Габриел: Не треба да има Шенген граница меѓу Бугарија и Романија - Канал 5

Габриел: Не треба да има Шенген граница меѓу Бугарија и Романија

Бугарската еврокомесарка Марија Габриел вчера ја коментираше одлуката на холандскиот премиер Марк Руте, за Хаг  да не го поддржи влезот на Бугарија во Шенген.

Габриел: Не треба да има Шенген граница меѓу Бугарија и Романија

Таа истакна дека кога се исполнети критериумите, земјите-членки треба да донесат соодветна одлука.

Габриел изразила надеж дека има уште време до 8 декември, кога Европскиот Совет треба да ја донесе конечната одлука.

Таа наведе дека ѝ е драго што ЕК цврсто застана зад трите земји – Бугарија, Романија и Хрватска и оти „искрено се надева дека во оваа ситуација нема да се користат аргументи за кои нема место во оваа дискусија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

Не стивнуваат реакциите во јавноста дека глувци и стаорци ја преплавија Општина Центар. Секојдневно сме сведоци на живи или угинати глодари пред нашите влезови, училишта, паркинзи, тротоари и пешачки патеки.

Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

Горан Герасимовски и неспособните кадри на СДС се на чекор да ја вратат општината во 15-ти век. Период засекогаш запомнет поради болестите кои ги пренесувале овие животни.

Мене, како мајка, особено ме загрижува последниот пример со инфестацијата кај основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вистински ризик за најранливите, ризик за здравјето на нашите најмили. Да не заборавиме дека во непосредна близина се наоѓа и градинката 13 ноември, со што во опасност се ставени и најмалите деца.

Градоначалникот Герасимовски е должен да одговори како ние, родителите, да ги пуштиме своите деца надвор да си играат, а притоа да не се сомневаме дека нема да дојдат во контакт со површини на кои се движат глувци и стаорци?

Должен е да одговори дали ја гарантира безбедноста и здравјето на учениците во „Песталоци“?

Важно е да се потсетиме дека според член 15 од Закон за Град Скопје, дератизација е надлежност на општините, па прашање е дали градоначалникот и Општина Центар потфрлаат во надлежностите и обврските со кои се задолжени.

Почитувани,

Ова не е случајно. Ова е резултат на мрзеливоста и неспособноста на Горан Герасимовски и неговите сопартијци.

Кадрите на СДС, по мерка на Зоран Заев и Венко Филипче, не знаат да се справат со глувци и стаорци, а камоли да водат општина.

Овие луѓе успеаја да направат да се срамиме од она во што се претвора нашата општина. Некомпетентни лица, проследени со секојдневни скандали, не смеат да раководат со срцето на градот!

Ана Хаџиевска, член на ОК Центар на ВМРО - ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.

Бруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски дом

Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти.

Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок.

На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови.

Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.

Тројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакар

Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици.

Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер