноле сега на својот Инстаграм објави фотографија од него и Бопан каде имаше и интересен коментар.

- Годините се само бројка. За нас таа бројка е број 1 - рече Новак и ги воодушеви навивачите.

Реал објави за заминувањето на капитенот Начо

Дефанзивецот и капитен на Реал, Начо Фернандез го напушти тимот, пренесува прес-службата на мадридскиот клуб.

„Кралевите“ му се заблагодарија на 34-годишниот играч за одвоеното време во тимот и му посака понатамошни успеси.

- Реал Мадрид сака да ја изрази својата благодарност и наклонетост кон Начо, една од големите легенди на нашиот клуб. Сите навивачи на Реал чувствуваат голема гордост за еден од легендарните играчи во нашата историја. Нему и на целото негово семејство му посакуваме многу среќа во оваа нова фаза од неговиот живот, се вели во соопштението на клубот.

Претходно беше објавено дека по заминувањето на Начо, капитен на Реал ќе стане хрватскиот играч за врска Лука Модриќ, кој наскоро може да го продолжи договорот со тимот.

Начо потекнува од фудбалската школа на Реал Мадрид. Тој играше за сениорскиот тим на мадридскиот клуб од 2012 година. Има четири титули шампион на Шпанија, шест во Лигата на шампионите и пет од Светското клупско првенство.

Според пишувањата на медиумите во Шпанија, Начо Фернандез може да ја продолжи кариерата во американската МЛС или лигата на Саудиска Арабија.

Одржана третата средница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден

Беа дадени и препораки за спречување на настанување и отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи.

Во просториите на Општина Илинден се одржа третата седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден со која раководеше командантот, градоначалникот Александар Георгиевски, а покрај членовите на Штабот, присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината, како и претставници од ОКТА, Макпетрол и ПО Петровец, како и претставник од Општинскиот противпожарен сојуз на Илинден.

На третата редовна седница акцентот на дискусијата беше ставен на моменталната состојба со високите температури, со цел преземање превентивни мерки за заштита од евентуални пожари и заштита од можни поплави поради нестабилност на временските услови.

Беа дадени и препораки за спречување на настанување и отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи.

Борел за утрешната средба Вучиќ-Курти: Дијалогот мора да доведе до оперативно решение

На маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите во Луксембург, Борел им рече на новинарите дека сега тоа е клучно, бидејќи членките на ЕУ го разгледуваат неговиот предлог барем за постепеното укинување на санкции за Косово.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел пред средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, изјави дека „вложува напори српско-косовскиот дијалог да го доведе до оперативно решение“ за спроведување на Охридскиот договор, јави дописникот на МИА од Белград.

На маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите во Луксембург, Борел им рече на новинарите дека сега тоа е клучно, бидејќи членките на ЕУ го разгледуваат неговиот предлог барем за постепеното укинување на санкции за Косово.

- И тоа може да создаде сценарио во кое Дијалогот, не велам дека ќе се обнови, но барем нема грубо да се прекине, соопшти високиот претставник на Унијата.

- Двајцата лидери (на Србија и на Косово) се состануваа долго време во рамките на Дијалогот и јас не сакам тој да заврши пред да го завршам мојот мандат, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ објасни дека Приштина и Белград „од една или друга причина не биле во можност да го спроведат тој договор“, но рече дека „сега е неопходно да се обноват состаноците на високо ниво за да се знае каде сме“.

Според најавата на ЕЕАС, Борел и Лајчак утре во Брисел прво одделно ќе разговараат со Вучиќ, а потоа со Курти, по што ќе следи заедничка средба на високите претставници на ЕУ и српскиот претседател и косовскиот премиер.

притисни ентер