Фудбалски скандал во Србија, Пријовиќ го нокаутирал Тошиќ !?

Скандалозната тепачка меѓу српскиот фудбалер Александар Пријовиќ и поранешниот играч и сегашен менаџер  Душко Тошиќ ја тресе фудбалска Србија.

Како што ексклузивно дознава Курир, ова се деталите кои и претходеле на тепачката.

Фудбалерот на австралискиот Вестерн Јунајтед Александар Пријовиќ во друштвото на три девојки пристигна на познат сплав во Белград.

На сепаре во негова близина со своето друштво седел сопругот на српската пејачка Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.

Штом Пријовиќ го забележал Тошиќ, скокнал и се упатил кон него.

Тошиќ станал од сепарето и пред сите гости фудбалерите започнале прво вербална расправија. Набрзо се се претворило во физичка пресметка, во која спорес српскиоте медиуми „подебелиот“ крај го извлекол сега веќе еск фудбалерот Душко Тошиќ.

Пријовиќ го удрил Тошиќ три-четири пати во глава. Тошиќ жестоко се бранел, иако во еден момент заврши на подот, нокаутиран, пренел очевидец на настанот.

.Кога присутните виделе дека физичката пресметка станува многу сериозна, скокнале и спречиле уште поголем хаос.

После тоа, Тошиќ го напушти сплавот. Инаку, целата ситуација имала и предигра.

Како што дознава Курир, Пријовиќ неодамна му испратил заканувачка порака на Тошиќ поради тоа што наводно му расипла трансфер во Турција.

- Ќе те тепам кога ќе те видам, поради тоа што му го уништи трансферот, пишувало во пораката

Душко Тошиќ е поранешен познат фудбалер, но денес е успешен менаџер. Тој има исклучително силни врски во Турција каде има веќе однесено неколку врвни фудбалери.

Од друга страна, Александар Пријовиќ се уште е активен фудбалер. Во моментов е член на Вестерн Јунајтед од Австралија.

Иако инцидентот се случил пред многу сведоци и очевидци, а скандалот е и топ тема во Србија, Тошиќ и Пријовиќ преку социјалните мрежи демантираат дека имале физичка пресметка.

Американците со опомена до Русите: Прекинете ги борбените дејства околу нуклеарката Запорожје

Белата куќа се приклучи на размената на обвинувања меѓу Украина и Русија во врска со нуклеарната централа Запорожје.

Да потсетиме, Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на областа на нуклеарната централа.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска изјави дека „борбите во нуклеарната централа се опасни“, додавајќи дека руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на војната, треба да ја предадат „целосната контрола“ на нуклеарната централа во Украина.

Таа рече дека САД внимателно ја следат ситуацијата околу Запорожје и додаде: „За среќа, сензорите за радијација досега не покажаа никакви индикации за зголемени или абнормални нивоа на радијација“.

Жан-Пјер тврди дека Америка е запознаена со извештаите за рускиот третман на персоналот на нуклеарната централа и додаде: „Им честитаме на украинските власти и оператори за нивната посветеност на нуклеарната безбедност под овие тешки околности“.

Европските складови за гас ќе бидат полни до зимата за десет пати повисока цена од лани

Европските земји веројатно ќе успеат да ги наполнат своите складишта за гас пред зимата како што е планирано, но трошоците ќе изнесуваат повеќе од 50 милијарди евра, десет пати повеќе од просечните трошоци за полнење од претходните години.

Европските влади стравуваат дека намалувањето на руското снабдување преку главниот гасовод - Северен тек 1 - ќе предизвика големи проблеми за Германија и другите земји во нивните напори да ги наполнат подземните складишта за гас. Сепак, се чини дека Германците успеваат да ги пополнат со комбинирање на намалување на побарувачката, користење на некои електрани на јаглен и зголемување на увозот на течен природен гас (LNG).

Просечното ниво на искористеност на европските складишта за гас минатата недела било 70,5%, според податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ). Европската унија планира до 1 ноември да има капацитет од 80 отсто за да обезбеди резерви за зимските месеци со почетокот на најголемата побарувачка. ЕУ, исто така, постави привремени цели за секоја земја и за секој месец.

Германија, која е најтешко погодена од намалениот проток на гас од Русија, е поамбициозна и има намера да наполни 95% од складиштата до ноември. Тоа е помогнато од зголемениот увоз на ЛНГ. Се проценува дека ЕУ увезла 21,4 милиони тони ЛНГ во првата половина од годината. Лани во истиот период увезла 8,2 милиони тони.

Во јуни, за прв пат во историјата, придонесот на американскиот ЛНГ во снабдувањето со гас во Европа бил поголем од гасот од Русија.

Иако Европа е на добар пат да ги исполни целите за капацитети за складирање гас, аналитичарите предупредуваат дека нејзината зависност од рускиот гас е далеку од завршена и дека Европа останува зависна од тоа колку студена ќе биде зимата и колку руски гас ќе тече кон Европа до напролет. . Неизвесноста во двата случаи веројатно ќе ги задржи цените високи дури и ако залихите продолжат да растат во текот на следните месеци.

Аналитичарите и индустриските експерти предупредуваат дека полнењето на складиштата до целните нивоа би било невозможно доколку Русија целосно го прекине снабдувањето на Германија преку гасоводот Северен тек 1. , додека цените достигнаа рекордни нивоа.

Цената на гасот во холандскиот центар ТТФ, кој е репер за Европа, од почетокот на годината е речиси тројно зголемена поради забавувањето на испораката на руски гас преку Северен тек 1 и намалениот светски пазар. Ова е причината зошто купувањето гас на големо е скапо.

Се смета дека хипотетичката замена на Северен тек 1 во текот на зимата со гас од други извори, а врз основа на идните цени на ТТФ за зимската сезона, би ја чинела Европа повеќе од 50 милијарди евра, околу 10 пати повеќе од просечната цена во изминатите години.

Легендарниот Роџер Вотерс на неговата турнеја низ САД го нарекува Бајден воен злосторник(ВИДЕО)

Роџер Вотерс, англиски музичар и ко-основач на групата Пинк Флојд, го нарече американскиот претседател Бајден воен злосторник.

Вотерс моментално е на турнеја во САД, а како дел од визуелните ефекти на концертите покажува фотографија од Бајден со натпис „воен злосторник“.

Вотерс го објасни својот став во неодамнешното интервју за CNN. „Претседателот Бајден? Тој додава масло на огнот во Украина, за почеток. Тоа е огромно злосторство. Зошто Соединетите Американски Држави не би го охрабриле претседателот Зеленски да преговара за запирање на оваа страшна војна во која загинаа... ние не дури знаеме колку Украинци и Руси? рече рокерот.

„Мораме да ја погледнеме историјата и да утврдиме кога започна војната. Можеме да кажеме дека започна во 2008 година. Оваа војна се сведува на акциите и реакциите на НАТО, кој посегнува по руската граница, што ветија дека нема да го направат во преговорите со Горбачов, кога советската армија се повлекуваше од цела Источна Европа“, додаде тој.

Тој рече дека САД немаат улога на ослободител, а тоа го спореди со Втората светска војна во која влегоа САД по јапонскиот напад на Перл Харбор: „Пред тоа бевте изолационисти. Да не заборавиме дека во Втората светска војна 23 милиони Руси загинаа штитејќи ме мене и тебе од нацистите“.

Во продолжение Вотерс се осврна на ситуацијата на Пацификот: „Кина не го опколи Тајван. Тајван е дел од Кина и тоа е прифатено во меѓународната заедница од 1948 година. А ако не го знаете тоа, тогаш не читате доволно."

притисни ентер