ГДОМ: Се гледа крајот на политичката криза во Македонија - Канал 5

ГДОМ: Се гледа крајот на политичката криза во Македонија

Граѓанското движење за одбрана на Македонија-(ГДОМ), синоќа, во големата сала во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица одржа трибина на која за актуелната политичка состојба во државата зборуваа Миленко Неделковски, Виолета Ачковска, Братислав Димитров, Александар Пандов и Петре Темелковски.

ГДОМ: Се гледа крајот на политичката криза во Македонија
Во својот говор, Миленко Неделковски, укажа дека Македонија во последните неполни шест месеци живее во најдлабока политичка криза, на која со потпишувањето на договорот од втори јуни и се гледа крајот.

- Се изнаслушавме и се изнагледавме многу глупости, што опозицијата и соросовите платеници ни ги приредија во изминатиот период.За жал денес, од Заев слушаме негативни коментари за изјавата на Хан во Вашингтон, со закана дека нема да присуствува на состанокот на 10 јуниво Брисел. Многу чудно, тие кои до вчера се потпираа на ЕУ и НАТО претставниците, сега не ги почитуваат, рече Неделковски.

Професирката Виолета Ачковска, ја истакна оправданоста од појавата на ГДОМ во ова политички турбулентно и кризно време за опстанокот надржавата.

- Големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ на 18-ти мај ја искажа решеноста на македонскиот народ и граѓаните на оваа држава дека е доволно зрел и свесен за да не дозволи некој да му ја украде демократијата, рече Ачковска.

За Братислав Димитров, потпишаниот договор за надминување на политичката криза од страна на 4-те литери на полититчките партии, за кој како гаранти се јавуваат амбасадорите на ЕУ и САД, само е предвесник за излез од наметнатата криза.

-Во цел тој процес, премиерот Никола Груевски покажа голема рационалност и како и до сега го слушаше гласот на народот, со што јасно докажа кој е кој во Македонија, рече Димитров.

Александар Пандов истакна дека наводната политичка криза е разобличена и на сите им е повеќе од јасно дека се работи за болна желба за власт.

-Од 10-ти јуни, по состанокот во Брисел започнува крајот на политичката криза и почнува периодот на стабилизација во Македонија, кој ќе заврши со повторна голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во април 2016 година, потенцира Пандов.

Трибината заврши со патриотска поезија во изведба на актерот Петар Темелковски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов удар на Путин, пресретнати се

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека им наредил на британските сили да пресретнат танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш утрово.

Нов удар на Путин, пресретнати се

„Во раните утрински часови, им наредив на нашите вооружени сили да пресретнат танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш“, рече Стармер во објава на социјалните мрежи.

Според него, „оваа успешна операција задава уште еден удар на Русија и ги потсетува оние кои ја поттикнуваат војната на Путин во Украина дека нема да им биде дозволено да се кријат“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што учествуваа, вклучувајќи ги нашите вооружени сили и службениците за спроведување на законот кои ја чуваат оваа земја безбедна 24 часа на ден, 365 дена во годината“, заклучи Стармер.

Порано оваа недела, „The Times“ ги објави резултатите од истрагата, според која членови на руската приватна воена компанија Вагнер учествувале во обезбедувањето танкери од руската „флота во сенка“ за време на нивното минување низ Ламанш. Како што е наведено, бродовите на „флотата во сенка“ извршија голем број транзити низ британските води од 2023 година, и покрај санкциите воведени врз Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Се согласија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран „се согласил“ никогаш да нема нуклеарно оружје.

Трамп: „Се согласија“

„Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го видела, а патем, ја имаме и Исламската Република Иран, која се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Ормутскиот теснец наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Како што додаде, цените на бензинот нагло ќе паднат, а куповната моќ ќе биде далеку поголема отколку што покажаа бројките од годините на администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден, обележани со рекордна инфлација.

Трамп претходно во саботата објави дека денес треба да се потпише нов договор меѓу Вашингтон и Техеран и оцени дека документот ќе му оневозможи на Иран да добие нуклеарно оружје, најавувајќи дека по неговото потпишување, Ормутскиот теснец ќе биде отворен за меѓународен сообраќај.

Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денес, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговото инсистирање на тој рок претставува притисок врз иранскиот преговарачки тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смртта демне на Монблан: Тројца мртви за само неколку часа

Три лица загинаа вчера во две лавини во областа Монблан на Алпите, соопштија спасувачките служби.

Смртта демне на Монблан: Тројца мртви за само неколку часа

Во соопштението се вели дека планинарите, маж и жена, загинале кога врз нив паднала карпа од гребенот Куфнер на Монблан на границата меѓу Франција и Италија, објави „Ле Фигаро“.

На глечерот Бренва на италијанската страна од Монблан, локален скијач починал откако врз него падна парче снег.

Француски и италијански спасувачи учествувале во операцијата за пребарување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер