Германскиот канцелар го повика Израел да склучи договор за прекин на огнот - Канал 5

Германскиот канцелар го повика Израел да склучи договор за прекин на огнот

Германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонски разговор го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да склучи договор за прекин на огнот и да ги ослободи заложниците кои ги држи палестинското исламистичко движење Хамас.

Германскиот канцелар го повика Израел да склучи договор за прекин на огнот

Според соопштението на германската влада, Шолц му рекол на Нетанјаху дека многу од воените цели во борбата против Хамас се веќе постигнати, додека цивилните жртви и човечките страдања во Појасот Газа се огромни.

„Крајот на војната во Газа би бил одлучувачки чекор кон регионално деескалација на тензиите“, рече портпаролот на Шредер./МИА

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник  за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Средба на министерот Тошковски со Золт  Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Од МВР соопштија дека на средбата била потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете Влади, при што двете страни ја потенцирале меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите.

Министерот Тошковски изразил благодарност за меѓусебната посветеност, но и за братскиот однос во развивањето на односите помеѓу двете земји, подвлекувајќи го фактот дека, се наведува во соопштението, заедничките предизвици бараат заеднички решенија и дека она што денес го засега македонското Министерство за внатрешни работи, утре ќе има ефект на европските збиднувања.

- Средбата заврши со меѓусебно уверување во заемната посветеност на решавање на заедничките предизвици и апсолвирање на заедничките приоритети, како и со ветување за натамошна заедничка поддршка во сузбивањето на илегалната миграција и нејзиното сузбивање, соопштија од МВР.

Ребалансот на буџетот на седница на Влада

Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции.

 Ребалансот на буџетот на седница на Влада

На седница на Влада денеска ќе се разгледува ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс. Тој истакна дека во новиот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.

-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии итн.итн. и здравство. Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.

Прашан за извештајот на Државниот завод за статистика во однос на земјоделството, каде што е нотирано поголеми инпути и поголеми аутпути и е позитивно за земјоделците и што можат да очекуваат од ребалансот на буџетот, Мицкоски одговори дека тоа е апсолутно точно, има зголемување на цените кон откупувачите и повеќе пари за земјоделците во нови инвестиции.

-Апсолутно е тоа точно и тоа го покажува новиот Извештај на Државниот завод за статистика и имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз и би рекол незначителен од 1,2 проценти зголемен инпут, тоа во трошоците, во расходната страна на земјоделците и тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично, одличен параметар. Тоа значи повеќе пари за инвестиции, повеќе пари за земјоделците, рече Мицкоски.

Што се однесува за поддршката што ја дава Влада, премиерот Мицкоски напомена дека минатата година е дадена поддршка кон земјоделците повеќе од 8,6 милјарди денари.

-Пари дадени на земјоделците за исплата на заостанати субвенции од 2021 плаќавме, од 2021, 2022, 2023, 2024, мислам дека е заокружена и сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаа заостанати субвенции од 8,6 милјарди денари, изјави Мицкоски, на настан по повод отворање на Македонско село во Скопје.

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, рече Мицкоски.

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ.

-Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, рече Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.

Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.

Синдикатот во известувањето доставено на 16. месецов реагира и на неодамна објавениот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оценува дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Бара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

притисни ентер