Ѓоковиќ ја нарече неправедна казната на Јаник Синер

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ја опиша тримесечната суспензија на светскиот рекет број еден Јаник Синер поради допинг како „неправедна“.

Ѓоковиќ ја нарече неправедна казната на Јаник Синер

-Се чини дека можеш да влијаеш на исходот ако си врвен играч и имаш пристап до најдобрите адвокати. Синер и Швионтек се невини, тоа е докажано. Случаите привлекоа големо внимание и тоа секако не е во интерес на нашиот спорт. Разговарав со голем број играчи во соблекувалната не само во последните неколку дена, туку и во претходните месеци. Повеќето од нив се незадоволни од тоа како се одвивал целиот процес. Ова е неконзистентно и одлуката изгледа многу неправедна. Тоа е сè што можам да кажам за ова прашање. Време е навистина да се справиме со системот. Јасно е дека структурата не работи како што треба, рече Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Фернандо Вердаско во двојки забележаа успешен старт на АТП-500 турнирот во Доха (Катар). Тие во првото коло ги победија Казахстанецот Александар Бублик и Русинот Карен Хачанов - 6:1, 6:1 за 50 минути игра. /МИА

Иградил куќа без грам цемент- вели дека ќе трае вечно (ВИДЕО)

Сопственикот на куќа изградена целосно од индиски сив гранит и седиментен песочник во Бангалор, централна Индија, тврди дека ќе трае повеќе од 1.000 години.

Иградил куќа без грам цемент- вели дека ќе трае вечно (ВИДЕО)

Архитектот кој ја проектирал куќата наведува дека при изградбата не бил користен цемент, пренесе порталот Вион.

На прашањето што го мотивирало да изгради ваква куќа, сопственикот вели дека со користење на овој концепт се постигнува одржливост и не се загадува животната средина.

Со користење на метод кој не вклучува минирање, сопственикот тврди дека не се создава прашина што би ја загадила околината.

Тој додаде дека бетонските конструкции имаат животен век помал од 100 години, додека оваа ќе трае повеќе од 1.000 години.

Тој исто така изјави дека ова е прв ваков објект на планетата, иако ова е дискутабилно, бидејќи куќата е изградена со метод што се користел за изградба на древните храмови низ Индија.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави го договараат текстот на заедничката изјава по завршувањето на преговорите во Саудиска Арабија, изјави за РИА Новости извор запознаен со преговорите.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

„Усогласувањето е во тек“, рече изворот, појаснувајќи дека станува збор за заедничка изјава.

Преговорите за делегација траат повеќе од 12 часа. Претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин, изјави дека претставниците на Русија и на САД ги завршуваат преговорите во Ријад, пренесе Скај Њуз.

Експертскиот состанок меѓу рускиот и американскиот технички тим започна утрово, а се одржува зад затворени врати во хотел.

Како што претходно соопшти Кремљ, средбата главно била посветена на темата Црноморска иницијатива, која била предмет на разговор и при последниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март.

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Под мотото „Доста бевме ние, системот е следен!“, вечерва во Скопје се одржува протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“...

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Протестот започна во 18 часот и 59 минути, симболично за 59-те жртви, на плоштадот Македонија, па продолжи пред Собранието и Владата...

Таму е Дејан Трајковски... Дејан, кои се пораките и барањата на граѓаните?

притисни ентер