Ги изгубилa екстремитетите како девојче, сега на целиот свет му дели совети за убавина (ФОТО) - Канал 5

Ги изгубилa екстремитетите како девојче, сега на целиот свет му дели совети за убавина (ФОТО)

Нејзините совети за убавина ги споделуваат познатите личности на нејзиниот Инстаграм, а меѓу нив е и Худа Катан, која на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 50 милиони луѓе.

Ги изгубилa екстремитетите како девојче, сега на целиот свет му дели совети за убавина (ФОТО)

Изабел Вил (18) од Велика Британија се прослави по храброста, талентот за шминкање и насмевката, која и покрај хендикепот речиси никогаш не ја симнува од лицето.

Нејзиниот живот драматично се променил кога лекарите и` дијагностицирале менингитис во 2010 година. Имала само седум години кога морала да се бори за живот.

Наставниците во училиштето први забележале дека нешто не е во ред, па еден ден ја донеле дома мислејќи дека има грип. Изабел го изгубила апетитот, се чувствувала лошо и често паѓала во несвест.

Кога отишла во болница, единственото нешто што можеле да и` кажат лекарите е дека морале да и ги ампутираат двете раце и нозе речиси до лактите и колената за да и` го спасат животот.

Кога закрепнала, Изабел морала да се прилагоди на новиот начин на живот полн со ограничувања. Меѓутоа, со текот на времето научила со насмевка да ги користи максимално сите можности што ги има.

Денес, неполни 12 години по операцијата, оваа девојка успеала да го оствари својот сон и да стане шминкерка, а многумина и предвидуваат светла кариера.

Нејзините совети за убавина ги споделуваат познатите личности на нивниот Инстаграм, а меѓу нив е и Худа Катан, која на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 50 милиони луѓе.

Импресивната вештина на шминкање на Изабела ја направила сензација на социјалните мрежи. Повеќе од 400.000 луѓе ја следат на Инстаграм, а уште повеќе на ТикТок.

Колку е добра во овој бизнис покажало и едно нејзино видео кое собрало неверојатни 19 милиони прегледи и повеќе од милион коментари. Во него таа покажува како се комбинира бронзената сенка и моливот за очи.

Покрај тоа, оваа весела, оптимистичка и енергична девојка работи и во маркетинг за автомобилска компанија. Изабел го положила возачкиот испит и признава дека не била сигурна како ќе го направи тоа, но желбата да стане независна била толку силна што ништо не ја спречувало.

Во интервју, Изабел се присетила на најтажните денови од својот живот.

- Срцето ми застана во болницата, доживеав повеќе откажувања на органи и паднав во кома. Лекарите решија да ми ги ампутираат екстремитетите бидејќи краевите на сите четири екстремитети изгубија циркулација, односно беа мртви. Операцијата траеше шест часа - се присетува Изабел.

- Во болница останав уште два месеци. Сè ми беше некако заматено. Се сеќавам дека бев збунета за целата ситуација, но си помислив: „Во ред, ова мораше да се случи, ајде да продолжиме понатаму“. Тоа ми помогна да бидам свесна за реалноста на целата ситуација – рече таа и додаде:

- Додека ја напуштав болницата, никој не знаеше како ќе јадам, пијам, шетам и како ќе се грижам за себе. Моите родители не беа сигурни дали ми треба некој да биде со мене секој ден по цел ден и дали треба да одам во специјално училиште. Се вратив во светот што го познавав, но сега сè ми беше непознато.“

Освен тоа, немаше никој со кого би можела да се поврзам. Така почнав да објавувам видеа на YouTube. Објавував видеа кои покажуваат како го користам телефонот, јадам, пијам, се чешлам и правам други секојдневни работи.

Кога почнала да објавува видеа, околу себе собрала други луѓе кои исто така имале ампутирани раце или нозе или еден екстремитет; всушност тие создадоа заедница каде разменуваат совети, разговараат за проблемите, се смеат заедно... Изабел раскажува како тоа детско искуство ја направило посилна и порешителна денес.

- Кога почнав со средно училиште, почнав да тренирам на трамболина и брзо освоив две британски национални првенства и наградата „Гордост на спортот“ - гордо вели таа.

Се присетила и на моментите кога одењето на училиште за неа било вистинско мачење.

-Децата се злобни и често ми кажуваа страшни работи, иако јас стоев блиску до нив и можев да слушнам се`. Сега е многу полесно. Среќна сум, самоуверена во себе и во моите достигнувања. Не ме сфаќајте погрешно, да се биде без екстремитети има свои подеми и падови. Но, моето тело е единственото тело што некогаш ќе го имам и секако дека го сакам. Тогаш зошто би го трошела животот на тага или несигурност поради нешто што не можам да го променам – заклучила оваа храбра девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага

Се потврдува сè што го говоревме.

Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.

Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски - Александар Вучиќ.

Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје.

Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад.

Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија?

Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија.

Предупредувавме, еве почнува.

Сè што кажавме се потврдува.

Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија.

Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија.

Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.

Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа.

За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес.

Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија.

Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски.

Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе.

А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш.

Истрага. Одговорност.

Доаѓа време на вистина и правда.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 28.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер