БалканГенчовска најави оставкаБугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска најави дека ќе поднесе оставка, поради тоа што дознала дека премиерот Кирил Петков водел разговори со европски дипломати за тргање на ветото за Македонија. Генчовска за БТВ изјави дека во текот на денот ќе ја депонира нејзината оставка до Собранието, поради што не знае дали таа ќе присустува на престојната средба со германскиот премиерт Олаф Шолц, кој в сабота доаѓа во посета на Скопје и Софија. Генчовска денеска изјави дека постојат записи за средби на премиерот Кирил Петков со европски дипломати на темата Македонија. Таа нагласи дека од секоја средба има стенограми, со различен степен на доверливост и додае дека таа лично не присустувала на сите средби кои Петков ги имал со европски дипломати. -Не сум присустувала на сите разговори на Петков со дипломати, но во нашите разговори со претставници на ЕУ институциите не информираа дека има други сигнали, рече Генчовска одговарајќи на прашањето дали таа ги видела записите од тие средби во кои Петков бара заобиолување на ветото. Нагласи дека тие записи се од неодамна, се со назнака доверливо, а на прашањето дали се чувствува притисок врз Софија да го крене ветото, таа одговори дека притисокот бил поголем во јануари и февруари, но оти тие од првиот ден ја кажале нивната позиција и сега, како што рече, нивните европски партнери имале разбирање за нив. -Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат, додаде Генчовска и напомена дека надворешната политика не треба да зависи од политичките партии. Претходно Тошко Јорданов од Има таков народ (ИТН) изјави дека Петков бара начин да ја заобиколи коалициската спогодба за Македонија. Јорданов рече дека наводно се воделе разговори со европските дипломати, а тоа се случувало во изминатите три до четири месеци. -Ставете се на местото на дипломатите, кои во разговор со министерката Теодора Генчовска слушаат едно, а во други разговори со претставници на премиерот или дури и од него слушаат друго. Се бараше начин да се заобиколи коалициската спогоодба и да почне процесот на приклучување на Република Македонија без практично да има гаранции за исполнување на Договорот, потпишан меѓу двете држави, рече Јорданов. Бугарското собрание има 240 пратеници, од кои 67 се од партијата на Петков „Продолжуваме со промената" и 16 од Демократска Бугарија. Овие две партии се дел од владината коалиција, кои имаат помек став во однос на деблокадата на македонските евроинтеграции. БСП и Има таков народ, од каде доаѓа Генчовска, се другите две партии во влидината коалиција, кои имаат став како тој на бугарскиот претседател Румен Радев, дека не смее да се тргне ветото додека Македонија не ги исполни условите. БСП има 26 пратеници, а Има таков народ 25 пратеници. Опозициската партија Движење за права и слободи има 34 пратеници и помек став во однос на прашањето со Македонија. Тринаесет пратеници има партијата Преродба, која се смета за проруска и за која „Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров". Најголемата опозициска партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, има 59 пратеници. Бугарски социолози и коментатори јавно ги изразија своите очекувања за тоа како ќе се развива политичката ситуација во земјата откако лидерот ИТН, Слави Трифонов, вчера најави дека ќе ги повлече своите министри од владејачката коалиција. За тиражниот софиски весник „24 часа", социологот Геновева Петрова од Алфа Рисрч, изјави дека потегот на Слави Трифонов во голема мера беше предвиден, истакнувајќи дека партијата ИТН е еден од главните елементи на нестабилноста во бугарската владејачка коалиција. Како што пренесе дописникот на МИА од Софија, Петрова сугерира дека бугарската малцинска влада ќе биде новата парламентарна конфигурација. Тоа ќе биде поврзано со префрлање на актуелните проблеми во Народното собрание, кои ја попречуваа актуелната владејачка коалиција. Според неа, ќе бидеме сведоци на тешки разговори, стискање раце, ултиматуми и политички „замки". Според Петрова, формирањето на малцинската влада ќе биде привремено решение. Според политикологот на „Тренд", Димитар Ганев, постојат три опции за развој на политичката ситуација во Бугарија. Првата опција е поврзана со недостигот од 11 пратеници, кој мора да се надомести со 11 нови пратеници или дел од распуштање на пратеничка група. Втората опција е да се формира нова влада во рамките на овој бугарски Парламент со уште еден премиер и други поддржувачки партии од трите партии, кои според бугарскиот Устав имаат право да учествуваат во добивањето мандат за негово формирање. Според Ганев, третата опција е да се оди на предвремени парламентарни избори во септември, на кои, според досегашните анкети, ГЕРБ би била прва политичка сила, но рано е да се каже што ќе предложи владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ѝ воведе нови санкции на Северна КорејаСАД воведоа нов пакет санкции насочени кон Северна Кореја. Според Министерството за финансии, цел се десет поединци и еден деловен субјект. Листата на санкционирани лица го вклучува и Првиот финансиски и технички центар за развој. Шест лица на листата се поврзани со него, од кои двајца се руски државјани. Останатите, според објавените податоци, се севернокорејски државјани, објавува Ројтерс. Новите санкции доаѓаат во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги продолжи преговорите со Пјонгјанг, но Северна Кореја не покажа интерес за разговори за ограничување на нејзината нуклеарна програма. Трамп претходно овој месец ја намали важноста на уште еден самит со Ким, кој требаше да се одржи следниот месец во Кина. Трамп е единствениот американски претседател кој се сретнал со севернокорејски лидер, по средбата со Ким во 2018 и 2019 година. Овие дипломатски обиди не успеаја бидејќи САД го условија продолжувањето на разговорите со целосно напуштање на нуклеарното оружје од страна на Северна Кореја. Трамп оттогаш во неколку наврати ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“. Сепак, неговата администрација продолжува да инсистира на денуклеаризација и официјално не го признава Пјонгјанг како нуклеарно вооружена држава. Тагови: Доналд Трамп Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРазвиен е нов вид на клетки, чувствителни на светлост- може да се користат како „жив“ пејсмејкер Руските научници развија нов вид клетки чувствителни на светлина за срцеви пејсмејкери, кои потенцијално би можеле да станат „жив“ срцев пејсмејкер.Новата биоинженерска клеточна структура е контролирана од светлина со помош на технологијата што ја освои Нобеловата награда за 2026 година, изјави за новинарите заменик-директорот на центарот Александар Романов. Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им беше доделена на тројца истражувачи за откривањето на првите јонски канали чувствителни на светлина кои можат да бидат вградени во клеточната мембрана и „обучени“ да реагираат на светлина. Ова откритие им овозможува на научниците да создаваат нови протеини контролирани од светлина за која било намена. „Добивме и тестираме нов вид клетки и веруваме дека оваа почетна фотосензитивност ќе ја подобри нивната ефикасност. Значи, се разбира, не ја освоивме Нобеловата награда, но сепак, тоа сугерира дека, така да се каже, работиме во вистинската насока“, рече научникот, објави ТАСС. Биоинженерите од MFTI и аритмолози од Центарот Мешалкин одгледуваа клетки контролирани од светлина, поставени на специјални полимерни скелиња и имплантирани во срцето. Идејата на научниците е да им се овозможи на клетките да функционираат природно, додека лекарите сè уште можат да го регулираат срцевиот ритам однадвор користејќи светлосни сигнали. За да го постигнат ова, истражувачите користат специјални светлосензитивни протеини кои можат да се префрлат од една состојба во друга кога се изложени на зраци со одредена бранова должина, со што ги стимулираат или смируваат клетките. Планирано е лекарите да можат да ги стимулираат клетките да ја контролираат аритмијата користејќи специјален уред со сина светлина со бранова должина од приближно 460 нанометри. Според Романов, за таа цел може да се имплантира посебна светлосна капсула под кожата или да се постави завој на градите на пациентот. Кардиохирурзите денес имплантираа нова група светлосензитивни клетки на пејсмејкер во срцето на минијатурна свиња во експериментална операциона сала. Прво, тие користеа специјален полимерен супстрат, а потоа ги инјектираа клетките во срцето со шприц, во форма на специјални микрокапсули. - Ефектот треба да трае од пет до седум дена - нагласи Романов.Тагови: пејсмејкер клетки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЕвропаСловенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицето на јавни места .Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицата на јавни места до степен до кој можат да се препознаат цртите на лицето, што би ѝ го олеснило на полицијата идентификувањето на лицата. Како што е наведено во нацрт-законот, ова правило нема да се однесува на специфичен вид облека, религиозен симбол или лични околности, а предвидени се исклучоци за случаи кога покривањето на лицето е неопходно од здравствени или професионални причини, како и во врска со спортски активности, уметнички, културни или традиционални настани, пренесува СТА. За прекршување на овие одредби се предвидени казни од 100 до 200 евра. Подготовката на измените на законот започна откако коалицијата на партии „Истина“ (Resni.ca) поднесе предлог за референдум, на кој граѓаните би го изразиле своето мислење за тоа дали да се забрани покривањето на лицето на јавни места. Иако барањето за референдум се однесува на општа забрана за покривање на лицето, претставниците на парламентарните групи за време на дебатата нагласија дека прашањето е бурката и дека е потребно да се воведат ограничувања, бидејќи во спротивно Словенците би можеле да се најдат во подредена положба во споредба со имигрантите. Тие исто така изразија очекување дека имигрантите ќе се прилагодат на начинот на живот во Словенија. Во Европа, забрана за целосно покривање на лицето воведоа Белгија, Франција, Бугарија, Австрија, Данска, Швајцарија и Португалија, забрана за делумно покривање на лицето, или покривање во одредени државни, образовни или здравствени институции, воведоа Холандија, Луксембург и Латвија, додека во Германија и Италија, одредени држави воведоа забрана за покривање на лицето.Тагови: Казни лицата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter