Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери - Канал 5

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери.

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат.

Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

„Дигитализацијата е клучна алатка за подобрување на процесот на паркирање. Работиме на нови мобилни апликации преку кои корисниците ќе бидат целосно информирани и ќе можат брзо и лесно да ги користат услугите“, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Дополнително, се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата. Овој систем ќе им помогне на возачите побрзо да најдат слободно место и ќе го намали непотребното кружно движење низ општината.

Воведувањето на сензорите ќе се реализира фазно, согласно техничките можности и реалните потреби. Првично, тие ќе бидат поставени во монтажните гаражи, затворените паркиралишта и на најоптоварените локации.

Паралелно со ова, се унапредуваат контакт-центарот и теренската контрола, со цел побрза обработка на пријавите и поефикасна координација на службите, но и поттикнување на корисниците да користат онлајн услуги, вели директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски.

Вложуваме во сензорски системи и ќе стимулираме поголемо користење на онлајн аплицирањето. Еднократниот надоместок за склучување договор, кој досега изнесуваше 350 денари, ќе биде бесплатен за сите што ќе аплицираат електронски. Очекуваме значително зголемување на бројот на онлајн корисници и намалување на гужвите на шалтерите“, истакна Коцевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје започнува инфраструктурни проекти во Кисела Вода и Шуто Оризари

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти.

Град Скопје започнува инфраструктурни проекти во Кисела Вода и Шуто Оризари

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што се создаваат услови за реализација на повеќе значајни инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Во општина Кисела Вода ќе се реализира проектот за пробивање и продолжување на улицата „Димо Хаџи Димов“ до кружниот тек. Со ова се овозможува подобро сообраќајно поврзување, зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, намалување на сообраќајниот метеж и создавање современо инфраструктурно решение за овој дел од градот.

Продолжувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ претставува важен чекор кон подобрување на урбаната мобилност и исполнување на обврските преземени пред граѓаните на Кисела Вода.

Истовремено, започнува реализацијата на неколку капитални инфраструктурни зафати во општина Шуто Оризари. Предвидена е санација на улицата „Македонско-косовска бригада“ 38, санација на главната улица во населеното место Горно Оризари, како и санација на улица „37“ со изградба и унапредување на водоводната мрежа.

Овие проекти претставуваат конкретен одговор на долгогодишните потреби на жителите на Шуто Оризари и значат подобри услови за живот преку изградба на квалитетна инфраструктура, побезбедни улици и сигурно водоснабдување.

Град Скопје останува посветен на рамномерниот развој на сите општини и населени места, со фокус на реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Политиката на рамномерен развој подразбира еднаков пристап кон инвестиции во сите делови на градот, без запоставени населби и без разлика на нивната местоположба.

Во наредниот период следува реализација на нови инфраструктурни проекти во повеќе скопски општини, со цел создавање подобри услови за живот, поквалитетна инфраструктура и современ урбан развој за сите граѓани на Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: Имаме најниска минимална плата во регионот и пад на индустриското производство

„Имаме нови задолжувања, не држи одговорот на колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека заради враќање на старите долгови “

Тренчевска: Имаме најниска минимална плата во регионот и пад на индустриското производство

Она со кое настапија на изборите и она што стоеше во програмата на Влада не е исполнето, колку и да сакаат да извртуваат со бројки и статистики, не може да им помине. Имаме најниска минимална плата во регионот од 26 илјади денари. Имаме пад на индустриско производство, буџет кој што го зголемува дефицитот, надвор од законската регулатива 4,1 %. Имаме нови задолжувања, не држи одговорот на колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека заради враќање на старите долгови. За економија која што велат дека е трета, ако вие имате да вратите долг од 700 милиони евра, земате кредит од една милијарда евра, тоа значи дека создавате нето нов долг од 300 милиони евра, вели пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска во Само Вистини со Видиновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет милиони евра за санација на штетите од пожарот во близина на Солун

За санација на штетите на инфраструктурата во поширокиот регион на Солун предизвикани од пожарот што избувна во саботата во солунското предградие Ореокастро, ќе бидат обезбедени пет милиони евра, соопштија грчките власти.

Пет милиони евра за санација на штетите од пожарот во близина на Солун

Заменик – министерот за цивилна заштита Костас Кацафадос, информираше дека граѓаните чии домови претрпеле штети веднаш ќе ја добијат првата финансиска помош по завршувањето на увидите.

Големиот пожар во солунското предградие ореокастро избувна во саботата вечерта, а изгореа бизниси, фабрики и домови и беа евакуирани две села како и установата за лица со хронични заболувања, доддека пак за предизвикувањето на пожарот беше уапсен е 76-годишен маж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер