Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа
1Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа
МакедонијаКлековски: Заедничка иницијатива „Општини за здравје“ - вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјетоМинистерот за здравство, Сашо Клековски, учествуваше на првиот национален форум „Општини за здравје“.Министерот за здравство, Сашо Клековски, учествуваше на првиот национален форум „Општини за здравје“, со кој се означи почетокот на националната платформа за систематско вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето, превенцијата на болестите и благосостојбата на населението. Главната порака на форумот е дека здравјето не се создава само во здравствениот систем. Тоа се обликува и преку условите во кои луѓето живеат, учат, работат и се движат. Одлуките на општините во образованието, урбанистичкото планирање, јавните простори, животната средина, социјалната заштита и локалниот развој можат да создадат повеќе можности за здрав живот и да придонесат за намалување на здравствените нееднаквости. -Во панел дискусијата со градоначалниците на Карпош, Битола, Кисела Вода, Крива Паланка и Куманово ги посочив подрачјата каде што соработката со општините е неопходна, како што се: здравјето на децата и младите, контрола на пушењето, западнонилска треска, обезбедување чиста и питка вода за пиење, и други актуелни теми. Ова е хоризонтална соработка, со повеќе одговорни. Затоа, ни требаат оперативни протоколи. Советите за јавно здравје се местото каде што тоа се вкрстува. На фрумот се презентираа многу добри практики и успешни мерки, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. На отворањето се обратија и заменик-министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, претставникот на Светската здравствена организација, д-р Аким Али, и директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска. Со видеообраќање учествуваше Крис Браун, директорка на Канцеларијата на СЗО за инвестиции во здравјето и развојот во Венеција. -Инвестирањето во здравјето и превенцијата е истовремено инвестирање во локалниот развој и благосостојбата. За општините, тоа не значи нужно нови програми или дополнителни ресурси, туку подобро искористување на постојните политики и инвестиции за создавање поздрави, поотпорни и попросперитетни заедници, изјави д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација во земјава. Во рамките на форумот беа разгледани практични искуства од општините во унапредувањето на здравјето и менталната благосостојба во училиштата, како и во превенцијата на употребата на тутун и поддршката за откажување од пушење. Дискусиите се фокусираа на тоа како општините, центрите за јавно здравје, примарната здравствена заштита, училиштата, социјалните служби и заедниците можат да работат заедно за утврдување локални приоритети, планирање активности и следење на резултатите. Инвестирањето во здравјето и благосостојбата е истовремено вложување во локалниот развој. Превенцијата на болестите, поддршката за здрави животни избори и средини, како и намалувањето на нееднаквостите, можат да придонесат за поотпорни, посоцијално поврзани и поодржливи заедници. „Општини за здравје“ е замислена како платформа за размена на знаење, меѓусебно учење и градење партнерства. Во текот на следната година се предвидени уште два форума, со цел да се продолжи дијалогот, да се поддржат локално приспособени активности и да се прошири примената на успешни искуства во други општини, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
АвтомобилизамРимац: Имав жестока расправија со „Volkswagen“ околу „Bugatti“Мате Римац откри детали, кои претходно беа малку познати, во врска со преземањето на „Bugatti“ и интензивните несогласувања со раководството на „Volkswagen Group“ .Во интервју за автомобилскиот портал „Classic Driver“, Мате Римац откри детали, кои претходно беа малку познати, во врска со преземањето на „Bugatti“ и интензивните несогласувања со раководството на „Volkswagen Group“ околу иднината на францускиот автомобилски бренд. Според Римац, Германците првично сакале наследникот на моделот „Chiron“ да биде електричен „SUV“ со четири седишта, а подоцна инсистирале на целосно електричен хиперавтомобил. Римац – кој својата кариера ја изгради токму врз развојот на електрични хиперавтомобили – се спротивстави на овие планови. Тој исто така раскажа како од потенцијален производител за нов модел на „Bugatti“, на крајот дошол до преземање на целата компанија, како што пренесува „Motor1“. „Volkswagen“ сакаше електричен „SUV“ Приказната започна околу 2020 година, период на голем ентузијазам во автомобилската индустрија за електричните возила. Во тој момент, „Volkswagen Group“ размислуваше наследникот на „Bugatti Chiron“ да биде електричен „SUV“ со четири седишта. Компанијата на Римац беше вклучена во развојот на електричниот погонски систем за ова возило, кое требаше да користи технологија создадена за моделот „Nevera“. Сепак, набрзо стана јасно дека реализацијата на проектот ќе биде исклучително тешка и скапа. Бидејќи ниту една од постоечките платформи не можеше да се искористи за такво возило, „Volkswagen“ ќе мораше да инвестира милијарди во развој на сосема нова платформа. На крајот, проектот се покажа како економски неодржлив и не доби „зелено светло“ од германското раководство. „Зошто едноставно не ја преземеш целата компанија?“ Бидејќи „Bugatti “немаше одржлив план за наследник на „Chiron“, Римац препозна деловна можност. Тој им предложи на раководителите на „Volkswagen Group“ неговата компанија да го преземе развојот и производството на целото возило, додека „Volkswagen“ би се грижел за продажбата. За време на еден од состаноците, тој доби неочекуван одговор. „Зошто едноставно не ја преземеш целата компанија?“ – го праша еден од раководителите на „Volkswagen Group“. Првично, Римац помислил дека станува збор за шега. Кога се вратил дома, дури и не им спомнал на своите колеги за оваа понуда. Сепак, неколку месеци подоцна, истиот човек му се јавил и го прашал зошто не стапил во контакт. Дури тогаш Римац сфатил дека понудата е сериозна. Следеа преговори кои траеја две и пол години. „Имав жестока расправија со нив.“ Кога за време на преговорите стана збор за иднината на „Bugatti“, раководните лица од „Volkswagen“ и „Porsche“ му рекле на Римац дека следниот хиперавтомобил на „Bugatti“ мора да биде целосно електричен. Со оглед на тоа што Римац веќе ги имаше развиено електричните хиперавтомобили „Concept One“ и „Nevera“ – и соработуваше со големи производители на автомобили на технологија за батерии – овој избор на прв поглед изгледаше логичен. Но, Римац сметаше дека тоа би бил погрешен потег за „Bugatti“. „Имав жестока расправија со нив бидејќи сметав дека тоа е погрешен потег за „Bugatti“. Реков: ’Не, не сакам да правам електричен Bugatti‘“, раскажа тој. Германците попуштија, но се појави нов конфликт. „Volkswagen Group“ на крајот се согласи да се развие хибриден автомобил, но – во обид да ги намалат трошоците – сакаа да ја задржат постоечката платформа што се користи за моделот „Chiron“. Римац се спротивстави и на овој предлог. Тој сметаше дека прилагодувањето на постоечката архитектура на автомобилот за да се сместат батериите би барало премногу компромиси. Уште пред да завршат преговорите за преземањето на „Bugatti“, неговата компанија веќе започнала самостојно да го финансира развојот на сосема нов мотор со внатрешно согорување, во соработка со британската инженерска фирма „Cosworth“. За да ја тестираат изводливоста на проектот, инженерите прво изградија четирицилиндричен прототип – што всушност претставуваше една четвртина од планираниот V16 мотор. Ова им овозможи да ги проценат перформансите и емисиите на штетни гасови, како и да ги предвидат трошоците и времето потребно за развој. Резултатите, се чини, беа доволно убедливи за Римац да ги увери другите учесници во проектот во својата визија. Денес, секој примерок од новиот „Bugatti“ е продаден. Кулминацијата на повеќегодишниот развој беше „Bugatti Tourbillon“, претставен во 2024 година. Наместо целосно електричен погон, тој располага со нов 8,3-литарски V16 мотор без турбополнач, комбиниран со електромотори. Шест години по почетокот на развојот, Римац вели дека неговата одлука се исплатела. Според него, „Bugatti“ веќе ги има продадено сите примероци од моделот „Tourbillon“ што планира да ги произведе. „Motor1“ исто така укажува на иронијата во целата приказна. Човекот кој разви еден од најбрзите електрични автомобили во светот, на крајот ги убеди челниците на една од најголемите автомобилски групи во светот дека нивниот најпрестижен бренд не треба да премине на целосно електричен погон. Извор: Индекс.хрТагови: Мате Римац Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоаПрво усвојување на Акцискиот план па потоа разговор за понатамошните чекори, порача премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Го повтори ставот дека нема да има уставени измени додека тој е претседател на Владата и потенцираше дека земјава испорачала сѐ што се очекува од неа и е базирано на ситемот на заслуги и дека очекува Европската Комисија да го препознае тоа. Самитот ЕУ - Западен Балкан е во тек и на него се очекува да се разговара за проширувањето и постепената интеграција на Западен Балкан во Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре облачно и врнежливо време со температура од минус 1 до 12 степениВремето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 3 Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Попова Шапка, 4 Прилеп, Скопје – Петровец, Крушево, 5 Битола, Велес, Маврови Анови, 6 Крива Паланка, Штип, 7 Лазарополе, Кавадарци, Демир Капија, Виница, 8 Претор, Струмица, Охрид, 9 Берово, 12 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно. Дуваше слаб ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 30 l/m²). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска акивност, денес од вечерните часови, до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период и над 80 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00